логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

 Тропар
на светиот преподобен
Исихиј постник
5 март / 18 март

Пустината затворена за погледот човечки
очи ти избистри, собеседник на ангелите
те направи, а ти Христа го прослави
Кој желбата на твојата душа ја исполни,
о свети Исихие чудотворче,
за нас моли се ти кој срцето пред Бога
го приклони, со вода жива да се наполни,
за да мртвите ги напои – живи да бидат во векови.


 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов маченик
Конон Исавриски
5 март / 18 март

Господ Бог погледнувајќи на твојата честитост,
те избра тебе како свој сад за благодат,
испраќајќи го светиот Архистратиг Михаил да те поучи,
крсти и помага на патот на спасението.
О, свети Кононе, ти кој народ поведуваше
во Божјо познание,
демоните од тебе врзани со силата Христова
на луѓето послужуваа,
моли се свети подвижниче,
да останеме по твоите молитви Христови довека.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
Христов маченик
Конон градинар
5 март / 18 март

Воздишки кои љубов точат подари на човекот
кој во незнаење греши, о Кононе Христов војниче,
страдањата срцето твое во молитва кон Бога го подигнаа,
и откако прости, колена приклони
и милост Божја за народот измоли.
За нас сега Спасителот нека си спомне
по твоите свети молитви.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов подвижник
Марко чудотворец
5 март / 18 март

Оној кој заради нас осиромаши,
тебе те обогати, о Марко подвижниче,
а ти срцето му го предаде, благодатта да го
исполни и мноштво вода жива да источи.
Ученику на Учителот, усто која покајанието
го сееш помеѓу Израилот, за нас моли се чудотворче,
напоени од Словото преку тебе да се претставиме,
со чиста совест пред Небото.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (18.03.2021)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

Од Верскиот календар:

bogorodica.k.dol.jpg

Светиот маченик Конон Исавриски

Во Христовата вера беше поучен и крстен во името на Пресвета Троица од самиот Архангел Михаил. Овој Божји Архистратиг го придружуваше сѐ до неговата маченичка смрт. Бидејќи беше просветлен и зајакнат од благодатта на Светиот Дух, срцето не го влечеше за ништо од светот но само кон духовното и небесното. Кога родителите насилно го оженија, првата вечер тој зеде свеќа, ја стави под поклопец иѝ рече на својата жена: „Што е подобро, светлината или темнината?“ Таа рече: „Светлината“. Тогаш тој почна даѝ зборува за верата во Христа и за духовниот живот како подобар и поубав од телесниот. Вака успеа и нејзе, а потоа и своите родители да ги приведе кон Христовата вера. Па тој и жена му живееја како брат и сестра. Набрзо му умреа родителите и жената, а тој наполно се повлече од светскиот живот и се предаде на молитва, пост и богомислие. Изврши големи чуда со кои мнозина ги обрати кон христијанство. Меѓу другото, ги принуди злите духови да му служат. При едно гонење беше фатен и мачен и сиот го избодија со ножеви. Со неговата крв се мачкаа болните и се исцелуваа. По ова поживеа уште две години во својот град и се престави кај Господ. Овој прекрасен светител живееше и пострада во 2 век.

Светиот маченик Конон Градинарот

Родум од Назарет. Беше благ и незлоблив и во сѐ угоден на Бога. Во времето на Декиевото гонење го мачеа за Христа. Но тој остана цврст во верата, а незнабожечките судии остро ги изобличи за нивното безумство. Со клинци во нозете, врзан за колата на кнезот, овој кроток и незлоблив светител го влечкаа сѐ додека не изнемоште и падна. Тогаш за последен пат Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух во 251 година.

Преподобен Исихиј Постник

Роден е близу Бруса во 8 век. Но се оддалечи во една гора наречена Мајонис, злогласна заради демонските привиденија. Таму си направи себеси колиба и една црквичка во чест на Св. апостол Андреј. Самиот ја загради градината и ја обработуваше за да може да живее од својот труд. Со својата молитва твореше големи чуда. Прорече дека после неговата смрт на тоа место ќе биде устроен женски манастир. Еден месец пред смртта го провиде денот и мигот кога ќе се упокои. На полноќ во проречениот ден луѓето ја видоа неговата колиба огреана од необична светлина. И кога дојдоа го најдоа мртов. Го погребаа во црквата на Св. Андреј, а подоцна Теофилакт, амасискиот епископ, го пренесе во градот Амасија. Се упокои мирно и се пресели во Царството на својот Господ во 790 година.

bogorodica.k.dol.jpg

Преподобен Марко Подвижник

Аскет и чудотворец. Замонашен од својот учител Св. Јован Златоуст во четириесеттата година од животот, Марко помина уште шеесет години во Нитриската пустина во пост, молитва и пишување на духополезни книги. Целото Свето Писмо го знаеше наизуст. Беше многу милостив и плачеше над бедата на секое Божјо создание. Еднаш плачејќи Му се помоли на Бога за слепото малечко на една хиена и тоа прогледа. Од благодарност хиената мајка му донесе една овновска кожа. Но светителот ѝ забрани на хиената во иднина да ги коле овците на кутрите луѓе. Причест примаше од раце на ангели. Неговите беседи за духовниот закон, за покајанието, за трезвеноумието итн. спаѓаат во првокласната црковна книжевност, нив ги фалеше и возвишениот патријарх Фотиј.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2673
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1830
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ  ХРИСТОВО

о.Зоран Пецовски: ПРЕОБРАЖЕНИЕ ХРИСТОВО

Кој им дава поткрепа во нивните неуморни подвизи; добро и убаво им било на сите светители, зашто за сите нив не постоел ниту еден друг идеал кој  би бил  достоен...

   Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Свештеник Јане Илиев: СЕДМА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Секое појавување на Спасителот Господ Исус Христос меѓу народот претставувало поттик околу Него и Неговите ученици да се собере многу народ. Некои од нив доаѓале заради љубопитност, некои од мака,...

« »