логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Денес, на празникот на Обрезание Господово и свети Василиј Велики, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Архиерејска Божествена Литургија во соборниот храм на свети Климент Охридски во Скопје, во присуство на многуброен верен народ. На Литургијата присутните се помолија за покој на душите на загинатите војници. 


stefan.novagodina3.jpgУште Ти се молиме, спомни ја, Господи, Твојата света соборна и апостолска Црква, од крај до крај на вселената, во мир запази ја, зашто Си ја стекнал со чесната Крв на Твојот Христос, и овој свет храм утврди го до крајот на вековите. Спомни ги, Господи, оние што Ти ги принесуваат овие дарови, за нив, и за нас, и за оние за кои се принесени. Спомни ги, Господи, плодоносците и доброчинителите во Твоите свети цркви, и за оние што си спомнуваат за сиромасите: воздај им според Твоето богато и небесно дарување, дарувај им наместо земни - небесни дарови, наместо времени - вечни, наместо пропадливи - нетлени. Спомни ги, Господи, оние што девствуваат, и што благоговејат, што постат, и во чист живот што пребиваат. Спомни го, Господи, благочестивиот православен наш народ, кого си го прославил да владее на земјата: со оружјето на вистината и со оружјето на благоволението овенчај го, и осени го со силата на крстот, укрепи го во денот на борбата, возвиси ја неговата десница, запазувајќи ја неговата власт, покори му ги сите варварски народи и племиња, кои сакаат војна: дарувај му длабок и непоколеблив мир, кажувај ја во срцето негово благосостојбата на Твојата Црква и на сите Твои луѓе, та во неговиот спокој, да поживееме тивок и безмолвен живот во секое благочестие и чистота. Спомни го, Господи, секое началство и власт, и сето христољубиво воинство: добрите во добрината запази ги, лукавите добри направи ги со добрината Твоја. Спомни ги, Господи, луѓето што стојат на молитва и оние, што од благословени причини отсуствуваат, и помилуј ги нив и нас според Твојата голема милост: нивните азна исполни ги со секакви блага: нивниот брак запази го во мир и единомислие: децата воспитај ги, со младоста раководи, староста укрепи ја, малодушните утеши ги, растурените собери ги, прелестените обрати ги и присоедини ги кон Твојата света соборна и апостоска Црква: мачените од нечисти духови ослободи ги, плови со оние што пловат, сопатувај со патниците, вдовиците заштити ги, пленетите избави ги, болните исцели ги. Спомни Си, Боже, и за оние што се по судови, во окови, во прогонство, на тешка работа, во секоја мака, беда и немоќ. За сите, на кои им е потребно Твоето безмерно милосрдие, кои нé љубат и нé мразат, кои побараа од нас  недостојните да се молиме за нив, и за сите Твои луѓе - спомни Си, Господи Боже наш, и на сите излеј ја Твојата богата милост, на сите давајќи им прошка за спасение. И за оние, што не ги спомневме од незнаење, или од заборав, или заради многу имиња, Самиот Ти спомни ги, Боже, зашто ја знаеш сечија возраст и име, и секого го познаваш од утробата на неговата мајка. Зашто Ти Си, Господи, помош на беспомошните, надеж на безнадежните, спасител на од бура носените, пристаните на оние што пловат, лекар на разболените: Самиот биди им сé на сите, зашто секого го знаеш, - сечија прозба, дом и потреба. Избави го, Господи, овој град (или ова село, или оваа света обител) и секој град и земја од глад, помор, земјотрес, поплава, оган, меч, напад на туѓинци и меѓусебни војни.


 Спомни го, Господи, секое епископство на православните, кое правилно управува со словото на Твојата вистина.

 Спомни го, Господи, според Твоето огромно милосрдие и моето недостоинство, прости ми го секое согрешение, волно и неволно: та заради гревовите мои, да не ја одвратиш благодатта на Светиот Твој Дух од предложените дарови.
 Спомни го, Господи, презвитерството, Христовото ѓаконство и секој свештенички чин, и не посрамувај никого од нас, што стоиме околу Твојот свет жртвеник. Посети нé според Твојата добрина, Господи, јави ни се според Твоето безмерно милосрдие: благорастворен и полезен воздух дарувај ни, мирен дожд за плодност на земјата дарувај ни, благослови го венецот на годината со благоста Твоја: смири ги раздорите црковни, згасни ја гордоста езичничка, еретичките буни брзо уништи ги со силата на Светиот Твој Дух: сите нас прими нé во Твоето царство, покажувајќи нé синови на светлината и синови на денот; Твојот мир и Твојата љубов подари ни ја, Господи Боже наш, зашто сé што имаме Ти Си ни го дал.

 

МОЛИТВА за Нова Година:


Владико, Господи Боже наш, Творецу и Ѕидателу на секоја видлива и невидлива твар, Ти Кој го создаде времето и летата, благослови ја во овој ден започнатата Нова Година, која ние ја сметаме од Твоето воплотување за наше спасение. Благослови во мир и во љубов со нашите ближни да ја минеме оваа година и уште многу по неа. Запази ја и укрепи ја Светата Православна Црква, која самиот Ти во Ерусалим ја основа  и со спасителната жртва на телото и крвта Твоја  ја освети. Нашата татковина, возвиси ја, сочувај ја и прослави ја. Долгоденствие, здравје и изобилие на земните плодови и воздух благопријатен дај ми мене, - грешниот слуга Твој, на моите блиски, на моите роднини и на сите благоверни Христијани. Биди ни вистински Пастир, Наставник и Покровител, и на патот на спасението утврди не; та чекорејќи по него, по долг и благочестив живот во овој свет, да задобиеме дел од Твоето Небесно Царство, и да се удостоиме со вечното блаженство со светиите Твои. Амин!

Посети: {moshits}


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

За свeтитe Бoжји луѓe

За свeтитe Бoжји луѓe

“Збoрувалe прoсвeтувани oд Свeтиoт Дух”. Значи, тиe нe гoвoрeлe спoрeд свoeтo умувањe, ниту спoрeд свoeтo памeтeњe, ниту спoрeд свoeтo учeњe,

 Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Г.г Стефан: Светителите не привлекуваат кон себе...

Познато е дека кога човек ќе се сретне со богоугодник и светител, тогаш Христовите зборови престануваат да изгледаат недостижни.

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

Така на Небото се вознесе Оној Кој во Себе го носеше Небото!

И навистина, никој не може да се вознесе на Небото освен оние што го носат Небото во душата;

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

« »

Православен календар

 

20/06/2026 - сабота

Петровденски пости; (риба)

Светиот маченик Теодот Анкирски; Светите маченички Кирјакија, Валерија и Марија; Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски; Светиот свештеномаченик Маркелин, папа Римски; Преподобен Даниил Скитски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2026

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2026

Во време на луто иконоборство во 8 век, главата на Свети Јован Крстител беше пренесена во местото Комане, место на...

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Тропар на Светите рамноапостолни Константин и Елена (03.06.2026)

Кога во Црквата настана раздор заради смутливиот еретик Ариј, царот го свика Првиот Вселенски Собор во Никеја, во 325 година....

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (31.05.2026)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная