логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

Тропар на светиот преподобен
отец Јован Рилски
18 август / 31 август

Втемелен на покајание, излив на умиление,
пример на утешение и на духовно совршенство
беше твојот рамноангелен живот, преподобен.
Оче Јоване, кој во молитви и пост и солзи пребиваше,
моли Го Христа Бога за нашите души.

Извор МПЦ – ОА

Тропар на светите
Христови маченици
Иларион, Дионисиј и Ермип
18 август / 31 август

Добар пример пред себе имајќи во верата
по Бога, ревносен молитвеник во лицето
на Емилијан свети, го отфрливте стравот
од минливоста и поитавте венец маченички да добиете, Иларионе, Дионисие и Ермипе.
Застапете се сега свети маченици
за сите кои го чествуваат вашиот спомен
и Господа Го прославуваат.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Арсениј Пароски
18 август / 31 август

Блажен си ти старче Арсение оче наш преподобен,
покајниче и сведоку на светлината Господова,
кој нам молитвено ни ја приближи
благодатта која се излива на оние кои
Го љубат Бога и ближниот.
Застапи се за нас горостасу меѓу преподобните
и моли се да имаме покајание кое води кон спасение.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов новомаченик
Димитриј
од Самарина во Епир
18 август / 31 август

Новомачениче Христов, Димитрие свети,
денес чест и пофалба воздаваме,
на твоето свето за верата страдање,
и Господа Го молиме по молитвите твои свети,
да даде опростување на прегрешенијата наши,
зашто Он благодатно те закрепна во подвигот твој
 и со камења како тебе ја соѕида Црквата своја.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Ермо, Серапион и Полиен
18 август / 31 август

О, Господи, Црквата се постави на каменот
од Твоите повелби и Ермо, Серапион и Полиен
ги вгради во темелот на нејзините основи,
кои маченички венец добивајќи
станаа семе за идните христијани.
Нека по нивните свети молитви, патот иако каменит,
да биде прооден за нашите души.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
свештеномаченик Христов
Емилијан
18 август / 31 август

Ја спозна силата Господова во слабоста,
Го виде Оној Кој го чува Израилот,
о, Емилијане свет мачениче,
и се зарадува душата твоја на спасението одозгора,
затоа пред светот смело исповеда
дека Христос е единствениот вистински Бог.
Радувај се и за нас моли се достојнославен
жителу на Небесното Царство.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите тристотини
 Христови маченици
18 август / 31 август

Бродот огнен кој вас ве поведе свети маченици,
за кормилар Го имаше Христа Спасителот,
испратени бевте од Флор и Лавр светите,
а дочекани во Царството Небесно од Богомајката
и сите во Христа Светии.
Молете се за нас страдалници кои
низ оган и вера ја избеливте душата ваша.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
маченици Христови
Флор и Лавр
18 август / 31 август

Времето земно ваше протече исполнувајќи ги
светите Христови заповеди,
 душата за Христа се обручи и мноштво
овци загубени кон Него приведовте,
о, Флоре и Лавре, кои молитвено нас
кон Аголниот камен нѐ приближивте.
Радувајте се свети маченици и застапете се за нас,
пред Оној Кој гревови простува.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 Тропар на светите
илјада Христови маченици
18 август / 31 август

Велик е нашиот Бог, велик е Христијанскиот
Спасител и нема други богови освен него:
одекнуваше од грлата ваши о, свети маченици,
кои бодрени од благодатта Христова
поитавте маченички низ тесната врата кон вечноста,
каде сега насладувајќи се на ветеното со еден глас и една уста
молете се, за оние кои во Христа поверуваа.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

Од Верскиот календар на МПЦ (31.08.2020)

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од Верскиот календар:

sv.Jovan.Rilski.jpg

Преподобен Јован Рилски    

Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни и благочестиви родители. По смртта на родителите се замонаши и се оддалечи во една дива гора и таму во една пештера почна да се подвизува. Овде претрпе многу напади од демоните и од луѓето, од разбојници и од своите роднини. Потоа се пресели на Рилската Планина и се насели во едно шуливо дрво. Се хранеше само со трева и со грав, којшто по Божја Промисла почна да расте во близината. Долги години тој не виде човечко лице, додека, повторно по Божја Промисла, не го открија овчари коишто трагаа по своите изгубени овци. Така светителот се прочу меѓу луѓето и тие почнаа да му доаѓаат барајќи помош во болестите и во маките. Го посетуваше и самиот цар бугарски Петар и бараше совети од него. Мнозина ревнители во духовниот живот се населија близу Јован и таму наскоро кренаа храм и манастир. Свети Јован се упокои во Господ мирно на 18 август 946 година, во седумдесеттата година од неговиот живот. По смртта им се јави на своите ученици. Неговите мошти се пренесени најнапред во Софија, па во Унгарија, па во Трново и најпосле во Рилскиот манастир, каде што и денес почиваат. Рилскиот манастир со векови беше светилник и место на чудотворна сила и духовна утеха за христијанскиот народ во Бугарија, особено во тешките времиња на турското ропство.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1137
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1277
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1139
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Неправедно богатство (03.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Неправедно богатство (03.12.2020 )

Што ли тогаш човек, и како, да каже за Богородица и Секогашдева Марија? На несправедливиот слуга, вообичаено, на крајот од животот му текнува дека сѐ е суета и ништавило пред...

 Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кој може да биде ученик Христов (01.12.2020 )

Тоа го направиле мачениците, тоа го направиле вистинските монаси, тоа го направиле сите свети.Во очите на светот тоа изгледа како омраза кон татка си и мајка си, жената и децата...

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Милостивиот Самарјанин (29.11.2020 )

Сите ние сме гости на овој свет, кои повеќе – кои помалку, повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин – Христос, на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар...

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

« »