логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ  

 

Тропар на светиот
Божји пророк Амос
15 јуни / 28 јуни

Пониженото и простото го избра Ти Господи,
да го посрамиш мудрото од овој свет,
така преку Твојот пророк Амос,
ја откри тајната на болестите човечки.
О велик пророче Божји,
ти кој секогаш повикуваш кон неразумните синови,
да немаат друг бог освен Љубовта,
моли се да ја оставиме приврзаноста кон овој свет,
и да се обратиме кон Еден Бог во Пресвета Троица,
Отецот Синот и Светиот Дух во вечни векови.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светиот
Христов маченик
Дула
15 јуни / 28 јуни

Блажен си ти Дуло мачениче,
кој исповедничка служба пред Господа принесе,
и верен слуга остана на Вистината.
Радувај се сега при бесмртниот Бог,
и за нас моли се пред Оној на Кого послужи.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 

 Тропар на преподобниот отец
Дула напатениот
15 јуни / 28 јуни

О, оче преподобен, сега ние се молиме,
по твоите молитви да бидеме поучени на смирение,
за кое небото венец не исплете,
туку подвижниците како тебе Дуле свети оче,
Он ги прима во своите прегратки.

 



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

 

 Тропар на светите
Христови маченици
Вит, Модест и Крискентија
15 јуни / 28 јуни

Благодатта Господова исполнувајќи
го срцето твое, те предаде на Духот Свети,
Кој преку тебе силата на верата ја покажа,
о, Вите младенецу свет Господов, од чудеса безбројни,
од богоглаголивост немерлива кулите на лагата се разрушија
и не само Модест и Крискентија,
туку и мноштво други се спасија.
Молете се за нас свети маченици,
кои Христа Го прославуваме по вашите свети молитви.

 

 

Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (28.06.2020)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2020 лето Господово

 Од житието на светителот

Светиот пророк Амос

sv.Prorok.Amon.jpgРоден во селото Текуја, во близина на Витлеем. Прост според потеклото и животот, Амос беше свињар кај ерусалимските богаташи. Но Бог Којшто не гледа кој е кој по надворешност, туку по чистотата на срцето, и Кој и Мојсеј и Давид ги зеде од кај овците и ги постави за водачи на народот, го избра овој Амос за Свој пророк. Тој го изобличуваше царот Озија и неговите жреци за идолопоклонство и го одвраќаше народот од поклонувањето пред златните телиња во Ветил, учејќи го да Му се поклонува на Единиот и Живиот Бог. Кога беше гонет од главниот жрец Амасија, тој прорече дека Асирците ќе го покорат Израилот, дека ќе ги избијат со меч и царот и синовите на Амасија и дека жената негова пред негови очи ќе ја оскверант со блуд асирските војници, зашто и Амасија го заведе народот да блудничи со идолите. Сево ова потоа и стана. Еден од синовите на жрецот го удри Пророкот со стап по челото толку силно, што тој падна. Одвај беше жив однесен во неговото село Текуја, каде што ја испушти светата душа. Живееше во 8 век пред Христа.

 

 

 

 

 

 

Свети маченици Вит, Модест и Крискентија

Свети Вит е роден во Сицилија, од славни но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година отпочна голем подвиг. Ангели му се јавуваа и го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што го тепаше му се исуши раката, а тој со молитва му ја исцели. Татко му ослепе кога во неговата соба виде дванаесет Свети ангели на коишто „очите им беа како ѕвезди, а лицата како молњи“. Но Вит со молитва му го врати видот. Кога татко му сакаше да го убие, на Вит му се јави ангел и заедно со Модест и Крискентија ги пренесе во Луканија, на брегот на реката Силар. И овде Свети Вит покажа многубројни чуда над болните и демоноопседнатите. Повикан од царот Диоклецијан отиде во Рим, каде што го изгони злиот дух од царскиот син, за што царот не само што не го награди туку и луто го мачеше затоа што одби да им се поклони на глупавите идоли. Но од сите овие маки го избави Господ и со Својата невидлива рака го пренесе пак во Луканија, од каде и тој и Модест и Крискентија се преставија кај Господа. Моштите на Свети Вит почиваат во Прага.

Преподобниот маченик Дула

Живееше свето во еден манастир во Мисир. Некој од браќата од завист го наклевети за светотатство, кражба на црковни предмети. На невиниот Дула му го слекоа расото и му го предадоа на кнезот да го осуди. Кнезот нареди и го биеја и сакаа да му ги отсечат рацете, според законот за такви злосторства, но во тој миг се покаја братот што го предаде на суд и ја објави невиноста на Дула. Вратен во манастирот после дваесет години прогонство и понижувања, третиот ден тој се упокои во Господ. Неговото тело чудесно исчезна.

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1270
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1481
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1354
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

о. Сашко Николовски: Недела по Богојавление

За денот и часот на второто Христово доаѓање нe се знае, така ни вели Светото писмо, но со сигурност знаеме дека тоа ќе биде кога повторно во светот ќе царува...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

« »