логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

Тропар на светите
Христови маченички
Вера Надеж и Љубов и
нивната мајка Софија
17 септември / 30 септември



Блажени сте вие о маченици Христови, Вера, Надеж, и Љубов,
ќерќи на Софија која е напоена од Мудроста,
ве приведе не само кон очистување, туку и кон полнота на благодатта,
молете се за нас о вие деца на верата, ученици на надежта,
исполнување на љубовта, за да поучени од Мудроста одозгора,
одолееме на минливите понуди од овој свет.

 Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Тропар на светата
Христова маченичка
Агатоклија
17 септември / 30 септември

Се одврза клетвата Адамова,
љубовта се врати во човека,
благодатно примена од душата твоја оживеана,
о, Агатоклио света маченичке,
која ропство човечко прифати и слобода небесна доби,
преку многу трудови на оваа земја пуста и неплодна.
Затоа Христе Боже помилувај нѐ
по нејзините свети молитви.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Анастасиј Кипарски
17 септември / 30 септември

Божји угодниче, Христов чудотворче,
Анастасие смирен оче преподобен,
кој свита предводеше на патеката до Господа,
моли се за нас свет подвижниче,
на патот да не ослабиме,
верата да ја сочуваме и при Бога
по молитвите твои спасение да најдеме.

 
*моштите се наоѓаат во с.Перистеран на Кипар


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светата
Христова угодничка
вдовица Лукија и нејзиниот син
Герминиј маченик
17 септември / 30 септември

Жедта по слободата во Христа,
го смири телото о Лукио, и ти благодатно
се обручи за Љубовта сведочејќи на светот
за Незалезната светлина, која
при твоето срце и Герминиј го удоми,
за да спасен маченички од Бога биде.
Радувајте се сега во вечноста
и за нас молете се пред Господа.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите Христови
сто педесет и шест маченици
Палестинци и Египјани
17 септември / 30 септември

Голема е славата ваша при Господа,
о, свети страдалници, и силна е молитвата
на која се надеваме, а вие пред одарот
на слободата ја принесувате,
достојнославни отци,
кои минливост земна презревте
и во идниот живот надеж но Христа положивте.
 
*пострадаа во градот Тир и околината
епископи Пелеј и Нил, свештеник Зинон, епископ Силуан, старец Јован, маченици Патермутиј и Илија, и останатите


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светата
Христова маченичка
Теодотоја
17 септември / 30 септември

Тело женско немоќно, со дух мажествен обвиено,
 слава на Господа вознесува
преку сите дни на животот свој,
о, Теодотојо света маченичке,
а Он во оган те претвори, зломислието го посрами,
и мноштво души спасени во Себе роди.
Радувај се и за нас моли се собеседничке на ангелите,
сотрудничке на мачениците: Божја угодничке.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (30.09.2021)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на аполитикион (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 vozdvizenie.jpg

Светите маченички Вера, Надеж, Љубов
и мајка им Софија

Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија - мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но одлучно ја исповедаа верата во Господ Христос и одбија да ѝ принесат идолски жртви на Артемида. Пред страдањето мајката ги крепеше ќерките со совети да истраат докрај. „Вашиот небесен љубител Исус Христос е вечно здравје, неискажлива убавина и живот бесмртен. И кога вашите тела ќе бидат убиени во маки, Он ќе ве облече во нераспадливост и раните на вашите тела ќе светнат на небото како ѕвезди.“ Мачителот ги мачеше со лути маки сите една по една: најпрво Вера, па Надеж, па Љубов. Ги тепаа, ги сечеа, ги фрлаа во оган и во врела смола и најпосле една по една ги убија со меч. Софија ги зеде мртвите тела на своите ќерки, ги однесе надвор од градот и таму чесно ги погреба. Остана на нивниот гроб три дена и три ноќи молејќи Го Бога и така Му го предаде својот дух итајќи во рајските населби, каде што ја чекаа душите на нејзините блажени ќерки.

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2875
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2683
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велика сабота (22.04.2022)

Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде....

 Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик петок (21.04.2022)

Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак,...

 Митрополит Струмички Наум:  Велик четврток (20.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Велик четврток (20.04.2022)

Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има –...

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: За миењето на нозете – вовед во Страсната седмица (17.04.2022)

Изразувањето на слободната волја, во градење на односот со Бог, е суштински поврзана со лојалноста, верноста. Преку слободно насочената волја кон исполнување на заповедите Божји и градење на личносна заедница...

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Прот. Александар Шмеман: Цветници- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (10)

Во што е смислата на овој настан, кого толку светло, толку радосно, толку победоносно го празнува Црквата во Лазаревата сабота? Како да се спојат тагата, солзите на Христа, и таа...

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Лазарова сабота (15.04.2022)

Одговорот на сите овие можни недоумици е дека, всушност, се случува нов квалитет на личносни односи меѓу нив, и тоа не толку поради Христовата љубов кон нив – Неговата љубов...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

 Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Митрополит Струмички Наум: Благовест (06.04.2022)

Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш...

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Жарко Ѓоргиевски:Недела на свети Јован Лествичник (03.04.2022)

Бог не ги тера со сила луѓето да го земат крстот, но ги повикува доброволно да Го следат Него. Не е лесно да се земе крстот на страдањето, но Он...

« »