логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

   

Извор
МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Крстител Слепче 


Тропар на светиот
Христов апостол
Варнава
24 јуни/11 јуни /


Благодатта во тебе го поесеа семето на мирот,
о ти кој си син на утехата,
Варнаво апостоле Христов,
сотрудник на Духот Свети постана,
кога преку слово живо и молитва,
од Спасителот измоли прогледување на Павла,
пиејќи од чашата Христова маченички пред Престолот поита,
моли се о, украсу на црквата,
за оние кои утеха бараат во Господа.

 

Тропар на светиот
апостол Христов
Вартоломеј
24 јуни/11 јуни /

Благата вест ширејќи се по земјата,
се изли и од устата твоја дури и до Индија,
о Вартоломее апостоле Христов,
на крст стрмноглаво прикован,
покажа дека смирението е совршено,
кога ќе помине низ огнот пеколен,
свети мачениче сотрудниче на Јована и Филипа,
моли се челадта да не престане да бара мир од Господа.

 

 
Извор
МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Крстител Слепче

 

 Тропар на преподобниот отец наш
Ефрем Новоторжски чудотворец
24 јуни/11 јуни /

глас 1
Со божествената благодат одозгора богумудро просветлен,
 источувајќи на светот благоухание,
дознаа по смртта  за светлината на твојот живот,
оние кои притекнаа кон кивотот на твоите мошти,
 Ефреме преподобен. Затоа ти повикуваме:
Слава на Оној Кој ти подари благодат на чудеса,
Слава на Оној Кој те прослави во чудата,
Слава на Оној Кој им дава преку тебе на сите исцеленија.

 Достојно е
 
Достојно е навистина
Тебе да те прославуваме Богородице,
секогашблажена  и пренепорочна  и Мајка на нашиот Бог.
Почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите,
Бога Словото девствено што Го роди,
Тебе вистинската Богородица ние Те величаме.

 

 


 Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

 Од Верскиот календар на МПЦ (24.06.2025)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2025 лето Господово

 Од Верскиот календар

Светиот апостол Вартоломеј    

sv.Vartolomej.jpg

Еден од Дванаесеттемина големи апостоли. Вартоломеј и Натанаил по сѐ изгледа се две имиња за едно лице. Заедно со Светиот апостол Филип и со сестрата на Филип, девицата Маријам - а некое време и со Св. Јован Богослов - го проповедаше Евангелието најпрво во Азија, потоа во Индија и најпосле во Ерменија, каде што и заврши маченички. Овие Свети апостоли ја умртвија големата змија којашто незнабожците ја чуваа во храм во Ерапол и ја почитуваа како божество. Во истиот град му подарија вид на Стахиј, слеп четириесет години. Овде на нив се крена толпа народ и ги распнаа на крст Филип и Вартоломеј - Вартоломеј го распнаа со главата надолу. Тогаш затресе земјотрес во којшто загинаа злите судии и многумина од народот. Гледајќи во тоа казна Божја, мнозина притрчаа да ги симнат апостолите од крстовите, но Филип беше веќе издивнал, додека Вартоломеј сѐ уште беше жив. Потоа отиде во Индија, каде што го проповедаше и на индиски јазик го преведе Евангелието на Матеј. По ова прејде во Ерменија, каде што ја исцели од лудило царската ќерка. Но братот на царот, Астијаг, завидливо го фати и го распна Божјиот апостол на крст. Потоа му ја одра кожата и најпосле му ја отсече главата во Албанопол Ерменски. Неговото тело христијаните го погребаа чесно во оловен ковчег. Бидејќи од неговите мошти стануваа многу чуда, незнабожците го зедоа ковчегот и го фрлија в море. А водата го донесе ковчегот до Липарските острови, каде што епископот Агатон, по откровение во сон, го дочека и го погреба во храмот. Свети Вартоломеј му се јави, облечен во бели ризи, на Св. Јован Песнопоец в црква и го благослови со Евангелието за да пее духовни песни: „Нека потечат од твојот јазик водите на небесната мудрост!“ Му се јави уште и на царот Анастасиј (491 г. – 518 г.) и му рече дека ќе му го чува новосоѕиданиот град Дари. Подоцна моштите на овој голем апостол беа пренесувани во Беневент, па во Рим. Од нив стануваа големи и страшни чуда.

Светиот апостол Варнава    

sv.Varnava.jpg

Еден од Седумдесеттемина. Роден на Кипар од богати родители од племето Левиево и заедно со Савле се учеше кај Гамалиил. Се викаше прво Јосиф, но апостолите го завикаа Варнава, Син на Утехата, зашто вонредно умееше да ги теши човечките души. Кога Савле се обрати, тој прв го внесе меѓу апостолите. Потоа со Павле и со Марко го проповедаше Евангелието во Антиохија и по други места. По сѐ изгледа тој прв проповедаше и во Рим и во Милано. Пострада на островот Кипар од Евреите и Марко го погреба на западните порти од градот Саламина со Евангелието на Матеј на градите, коешто самиот рачно го препиша. Неговиот гроб остана непознат неколку векови, но со оглед дека многумина добиваа исцеленија на тоа место, се нарече „место на здравје “. Во времето на царот Зинон, кога беше Халкидонскиот Собор, апостолот му се јави на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објави својот гроб. Ова стана токму во времето кога властољубивиот патријарх Антиохиски Петар бараше Кипарската Црква да биде под власта на Антиохиската столица. Но по јавувањето и откривањето на чудесните мошти на Светиот апостол Варнава беше востановено Кипарската Црква, како апостолска, да биде самостојна занавек. Така настана автокефалијата на Кипарската Црква.

 

Светите 222 Кинески исповедници и маченици

Длабоко се трогателни страданијата и исповедништвото на 222 нови исповедници и маченици кои ја прославија Кина пред престолот на Севишниот. Житијата на овие новопрославени светители кои во Пекинг пострадаа за верата Христова за време на Боксерската буна или Јихетуан движењето - како што Кинезите го нарекуваат востанието од 1900 година - оригинално се напишани на руски јазик; извадени се од архивите и за првпат отпечатени во изданието на „Кинески благовесник“ од јануари 2000 година. Во ова Боксерско востание, Мисијата од вкупно 1000 изгуби 300 луѓе. Некои од нив се одрекоа од православието, а другите се покажаа како свети исповедници и маченици заради Христа. Меѓу нив од Кинезите посебно е почитуван свештеникот Митрофан Ѕи-Чун со целото свое семејство. Роден е во 1855 година. Рано остана без татко, па го воспитаа баба му Екатерина и мајка му Марина, која беше учителка во женското училиште. Уште пред да наполни 20 години беше вероучител, а на 25-годишна возраст е ракоположен за свештеник од самиот свети Николај Јапонски. Тој никако не сакаше да го прими свештеничкиот чин и постојано одбиваше, велејќи: „Како да се осмели малку способен и малку добродетелен човек да го прими овој голем чин?“ Но, од послушност кон Црквата, се потчини. Во 1900 година, на 14 јуни, вечерта, просториите на Мисијата беа запалени од Боксерите. Многумина од христијаните, криејќи се, се собраа во домот на свештеникот Митрофан. Меѓу нив беа и поранешните непријатели на о. Митрофан, од кои беше претрпел многу неволји. И како што порано, кроток и молчалив, не се оправдуваше, така и сега, незлобивиот, им даде закрила, од послушност кон Оној што ни заповеда љубов и кон непријателите (Мат. 5, 44). Гледајќи дека некои паѓаат во малодушност, тој ги поткрепуваше, велејќи дека дошло времето на неволји што тешко дека ќе може да се избегнат. На денот во кој од страна на Боксерите и Кинезите незнабожци маченички пострадаа неговите православни браќа Кинези христијани, о. Митрофан ним им беше ангел-утешител, кој ги бодреше и тешеше пред да го задобијат венецот на славата. На 23 јуни вечерта војниците и Боксерите го опкружија домот на о. Митрофан. Во тоа време таму беа собрани околу седумдесет христијани. Некои побегнаа, а оние што беа подготвени да ги примат маченичките венци, меѓу кои старецот Митрофан и многу жени и деца, останаа и беа мачени. Боксерите му ги избодоа градите на о. Митрофан, а јеромонахот Аврамиј го зеде телото на свештеникот и во 1903 година, кога за првпат се празнуваше споменот на овие маченици, телото заедно со други беше положено под олтарот на двоспратната камена црква посветена на мачениците. На местото каде што маченички пострада, сега е поставен крст и на празникот на мачениците (24 јуни) тука поминува Литија и се служи Помен. Многу е впечатливо житието на 8-годишниот Јован. Кога го убија о. Митрофан, Боксерите на Јован му ги расекоа рамениците и му ги отсекоа ножните прсти, носот и ушите. Свршеничката на брат му, Марија, му го спаси животот. Наредниот ден, без облека и обувки, тој седеше на влезот и на прашањето на луѓето дали го боли, одговараше - не. Децата му се потсмеваа, нарекувајќи го „ер-мао-ѕа“, што значи „следбеник на ѓаволот“. Но, тој одговараше: „Јас сум следбеник на Христос Бог“. Јован бараше вода кај соседите, но тие не само што не му ја даваа, туку и го бркаа. Иако раните беа многу длабоки, момченцето не чувствуваше болка и кога повторно го фатија, не покажуваше страв. Придружуван од потсмев и навреди од страна на своите сограѓани безбожници, беше воден како јагне на клање. Божјата благодат, која му беше дадена на малечкиот исповедник во изобилство, го направи нечувствителен за сè од овој свет - раните, потсмевот, стравот од идни мачења. Љубовта Христова го вдахнови со радост да чекори во пресрет на смртта. 19-годишната Марија, свршеничка на синот на о. Митрофан, дојде во куќата на отецот два дена пред Боксерскиот погром, сакајќи да умре во семејството на својот свршеник. Кога Боксерите ја опколија куќата на о. Митрофан на 23 јуни, таа со голема мажественост им помагаше на оние што не беа подготвени за мачеништво да побегнат од раката на гонителите. Иако другиот син на о. Митрофан, Сергеј, трипати се обидуваше да ја убеди и таа да побегне и да се скрие, Христовата следбеничка одговараше: „Се родив покрај црквата на Пресвета Богородица, тука и ќе умрам“. Ја претпочиташе смртта како заминување во местото на блажениот покој. Таа смело ги разобличуваше војниците и Боксерите за нечовечното мачење на христијаните, кога тие ја провалија вратата и влегоа во дворот. Безбожниците беа стаписани од необичната храброст на младата девојка и не ја убија. Но, раните што ѝ ги нанесоа беа претешки и таа маченички го заврши својот земен живот. Меѓу постраданите за Христос имаше и Албазинци, потомци на оние славни Албазинци што ја донесоа светлоста на Христовата православна вера во 1685 година во главниот град на Кина, Пекинг, и ја сочуваа верноста кон неа. За верност кон светото православие Господ ги награди нивните потомци со славата на мачеништво и исповедништво. Климент Куј Лин, Матеј Хај Цјуан, неговиот брат Вит, Ана Жуј и многу други Албазинци, не плашејќи се од оние што го убиваат телото, а не можат да ги убијат душите (Мат. 10, 28), без страв ги дочекаа своите мачења и својата смрт заради Спасителот на светот, молејќи Го Бога за просветлување на гонителите и за простување на нивните гревови. Опишувајќи ја нивната маченичка смрт, архимандрит Аврамиј додава: „Упокој ги, Господи, душите на твоите слуги - ереј Митрофан и постраданите со него - и нека им биде вечен споменот!“ Ние денес велиме: „По нивните свети молитви, Господи Исусе Христе помилуј нè!“ (МПЦ-ОА)

 

 

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1470
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1696
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3866
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Беседи

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

« »

Православен календар

 

23/06/2025 - понеделник

Петровденски пости (строг пост)

Св. свеш. Тимотеј, епископ Бруски; Св. маченици Александар и Антонина; Св. Васијан, епископ Лавдиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

† Праз. на чуд. икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св. Христов апостол Варнава  24 јуни/11 јуни / 2025

† Праз. на чуд. икона „ДОСТОЈНО ЕСТ“-Тропар на св. Христов апостол Варнава 24 јуни/11 јуни / 2025

 Благодатта во тебе го поесеа семето на мирот,о ти кој си син на утехата,Варнаво апостоле Христов,сотрудник на Духот Свети постана,кога...

Тропар на светиот Христов св.мч Тимотеј Пруски 23 јуни/10 јуни   2025

Тропар на светиот Христов св.мч Тимотеј Пруски 23 јуни/10 јуни 2025

Незлобливоста на гулабот по зборовите Христови, на тебе го навлече дарот на чудотворство,о Тимотее свети, поддржувајќи го големиот Јован, главата за...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная