Goran.Igor8.jpg

РАСПОРЕД ЗА БОГОСЛУЖБИ ПРИ ХРАМОТ СВ.В.МЧ.ГЕОРГИ ПОБЕДОНОСЕЦ –КРИВИ ДОЛ     ЗА МЕСЕЦ  СЕПТЕМВРИ  2013Г.

01/19- -недела- св. Андреј Стретилат; спомен за иконата Богородица  Патоводителка;                                                                                        07,00ч. /Утринска воскресна потоа Божествена Литургија/потоа Молебен за учениците и студентите.

08/26-недела-  св. мч-ци Андријан и Наталија;                                           07,00ч. /    Утринска воскресна потоа Божествена Литургија/;

11/29-среда-  Отсекување на главата на св.Јован Крстител;

07,00ч. /Утринска празнична потоа Божествена Литургија/

14/01-сабота- Црковна нова година; св. Симеон Столпник;

07,00ч. /Утринска празнична потоа Божествена Литургија/

15/02-Недела-  св.мч. Мамант; св. Јован Посник;

07,00ч. /Утринска воскресна потоа Божествена Литургија /

21/08-сабота – Раѓање на Пресвета Богородица;                           07,00ч. /Утринска празнична потоа Божествена Литургија/

22/09-Недела- праведни богооци Јоаким и Ана;

07,00ч. /Утринска воскресна потоа Божествена Литургија/

27/14- петок-Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст Господов;

07,00ч. /Утринска  празнична потоа Божествена Литургија/             

28/15- сабота- св. вмч. Никита ; св. мч. Порфириј;преп. Филотеј; 07,00ч. /Утринска  празнична потоа Божествена Литургија/              29/16- недела – св. вмч. Ефимија; св. Људмила Чешка;преп. Доротеј

 07,00ч. /Утринска воскресна потоа Божествена Литургија/

+++Со Божји благослов од свештенослужителот при храмот               о. Горан Тасески

        Старецот Силуан зборуваше  дека многу малку знаеме за животот на Мајката Божја на земјата и дека не можеме да ја разбереме полнотата на Нејзината љубов кон Синот и Бог Нејзин . „Ама знаеме дека колку е поголема љубовта , толку е  поголемо и страданието на душата“. Затоа , ако стапиме во монашки  подвиг /односно сакаме да живееме како христијани не само по име туку и по дела / со љубов кон Христа сосема е природен чин нашиот дух да страда од болка . Понатаму отец Силуиан ни говореше:  „Колку е  поголема љубовта, толку е и поголемо спознанието за Бога“. Тоа значи дека во состојбата на љубов ние го познаваме Бога- Кој е Љубов. И понатаму продолжува –„Колку што  и љубовта е посилна тилку и молитвата е поусрдна/попламенита/. Ете овие три посведочени од него тези секогаш кога ги читам ме проникнуваат, ама најсилен впечаток ми предизвикува последново негово четвро осведочено тврдење : -„ Колку што е посовршена љубовта толку  и животот станува се посвет“. 
Ако Мајката Божја била распалена со огнот на совршената љубов тогаш природно е дека на тоа му следи  тоа, дека сите Нејзини мисли во срцето , движења или  делувања,  биле свети и  на тој начин ние навистина стануваме од Бога поттикнати за делотворење, затоашто таквата љубов веќе не човечка, туку таа е беспочетната Љубов на Смиот Бог. Таа Бежствена Љубов Божја станува содржина на нашиот личен живот . И така кога ќе го сознаеме ова и ќе ја достигнеме оваа состојба , тогаш од нас отстапуваат сите недоумици . И како што вели Господ  „ -И кога ќе ме видите во тој ден за ништо веќе нема да ме прашувате“. Но впрочем ние за сега сме во процесот на борба со страстите. И нетреба да се правдаме себе си ни за една од нашите постапки и зборови : монахот/ односно христијанинот/треба да биде строг кон себе си.  Затоа кога ги знаеме мислите Христови , тогаш секое отстапување од Христовите заповеди  го сметаме  за престап.
/извадок од поглавјето „За уподобувањето кон Бога“ од книгата: „Духовни беседи“ на старец Софрониј Сахаров./