логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


             

 04.05.2013 Велика Сабота, храм Св. Никола - Аеродром
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ! ДА СЕ РАДУВАМЕ И ДА СЕ ВЕСЕЛИМЕ ВО НЕГО!

 Boban.Voskresna.jpg

На Велика сабота, во Параклисот посветен на Св. Николај Чудотворец во Аеродром, верниот народ дојде да присуствува и сите заедно со радост да го дочекаме и прославиме Воскресението Христово.
После трикружниот опход околу храмот, о. Бобан Митевски го поздрави насобраниот народ со објавата ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ, а благоверниот народ со радост воскликнуваше, НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ. Се зарадува небото и земјата, се осветлија душите наши! Бог не удостои и оваа година да го дочекаме и прославиме најголемиот Христијански празник - Воскресение Христово. Стоејќи пред храмот насобраниот народ, духовно гладен, се наситуваше со проповедта и поучувањто на отецот, кој велеше: И Исус Христос нашиот Бог, кружи постојано околу нашите срца, оладени и заслепени од овосветовниот живот, и како долготрпелив човекољубец чека да ги отвориме вратите. да ги воскреснеме во Него нашите срца и да ги исполниме со лјубов онака како што ни доликува, како вистински православни христијани. Да го живееме воскресението постојано, да го посетуваме Божјиот дом, не само на празниците туку редовно, особено на неделните Богослужби.
  Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

Ноќта беше отслужена Света празнична утрена и Литургија, каде верниот народ се причести со Светите Христови Тајни и беше прочитано Пасхалното слово на светиот отец нас Јован Златоуст, Архиепископ Константиноплоски.
“...Затоа, влезете сите верни во радоста на својот Господ; и првите и другите плата примете; богати и сиромаси, еден со друг ликувајте; кои се воздржувавте, кои сте биле мрзливи, почитувајте го денот; вие кои постевте и кои не постевте, веселете се денес! Трпезата е преполна, сите насладувајте се богато! Телето е угоено, никој нека не излезе гладен, сите насладете се со гозбата на верата, уживајте во богатството на добрината! Никој нека не ја оплакува сиромаштијата, зашто се јави општо царство. Никој нека не тагува заради гревовите, зашто прошка заблеска од гробот. Никој нека не се бои од смртта, зашто смртта на Спасителот нè ослободи, ја изгасна Оној Кого таа Го држеше, го заплени адот Оној Кој слезе во него, се огорчи адот вкусувајќи го Телото Негово. “

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

  На крајот од оваа Свечена Богослужба, околу 3 часот, со Поздравното слово на  Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со членовите на Светиот Архиерејски Синод, упатен до свестенослужителите, монаството и до сите чеда на Македонската Православна Црква и со Благословот Божји секој православен христијанин излегувајки од храмот, ја понесе радоста за чествуванјето на овој Празник над празниците!


† Христос Воскресна - Навистина Воскресна! † Хрїстóсъ воскрéсе - Воистину воскресе! † Χριστός ἀνέστη - Ἀληθῶς ανέστη! † Цхристус ресурреџит - Ресурреџит вере! †

  

   Boban.Voskresna.jpg

 Boban.Voskresna.jpg

   Boban.Voskresna.jpg

   Boban.Voskresna.jpg

   Boban.Voskresna.jpg

   За Преминпортал: Д.Б

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

БEСEДА за oбјавeнитe тајни

Злoстoрник станува oнoј чoвeк кoј ќe пoвeрува дeка дeлата чoвeчки мoжат да сe скријат. Така мислeлe и eврeјскитe старeшини кoи вo тајнoст гo пoдгoтвуваа свoeтo злoстoрствo над Христа Гoспoда, тајнo...

« »

Православен календар

 

01/05/2025 - четврток

Преподобен Јован; Светиот маченик Јован Нови Јанински; Светите маченици Виктор, Зотик, Зинон, Акиндин и Северијан; Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник;

 

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная