логоFacebookTwitterYouTubeeMail

П.  Што е елеоосветување?      
О.  Елеоосветување е тајна во којашто со помаза- ние со осветен елеј (масло) и преку свештеничката молитва му се дава на болниот преку благодатта на Сесветниот Дух исцелување на болестите и опростување на гревовите. 
     
П.  Каква е материјата на оваа тајна?      
О.  Осветен елеј, чист, без примеси. 
     
П.  Каква е формата?      
О.  Молитвата: Оче Свети, Лекару на душите и телата... итн. 
     
П.  Што е потребно да се изврши во оваа тајна?      
О.  1) Според чинот црковен треба да ја вршат оваа тајна седум свештеници, а во крајна нужда два, а еден може да биде, но тоа е незгодно и неудобно, зошто е тешко  да  се заврши оваа тајна, бидејќи треба да се држи Евангелието на главата на болниот, и во исто време да се чита молитвата.
2) Болниот е должен најпрвин да ги исповеда своите гревови, а потоа да ја прими оваа тајна.   
   
П.  Од каде знаеме за првото воспоставување на оваа тајна?   
   
О.  Од апостолите, зашто во посланието на Јакова пишува: Ако некој боледува меѓу вас, нека ги повика презвитерите црковни... итн. (Јк. 5, 14). 
     
П.  На кого му се дава оваа тајна?      
О.  Рековме дака, освен на немошните и болните, на никој друг не му се дава. Здравите може да ја примаат оваа тајна само на Велики четврток, според цврст востановен црковен обичај, но не и според пиша- ното предание.      
П.  Зошто оваа тајна им се дава на здравите на Велики четврток?      
О.  Бидејќи на Велики четврток, на Тајната вечера, Христос го востанови новиот завет со своето Тело и Крв, и не е недостојно да се причести со оваа тајна и здравиот човек којшто не го гледа денот и часот на смртта.  
    
П.  Каква Божја благодат се предава преку оваа тајна. 
     
О.  Отпуштање на заборавените гревови, доиспол- нување на недоисполнетата епитимија на болниот и исцелување или олеснување на телесната и душевната немоќ (болест).
 

СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995




Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie