логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

„Богомудри Кириле и Методиј, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста, да го смири светот и да ги спаси нашите души“ (тропар на свети Кирил и Методиј).

 

Светите сесловенски учители и просветители Кирил и Методиј се исклучително значајни личности во животот на Црквата, но особено за сите словенски народи. Знаејќи го нивното потекло и нивното значење за македонскиот народ, посетата на гробот на свети Кирил за нас е чест, но и обврска која не смее да биде никогаш заборавена. Токму затоа, како и многу години наназад, делегација на Македонската православна црква, заедно со државната делегација го посетија Рим, градот каде светиот Кирил во 869 година го остави своето тело, долго измачувано заради неговите заложби за рамноправност на словенскиот јазик.

Црковната делегација беше  предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, а во негова придружба беа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Нектариј Најдоски, игумен на манастирот „Св. Наум Охридски“  и свештеникот Никола Христоски. Претставник на Римокатолчката црква од Македонија беше скопскиот бискуп г.Киро Стојанов. Државната делегација беше предводена од Премиерот на Р. Македонија г. Никола Груевски. Во делегацијата беа и вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот без ресор Веле Самак, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Вида, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Валентина Божиновска и амбасадорот на Р. Македонија во Ватикан, г. Ѓоко Ѓорѓевски.

 

Македонската делегација најпрво беше на аудиенција кај папата Бенедикт XVI, како и кај државниот секретар на Ватикан, кардиналот Тарчизио Бертонеа потоа, на гробот на свети Кирил, се одржа молебен на кој чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј. По завршувањето на молебниот, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Свети Кириле моли го Бога за нас!

Со голема почит и молитвена радост и со нашата вера, ние денеска се обраќаме со овие прозбени зборови пред гробот на свети Кирил Солунски и Сесловенски. Се обраќаме така затоа што веруваме дека тој ги слуша нашите молитви и дека тој Го моли Бога за нас, зашто ние се надеваме на Неговата помош. А „Бог е прекрасен во своите светии“. Да се потсетиме на зборовите кои светиот апостол Павле ги кажал за старозаветните праведници: „Тие преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања,  затворија уста на лавови, угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки...“ (Евр. 11,33-34). Ете што може да прави вистинската вера, и тоа уште во Стариот завет. Таа ја привлекувала Божја моќ, која се манифестира како голема, неисцрпна и неискажлива сила, која прави чуда. За таа сила, не еднаш, туку многупати зборува старозаветниот цар и пророк Давид во неговите Псалми. Во еден од нив тој вели: „Бог ни е прибежиште и сила...“ (Пс. 45,1). А во друг, пак, вели: „Блажен е човек, на кого силата негова е во Тебе“ (Пс. 83,5) и воскликнува: „Господи, Ти си мое спасение“ (Пс. 137,7).

Поминало времето на Стариот завет, а на земјата, од голема љубов кон човечкиот род, доаѓа Синот Божји, Кој се овоплотува и прима лик на Богочовек. Господ Исус Христос бил Самиот Извор на таа сила. Он лекувал болните, воскреснувал умрени, им проштевал гревови на грешници и блудници и правел секакви добри дела за време на Својот овоземен живот. Сето тоа е силата Божја за која светиот апостол Павле и евангелистот Лука велат: „И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите“ (Лк. 6,19).

Спасителот зборува за Себе како за Извор на таа сила, бидејќи и Самиот така нè научи да се молиме во Господовата молитва „Оче наш...“, па ни заповедува да ја завршуваме оваа молитва со зборовите: „Зашто Твое е царството и силата и славата во вечни векови“ (Мт. 6,13). Господ Исус Христос е Господар на Неговото Небесно Царство и затоа Он е и Извор на силата и на Својата вечна слава.

Но, Господ Исус Христос со Неговото вознесение, чиј спомен денеска нашата света православна Црква го прославува, таа сила не ја однесе со Него на небото, туку ја остави во својата света Црква и Он ја раздава на своите верници преку светите Тајни во Црквата. Исто така, таа сила ја раздава и преку Неговата Мајка и нашата небесна Мајка, според нашите молитви кон неа, како и преку безбројните угодници Божји, на кои им се обраќаме со вера и со молитва преку нашиот ангел чувар, кој му е даден на секој еден од нас за време на светата тајна Крштение.

После Христовото Вознесение, апостолите го проповедале Словото Божјо по многу градови и села и по целата вселена. Народот ги слушал, ги следел, го примал крштението и покајанието, а луѓето најмногу биле потресувани од силата на проповедта, а таа сила била Божја, сила која ги освојувала срцата на луѓето.

Црковната историја нè учи дека безброј христијани, а особено во првите три века, го завршиле нивниот живот маченички заради верата во Христа. Овие свети души биле подвргнувани на најразлични измачувања, но тие со радост и со песни на усни оделе во смртта, не плашејќи се за нивните овоземни животи, бидејќи верувале во Господа Бога и дека преку тие страдања ќе примат венец на вечен и блажен живот. Нивната вера ја привлекувала таа голема неисцрпна сила Божја која секогаш и секаде прави чуда.

Светиот Кирил Солунски го проповедал Словото Божјо кај повеќе народи, но особено значајно е неговото дело кај Словените. И тој претрпел разни маки и страдања и својот млад живот го завршува тука во вечниот Рим, како плод на долги и мачни патувања, пропратени со страдања од разни човечки пакости. Но, свети Кирил, заедно со неговиот брат Методиј, се избориле за воведување на словенското писмо во богослужбениот живот како рамноправен јазик со останатите тогаш признати јазици, како што се: еврејскиот, грчкиот и латинскиот. Тие се епохални дејци за словенската култура, цивилизација и просвета, бидејќи од непризнат и потценет јазик, словенскиот станува признат во светски рамки. Затоа ние сите им искажуваме најискрена и топла благодарност за ова нивно епохално дело. И денеска пред неговиот свет гроб го молиме свети Кирил да нè заштити со неговите молитви пред Бога, за да можеме сите маки и искушенија кои нè снаоѓаат како Македонска православна црква и македонски народ и Република Македонија да ги совладаме, а за прослава на Бога и за спасение на нашите души. Амин!

Свети Кириле моли Го Бога за нас!

Митрополит Тимотеј

Свети Кирил и Методиј

24.05.2012 година,гроб на свети Кирил, храм „Сан Клементе“ Рим, Италија

 

 Извор:

http://www.dke.org.mk/novosti/novost.asp?PodatociID=848


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

23/06/2025 - понеделник

Петровденски пости (строг пост)

Св. свеш. Тимотеј, епископ Бруски; Св. маченици Александар и Антонина; Св. Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

† Праз. на чуд. икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св. Христов апостол Варнава  24 јуни/11 јуни / 2025

† Праз. на чуд. икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св. Христов апостол Варнава 24 јуни/11 јуни / 2025

 Благодатта во тебе го поесеа семето на мирот,о ти кој си син на утехата,Варнаво апостоле Христов,сотрудник на Духот Свети постана,кога...

Тропар на светиот Христов св.мч Тимотеј Пруски 23 јуни/10 јуни   2025

Тропар на светиот Христов св.мч Тимотеј Пруски 23 јуни/10 јуни 2025

Незлобливоста на гулабот по зборовите Христови, на тебе го навлече дарот на чудотворство,о Тимотее свети, поддржувајќи го големиот Јован, главата за...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная