логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Интервју  со Ефтим Kлетников

Без името ќе бидеме постмодерни Хазари

Саркастично, во замена за Името, ни се нуди некаква иднина, во која ќе нè снема како идентитет, ќе бидеме само безлична и територијална маса. Ништо друго. Ќе бидеме Хазари, постмодерни Хазари

 

Промоцијата на збирката поезија „Име од вечност“ на Ефтим Kлетников наликуваше на средба во Министерството за надворешни работи. Многу личности, политичари и уметници, активно вклучени во дебатата за апсурдниот спор за името дојдоа да му дадат поддршка на поетот, чија креативна мисла, недвосмислено протатковинска, создаде моќна книга, за чиј наслов се залепи севкупната домашна јавност. Дали е ова вистинско време за патриотизам?

Kако настана збирката „Име од вечност“? Kако личен отпор, намерно составен или како логична последица на сеприсутноста на прашањето за името?

- И едното и другото имаат удел во настанувањето на книгата, но тие се во заднина. Никогаш не сум бил поклоник на намерна и голо ангажирана поезија. Поезијата, како што ја сфаќам и доживувам, а потоа и пишувам, мора да има длабока онтолошка основа, да е говор на душата и битието, израз на длабока емоција, болка или радост, од кои извира, надвор од однапред смислен ангажиран концепт. Такви се, мислам, и песните во „Име од вечност“. Логично, во нив може да читате отпор кон оној ступидариум со европска и светска димензија, присутен во темата со нашето Име. За жал, во него, нешто под присила, нешто под сопствено убедување, подлегна и дел од нашата, пред се, политичка и интелектуална јавност. Обичниот народ – не. Тој има поздрава свест и етика за поимот идентитет.

Дали помисливте дека оваа поезија би можела да биде ставена во контекст на критиките за новиот патриотизам во уметноста, неретко оценуван како лажен и конјунктурен на моментот?

- Не сум помислил воопшто на тоа, затоа што и книгата не ја пишував во класичен романтичарски манир како некој вид долг кон татковината или како завет на моите патриотски чувства, кои евентуално им ги предавам на поколенијата. Ако сакате, „Име од вечност“ може да се чита и како патриотска поезија, има основа за тоа, но со тој клуч на читање драстично се стеснува нејзиниот асоцијативен и семантички простор.

Во која смисла?

Во книгата е јасно препознатлива актуелната национална тема, но не од површен политички, наш или евроуниски аспект. Почетниот национален идентитетски импулс се отвора кон архетипската димензија на темата, кон прашањето на општата човекова несреќа, за присуството на темниот варварски нагон кој ги мрази духовната светлина и мирољубивоста, кроткоста што ја проповедаше Исус од Назарет. Она што денес ни се случува со Името, со посегнувањето по него за да нè обезличат и историски збришат како идентитет, е типичен пример на варварство кон нас од најсуров геноциден тип. До скоро човештвото познаваше три типа геноцид – физички, религиски и јазички. Овој што ни го смислиле нам, па макар доаѓал и од самобендисаната со демократска маска Европа, е четвртиот вид геноцид, физички најбезболен, но историски духовно и културолошки најфатален. Ќе ви го сменат името и со тоа врз вас е извршена „безболна“ идентитетска евтаназија. Наеднаш ви е избришана целата историска меморија, немате повеќе никаква врска со Мнемосина, божицата на паметењето. Фино, европски, цивилизирано и демократски. Не знам, но мене ми изгледа дека Македонците се новите Евреи на Европа. Kако инаку да се објасни тоа што ни го прават без никаква вина.

Многу од песните се посветени на конкретни личности. Kому е посветено ова преиспитување на името, генерално?

Повеќе

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Митрополит Струмички Наум: Сѐ е информација, на почетокот од сè е информацијата – Ипостасното Слово Божјо

Ние самите себе се осудуваме, ако со своите дела отпаднеме од Оној преку кого сме создадени и Кој е смисла на нашето постоење, од Богочовекот Христос. Сѐ е информација, нашиот...

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Божествена Литургија со монашење во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“ во Велјуса.

Во деновиве во кои, согласно светите Канони, се причестуваме секој ден, сакам да ве потсетам на една димензија од оваа Света Тајна која како да е малку подзаборавена. Сите знаеме...

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

БEСEДА за ужасoт на прирoдата при смртта на Гoспoда

И зeмјата сe затрeсe и карпи паднаа (Мт. 27:51). O какoв страшeн укoр на луѓeтo! И мртвата прирoда Гo пoзнала Oнoј Кoгo луѓeтo нe мoжeлe да Гo пoзнаат. Сeта нeма...

 Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Митрополит Струмички Наум : Потешко ни беше да бегаме

Некаде, некој има убаво кажано дека колку повеќе се доближуваме до Голгота, следејќи Го верно Христос, толку помалку луѓе (духовни чеда, пријатели) гледаме околу нас. Но, ништо чудно. Знаеме и...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ

„Благодарење. Тајна што не требаше да остане толку тајна. Непроценлив дар, незаслужен. Дело Христово во кое постојано се учествува иако само еднаш се случи. Соборно сведоштво во личен подвиг подготвено....

БEСEДА  за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

БEСEДА за пoмирувањeтo на лoшитe заради злoтo

И дeнeс мeѓусeбнитe прoтивници сe пoмируваат кoга трeба да сe нападнe и да сe oсуди Гoспoд. Има мнoгу кoи сe кoлат пoмeѓу сeбe дoдeка нe им гo спoмнeтe имeтo Гoспoдoвo....

БEСEДА  за наслeдникoт и за рoбoт

БEСEДА за наслeдникoт и за рoбoт

Зoштo дoјдe Христoс на Зeмјата, браќа? Да нè направи пoдoбри oд рoбoвитe, да ни дадe правo какo синoви и дoлжнoст какo гoспoдари. Правo на синoвитe e сo имeтo Христoвo да...

« »

Православен календар

 

04/05/2025 - недела

Светиот свештеномаченик Јануариј и другите со него; Светиот маченик Теодор и другите со него; Света Тамара Грузиска ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов  свештеномаченик  Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април  2025

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Кипријан Слепченски 30 април/ 17 април 2025

Кипријане,велики молитвениче,пред Бога застапниче,за нашите души покровителе.Моли се, оче преподобне,за оние кои ти приоѓаатод тебе благодат измолуваат.За нивно преумување,

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април  2025

Тропар на светите Христови маченички Агапија, Хионија и Ирина 29 април/ 16 април 2025

Девственички свети маченички,поучени за воскресение во живот веченод истоименитоста со благодат преисполнета – светата Анастасија,заштитени со молитвите на Христовиот пастир,

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим  28 април/15 април  2025

Тропар на светите Христови апостоли Аристарх, Пуд и Трофим 28 април/15 април 2025

Патот кон Бога преку вашите стапалки е посведочено апостоли свети Христови,сотрудници на Павла, помошници на Петра великите,молете се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная