логоFacebookTwitterYouTubeeMail


П.  Против кого бил свикан првиот собор?      

ОПрвиот Вселенски собор бил свикан во 325 година по Р. Х. , а од почетокот на светот во 5833 го- дина, во 12. година од владеењето на Константин Велики, во градот Никеја и го сочинуваа 318 Свети Оци. Најстари Свети Оци на овој собор беа: Александар Константинополски, Александар Алек-сандриски, свети  Никола Мирликиски, Евстатиј Антиохиски, свети Спиридон Тримитунски и Макариј Ерусалимски. Силвестер Римски испратил свои посла- ници. Овој собор беше свикан против Ариј, поранешен александриски свештеник, којшто хулеше на Синот Божји, зашто го нарече создание, а не Бог Создател  и 11единосуштен на Отецот и говореше дека имало време кога Тој не егзистирал. На овој собор Отците го изло- жија учењето што исповедува дека  Синот   е рам-  ночесен   и   рамнопрестолен - едносуштен на Отецот, потоа ја установија Пасхата да се празнува онака како што сега ја празнуваме и донесоа и други правила. Ариј со непокајаните истомисленици на  Соборот ги проколна за навек.      

Од Првиот до Вториот собор поминаа 55 години.   Вториот Вселенски собор беше во 380 година, во Цариград, во времето на владеењето на Теодосиј Велики и во времето на Свети Григориј Богослов, Нектариј Константинополски, Кирил Ерусалимски, Тимотеј Александриски, Мелетиј Антиохиски и други светители. Вкупно беа 150 Свети Отци. Се собраа против Константинополскиот патријарх Македониј, злочестивиот хулник на Светиот Дух, за кого тврдеше дека е создание, а не Бог и не еднаков по суштество со Отецот. Но Светите Отци го исповедаа Светиот Дух како рамночесен на Отецот и Синот, којшто исходува од Отецот и е рамнопоклонен на Отецот и Синот.       Имаше ли на тој собор и други еретици?       Беа и едномислениците на Аполинариј. Заблудата на Аполинариј се состоеше во тоа што тој учеше дека Синот Божји имал една плот и една душа, и, според тоа, ако умре телото, би умрело и божеството и сè друго.      

Од Вториот до Третиот собор поминаа 51 година. Третиот Вселенски собор беше свикан во 413 година од Р. Х. во времето на царствувањето на Теодосиј  Помладиот,  во  градот  Ефест.  Тоа беше во 12времето на Кирил Александриски, Јувенал Ерусалим- ски и Мамон Ефески. На овој собор присуствуваа 200 Свети Отци. Соборот беше свикан против злочестиви- от патријарх цариградски Несториј, којшто велеше дека во Христа има две природи, но и две ипостаси (Божествена и човечка) и учеше дека Христос се роди од Дева како обичен човек (а не како Богочовек); потоа Марија Дева не ја нарекуваше Богородица, туку Христородица и многу други злохулни ереси. Затоа на овој собор беше осуден и казнет и од Бога за своето безумие така што неговиот богохулен јазик црвоса.    

Од Третиот до Четвртиот собор поминаа 20 години.     Четвртиот Вселенски собор беше во 451 година за времето на владеењето на цар Маркијан, во градот Халкидон, во времето на Анатолиј, патријарх цари- градски, Јувенал Ерусалимски и Максим Антиохиски. На овој собор присуствуваа 630 Свети Отци. Соборот беше против злочестивиот патријарх александриски Диоскор и архимандритот Евтихиј. Тие исповедуваа дека Господ наш Исус Христос е единосуштен на Оте- цот, но во сфаќањето на неговата човечка природа  проповедаа нечестива хула, т. е. ги слеваа во Него двете природи - божествената и човечката и признаваа дека по нивното соединување постанала една природа, така што и на Божеството му ги припишува и страда- нијата, маките и тагите. Понатака уште говореа дека Господ не е со еднаква природа како нас и дека не примил плот од девствената крв, туку бил вооплотен на божествен и неискажан начин. Поради ваквите занесувања, светиот собор ги отфрли и ги анатемиса и утврди  дека  нашиот  Господ  Исус Христос е совршен 13Бог и совршен човек во две природи, така што природите ниту се разделиле во две Ипостаси  или двајца Синови, ниту се слеале во една природа.       Ова еретичко исповедание, што беше проколнато на Четвртиот собор, до денес го одржуваат Монофизитите (Ерменците) и тоа монофизитско (ер- менско) толкување се состои во расколничкото дво- прстие, при што показалецот, стоејќи исправено, го означува Божеството, а свитканиот прст под показа- лецот - човештвото. Со тоа толкување се укажува и на причината зашто прстот  што го означува Христо-вото човештво е свиткан: зашто Христос слезе на земјава, приклонувајќи ги небесата со своето човешт- во. Според тоа, Тој го симнал од небото на земјава готовото човештво и со него се вселил во утробата на Дева, а не го примил човештвото од девствената крв. Од ова монофизитско мудрување за двата прста и за Христовото овоплотување следува и тоа дека три прс- та се сложуваат во името на Пресветата Троица и бидејќи во Христа беше Светото Тројство, следува дека се овоплотило Светото Тројство, а не еден од Троицата - Синот Божји.       Затоа Монофизитите (Ерменците) и кон Трисвја- тое додаваат: Кој што се распна поради нас за нас. Со таквото злохулно монофизитско толкување расколни- ците го признаваат своето двопрстие како најголема светиња за основа на спасението и христијанството. Таквиот крст го нарекуваат старински и го превозне- суваат својот крст, не само над постојниот крст, туку повисоко и од Христа.      

Од Четвртиот до Петтиот собор поминаа 172 годи ни. Петтиот Вселенски собор беше во Константино- пол во 553 година, во времето на владеењето на Јустинијан Велики. На него присуствуваа 160 Свети Отци. Најстарите од нив беа: Евтихиј Константино- полски, Аполинариј Александриски, Домн Антиохи- ски и Дамјан Созополитски. Овој свет собор го довр-ши и го утврди она што беше  решено  на Халкидон-  скиот  и ја проколна новата ерес за последните маки што настана врз старите погрешни учења на јереј Ориген, Евгариј и Дидим. Еретиците го засноваа свое- то учење на зборовите: Господ е штедар и милостив и не се гневи до крај”“ (Пс. 102,9), но ги забораваа Христовите евангелски зборови: И овие ќе одат во вечна мака, а праведниците во вечен живот (Мт. гл. 25). Зборовите од псалмата дека Господ не се гневи до крај се однесуваат на овој живот, како што се и зборовите на седмата псалма: Бог е праведен судија,  и силен и долготрпелив и не се гневи секој ден”“. Но  тоа што следи потоа мора да нèèè загрижи: Но ако не  се покаете,  Тој ќе  го  очисти своето оружје, ќе  го затегне својот лак и ќе го насочи, и ја затега смртната стрела, а стрелите свои ги вжарува”. Ориген,  исто така, говорел  дека  нема да воскресне нашата  плот, бидејќи душите преминуваат  од  тело во тело и многу други темнохулни  работи  што овој со- бор ги отфрли.      

Од Петтиот до Шестиот собор поминаа 128 год.  Шестиот вселенски собор се одржа во 680 година во времето на  Константин  Брадатиот. На  него прис- уствуваа 171 Свети Отци. Најстарите на него беа: Георги  патријархот  Константинополски,  Теофан Антиохиски,    Петар,    монахот   од Александрија  и дру-  15ги Свети Отци. Овој собор беше  свикан  против ед- „новолјистите (монотелитите): Теодор, епископот Фар- ански, Гонориј, папата Римски, Павле, Пир, Сергиј, Петар  Гугнив,  бившите  епископи  константинопол- ски, Макариј Антиохиски, Кир Александриски ере- соучителот, старецот Полихрониј и нивните истоми- сленици коишто говореа дека во  Христа  постоеше са- мо една волја. На овој свет собор беше изложено уче- њето дека Христос Бог има две природи и две волји, а Ипостас  една - Бог Слово;  изложиле уште 102 прави- ла.      

Од Шестиот до Седмиот собор поминаа 117 год.Седмиот вселенски собор беше одржан во Никеја во 797 година, во времето на владеењето на Констан- тин и неговата мајка Ирина. На него присуствуваа 167 Свети Отци, во присуство на посланиците присутни беа и  римскиот  папа  Андријан  и  Тарасиј Цариград- ски,  иконоборците, кои беа проколнати, зашто пропо- ведаа дека нашиот Господ Исус Христос е неопислив по Бо- жество, а опислив по човештвото. И воведоа поклону- вање на Неговиот Пречист лик, и на Неговата Мајка и на сите светии. Овој собор изложил и 22 правила.

    

ПШто е иконата?      
О.  Иконата е слика на оригиналниот лик.     

П. Ако иконата не е Бог, зошто ја почитуваме?       
О.  Не е Бог, туку е слика за Бога, поради што и се почитува.  

П.  Пред споменатите собори имаше ли и некои други?    
О.  Имаше уште во времето на апостолите во Ерусалим и во други места по апостолите; а за Апостолскиот собор во Ерусалим ни раскажуваат Делата апостолски, напишани од св. евангелист Лука (Гл. 15).     

ПДали сите собори беа вистински и остану- ваат вистински?      
О.  Сите се вистински, затоа што над нив бдееше Главата - почетокот на нашата вера на која се утврдува.      

П. Символот на Патријархот Атанасиј каде е напишан?      
О.  Го има во Псалтирот.     

П.  Како почнува?      
О.  Ако некој сака да се спаси, пред сèè,è треба да ја одржува католичката вера, и ако не извршува непорочни дела, без сомнение ќе погине.


П.  Што е католичката вера?      
О.  Да се верува во единствениот Бог, Славен во Троица, и Троицата во Единица да се почитува, како што нè поучува симболот.     

П.  Што значи католик?           
О.  Сеопшт, соборен, согласен, вселенски.
_______________
* Зборот " католичка” или католическа значи - универзална, сеопшта, вселенска. И нашата - православната вера се нарекува католическа, и Цариградскиот патријарх во својата титула се нарекува католически. Но овој збор низ времето постанал препознатлив повеќе за Западната (Римо-католичката) црква.        


СВЕТИ ДИМИТРИЕ РОСТОВСКИ

ПРАШАЊА И КРАТКИ ОДГОВОРИ ЗА ВЕРАТА И ЗА СÈ ДРУГО ШТО ТРЕБА ДА ГО ЗНАЕ ХРИСТИЈАНИНОТ

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство
Митрополит Дебарско-кичевски
Г. Г. Тимотеј

Издава
Издавачка установа  К а н е о “ при Дебарско-кичевска епархија - Охрид

Уредник и превод: Диме Кочовски, протојереј

Лектура: Д-р Стојан Ристески

О Х Р И Д
1995



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie