логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светиот
Христов маченик
Евпсихиј
9 април / 22 април

Од твоето срце за Христа спремно
пламен ревносен излезе,
о Евпсихие свети мачениче,
ја запали лагата од овој свет,
осветлувајќи ги бездните на темнината со факелот
кој гори, осветлува а не согорува,
о, свети мачениче издигнат во верата од Василие Великиот
моли Го Христа Бога да погледне на
нашите души омлитавени.

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светите
Христови маченици
Дисан епископ, Маријав, Авдиес
и двеста седумдесет маченици со нив
9 април / 22 април

Те следеше стадото твое од Христа поверено
Дисане епископе на голготата која
вратите на Царството ги отвори,
многубројни души маченички при Христа приведе
и сам со Мариава и Авдиеса за Него глава приклони,
а ние кои денес ве чествуваме
на вашите ревносни молитви се надеваме.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светиот
Христов преподобномаченик
Вадим и седумте негови ученици
9 април / 22 април

Богатството на душата твоја смирена,
засветли од благодатта Христова пред учениците
о Вадиме свети, и на подвигот исповеднички ги ободри,
а чистотата на срцето дарови прими од Спасителот
со кои верните се насладуваат.
На твоите молитви и денес се надаваме
свети преподобномачениче кој големо трпение
покажа при твоето за Христа мачеништво.


 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Православен календар за 22/04/2021

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

 

ПреминПортал

2021 лето Господово

Од Верскиот календар:

 

Светиот маченик Евпсихиј

Од благороден род и добро воспитан во благочестивата вера. Во времето на царот Јулијан Отстапник, кога во Кесарија со Црквата Божја управуваше Св. Василиј Велики, Евпсихиј стапи во брак со една угледна девојка. Но не му беше дадено да поживее во брак ниту еден ден. Зашто во времето на неговата свадба се погоди незнабожечкиот празник на принесување жртви на идолот Фортуна. Евпсихиј отиде со другарите и ги искрши сите идоли во храмот, па и самиот храм го разори. Кога слушна за ова царот Јулијан многу се разгневи и нареди виновниците да се убијат, многубројни христијани да се земат за војска, да им се наложи огромен данок на христијаните, на нивна сметка повторно да се изгради храмот на Фортуна, а на градот да му се одземе почесното име Кесарија (кое му го беше дал кесарот Клавдиј) и да се нарече со поранешното име Маза. Свети Евпсихиј најпрво го врзаа за дрво и страшно го мачеа, а потоа го убија во 362 година. Малку потоа свирепиот цар Јулијан патувајќи за Персија го посети овој град, а одеше во војна. Во пресрет му излезе Св. Василиј и во знак на почест и гостопримство изнесе три јачмени лебови. Царот нареди и на светителот како дар му дадоа грст сено. „Ти нам ни се подбиваш цару. Ние ти принесуваме од лебот со којшто се храниме, а ти нам ни даваш скотска храна, којашто ти со својата власт не можеш да ја претвориш во човечка“. На ова царот му одговори: „Знај дека со тоа сено ќе те хранам кога ќе се вратам од Персија!“ Но злобниот отстапник никогаш повеќе не се врати жив од Персија, зашто загина со заслужена и неприродна смрт.

vozdvizenie.jpg

Преподобниот маченик Вадим

За време на персискиот цар Сапор, игуменот на еден манастир, Вадим, маж исполнет со благочестие, беше фрлен во затвор заедно со седуммина свои ученици. Во затворот со нив беше и еден кнез христијанин, Нирсан. Секој ден ги изведуваа и ги тепаа. Се уплаши кнезот Нирсан и вети дека ќе ја напушти верата и ќе му се поклони на сонцето. Ова му беше угодно на Сапор и тој му вети на Нирсан дека меѓу другото ќе му го даде и сиот имот на Вадимовиот манастир, ако тој се согласи со своја рака да го убие Вадим. Нирсан се согласи и на тоа. Раката му се тресеше од страв пред достоинственото лице на Свети Вадим и тој удираше многупати по вратот на светиот игумен дури не го обезглави. Но наскоро по ова падна во очајание и самиот себеси се прободе со меч, примајќи казна од своја рака зашто уби праведник. Свети Вадим пострада во 367 година.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1528
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1919
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1718
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Современоста на подвигот - Старец Георгиј Капсанис

Словото на пастирското расудување и човекољубие дозволува, па дури и наложува практикување на подвигот, под услов подвигот да не се сведи на еден вид седатив, туку да го задржи карактерот...

БEСEДА  за нeизмeрната Христoва љубoв

БEСEДА за нeизмeрната Христoва љубoв

Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем,...

 Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на...

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

« »