логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Pedesetnica.Markov.jpg


Цару Небесен ,
Утешителу,
Духу на Вистината,
Кој си насекаде
и сè исполнуваш,
ризницо на добрини,
Животодателу.
Пријди
и всели се во нас,
и очисти нè
од секаква нечистота
и спаси ги, Благи,
нашите души.

Во светата Црква сè е света тајна. Светотаинствениот живот во Црквата се одржува и извршува со благодатта на Светиот Дух.* Токму затоа призивот на Светиот Дух се практикува во сите свештенодејстија (богослуженија, свети тајни, молитви за посебни потреби на верните), но исто така и во личите молитви на верните. Тој призив на Светиот Дух се извршува преку молитвата Цару небесен со која се започнува молитвеното обраќање кон Него, за да нè оспособи нас, недостојните, достојно да го повикаме Трисветото име Божјо (што обично и и’ следи на оваа молитва во таканаречената молитва на Трисветиот или популарно наречена Трисвето) за она за што просиме да биде осветено со силата и дејството на Светиот Дух. Молитвата Цару небесен, како што може да се забележи, се состои од два дела. Првиот дел е обраќањето кон Светиот Дух преку истакнување на Неговите атрибути. Вториот дел е прозба за преку Неговото вселување во нас да бидеме очистени и спасени. Во понатамошниов дел на текстов би дале едно подробно толкување на оваа многу важна молитва. Цару небесен – Обраќањето кон Светиот Дух со Цар означува исповедање на Неговата божественост, како една личност од едносуштната животворна и неразделна Троица. Изразот, пак, небесен е потврда на претходното исповедање, но и објава дека Неговото Царство не е некое царство од овој свет, ами Царство на вечно блаженство и наслада од гледањето на лицето Божјо; во исто време, со ова исповедање ние го искажуваме нашиот стремеж да станеме учесници во небесниот живот. Живот на кој сме повикани уште од нашето создавање.

Утешителу, Духу на вистината – „Утешителот, пак, Духот Свети, Кого Отецот ќе Го испрати во Мое име, Он ќе ве научи на сè и ќе ви напомни за сè што Сум ви зборувал” (Јн. 14, 26); и уште: „А кога ќе дојде Он, Духот на Вистината, ќе* Кога говориме за благодатта на Светиот Дух, треба да знаеме дека таа е воедно и на Отецот и на Синот, бидеќи таа е енергија или зрачење на едната Божја природа, а Светиот Дух се јавува како Дарител на благодатта. ве упати на секоја вистина...” (Јн. 16, 13). Со овие зборови Христови се открива улогата на Светиот Дух како разоткривач на домостројот на спасението (во Кој и Самиот Тој е учесник), разоткривач на волјата на Бога, Кој сака сите да се спасат и да дојдат до познавање на вистината, повикувач на нашата волја да содејствува со Божјата волја, како и објавувач на Вистината, односно самото битие Божјо. Бидеќи „Отецот е Вистинскиот, Синот е самата Вистината, а Духот е Духот на Вистината” (Св. Григориј Назијански, Слово 23. – За мирот).

За ова убаво говори и старец Софрониј: Вистината е самото Битие, Онакво Какво што Е. Таа ни се открива како Личносен Апсолут – Три лица во потполно единство и истоветност на Битието. Соединувањето со Него и нам ни дава да бидеме битија со божествен образ кој е засекогаш непроменлив. (Видети Бога како што јесте, стр. 124) Кој Си на секаде и сè исполнуваш – Секадеприсутноста е својство само на битието Божјо (Света Троица), а со тоа и на Светиот Дух како едно лице на Троичниот Бог. Светиот пророк Давид вели: „Каде да отидам од твојот Дух и од лицето Твое Каде да побегнам. Ако излезам на небото Ти си таму, ако слезам во адот Ти си и таму. Ако ги земам крилјата рано в зори и се преселам на крајот од морето – и таму ќе ме држи Твојата рака, Твојата десница ќе ме поддржува...”(види Пс. 138, 7).

Богомудриот св. Атанасиј пак пишува: „По својата доброта и сила Бог престојува во сè, а по својата природа вон сè, што означува дека Бог е во сè, но ништо освен Бога не е Бог.” Ваквото Божјо исполнување се извршува преку нестворените сили и енергии – благодатта Божја, кои произлегуваат од Божјата суштина, но не се самата Божја суштина. Ризницо на добра , Животодателу – Преку Светиот Дух се дава неисцрпната благодат Божја, која е изворот на секое блаженство – на секое добро. Свети Василиј Велики, во своето дело За Светиот Дух, вели: „Извор на осветување, кој не пресушува поради мноштвото причасници. Он е целосно присутен насекаде и во секого. Раздавајќи се, Он не трпи делби, кога стануваме причасници со Него, Он останува цел.” При самиот почеток на Светото Писмо се покажува учеството на Светиот Дух во создавањето на светот: „И Духот Божји се наднесуваше над водата” (Бит. 1, 2). Под Дух Божји св. Василиј Велики го подразбира Светиот Дух, а зборот „се наднесуваше” означува дека Светиот Дух ја загревал и оживотворувал природата на водата, подготвувајќи ја за произведување живи битија (Ј. Поповиќ, Догматика 1, стр.216). Светите отци ова го толкуваат уште и како поддржување (во смисла на пројава на постојана грижа) на секое создание од самиот негов почеток од страна на Светиот Дух. Еден антифон од воскресната утрена можеби највпечатливо говори за Светиот Дух како животодавач, очистител и осветувач на созданијата: „Со Светиот Дух живее секоја душа и со чистота се возвишува, таинствено се осветува со едната природа на Света Троица”.

Пријди и всели се во нас и очисти нè од секоја нечистота и спаси ги, Благи, нашите души –
Во вториот дел од молитвата ние најпрво ја искажуваме согласноста на нашата слободна волја со Божјата волја, која секако е очистување од секоја нечистота, односно ослободување од секоја зависност од кнезот на овој свет – создаденото и паднато битие. Ова е возможно преку очистителното дејство на Светиот Дух внатре во нас. За ова ни зборува и апостолот: „Духот нè поткрепува во нашите немоќи; бидеќи не знаеме за што да се помолиме, како што треба, туку Духот Сам посредува за нас со неискажливо воздивнување” (Рим.8, 26). Тоа значи дека Светиот Дух со благодатта нè поттикнува нас на молитва, произведува во нас свето расположение, пали во нас оган на синовска љубов кон Бога на неискажлив начин кој е неразбирлив за нашиот ум. И додека ние со нашите грешни желби молиме и она што не Му е угодно на Бога, со дејството на Светиот Дух молиме од Бога само она што е за прославување на името Божјо и што е за наше спасение. (Венјамин, Новаја Скрижал, стр. 87) Можноста за нашето спасение ни се дава на објективен план преку исполнувањето на домостројот на спасението од Синот Божји. Сега сите ние, како личности кои ги користат благодетите од домостројот на спасението, преку хранењето со светотаинствениот живот во Црквата Божја (кој е таков благодарение на силата и дејството на Светиот Дух во Црквата Божја), и на личен план, го градиме Царството Небесно уште овде на земјава, со стремеж за постојано живеење во Него во вечноста – што и е спасението на нашите души – и сето тоа го вршиме со силата и дејството на Светиот Дух, Кој е и внатре во нас. Секако дека во домостројот на спасението учествуваат и Отецот и Светиот Дух, но вака се изразуваме заради посебната улога на Синот – воплотен, распнат, вкуси смрт, воскресна, се вознесе и со тоа подготви слегување на Светиот Дух.

Ѓакон Горан Тасески

Извор: Православен пат


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

07/05/2026 - четврток

Светиот маченик Сава Стратилат; Преподобна Елисавета; Светите маченици Пасикрат и Валентин; Преподобен Тома Јуродив; Светите маченици Лука и Никола;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная