логоFacebookTwitterYouTubeeMail

38.machenici1

Во Стариот Завет, Христос е пророчки најавен како „Отец на идниот век“ (Ис 9,6) од Неговите неизглаголиви „наследници“ (Ис 53, 8). /Кој може да зборува за Неговите наследници, не само за Неговите небесни, туку и за Неговите земни наследници? / Преку Неговите неискажливи „наследници“, Тој дојде и ни зборуваше за творечките и животодавни слова на Неговиот Отец (сп. Jн 6, 63). Уште повеќе: „како јагне Тој беше одведен на колење“ (Ис 53, Дела 8, 32) и со Својата крв си „очисти“ нов „избран народ“ (сп. Тит 2, 14). Страшната промисла на Неговото смирено снисходење, подолу од сета твар, и на Неговото издигнување, „повисоко од сите небеса“, „исполни сè “ со обожувачката сила на Неговото присуство (сп. Ефес 4, 10). Ништо во создадениот свет не остана „сокриено за Него, туку сè е голо и откриено за очите“ Христови (Евр 4, 13). Неговото живо слово посеа „нераспадливо семе“ (1 Птр 1, 23), а со благодатта на Својот Дух, му го даде на човекот дарот на „посиновувањето“ (Гал 4,5); односно, Тој ја роди Црквата и ги направи верните „синови на воскресението“ (Лк 20,36) и „првина меѓу Неговите созданија“ (Jк 1,18). Исполнувајќи го своето дело, Христос се покажа како глава и отец на нов народ, кој го „очекува“ (сп. Фил 3, 20) како „Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат“ (1 Тим 4, 10).
Архимандрит Захариј

За да ја надомести неправдата поради нееднаквоста, која проникна во животот на човекот по падот, Христос ја преврте пирамидата на вселенското битие, поставувајќи се Себеси за глава на превртената пирамида. Тој ги понесе гревот и слабостите на целиот свет, воспоставувајќи вистинска правда како неотуѓиво барање на духот и свеста на човекот. Тој му даде подеднаква важност на секој човек, бидејќи на сите им ги даде истите заповеди, како и Својот исклучителен пример, со што никого не го лиши од „искачувањето до највисокото скалило“ на совршенството.

Како што веќе споменавме, суштината на монаштвото се состои од одење по патот на смирението, кој води надолу, до врвот на превртената пирамида. Според мерата со која монахот Му се уподобува на Христос во неговото снижување, тој станува учесник во Христовото духовно татковство. /Но, ова важи не само за монасите, туку и за секој свештенослужител и за секој христијанин./

Монаштвото е превосходно духовен дар на човештвото, кој се негува преку аскетскиот подвиг на послушание. Тоа, пак, се однесува, пред сè, на човековото срце. Главен белег на послушанието е да го открие „длабокото срце“, каде што се наоѓаат начелото и средиштето на личноста (човековата ипостас). Тоа е „местото“ каде што е засеано „нераспадливото семе“ (1 Птр 1, 23) на Божјото слово, кое донесува плод преку подвигот на исполнување на Христовите заповеди. Како што вели отец Софрониј, Бог е благонаклонет кон секое „смирено срце“ (Пс 50, 17). Божјата добрина им овозможува на луѓето „да ги знаат тајните на царството небесно“ (cf. Мт 13, 11). Таквото знаење му е неопходно на духовниот отец, бидејќи го оспособува јасно да ги разликува создадените нешта и несоздадените дарови Божји, та преку овие дарови да може точно и мудро да ја процени секоја животна појава и да ја издигне на духовно рамниште. /Односно, душевната состојба да ја преобрази во духовна состојба./ Полезно е, исто така, неговото знаење да биде што поцелосно, односно да го вклучува целиот опсег на духовни состојби за кои тој ce труди да ги поучува другите.

Искажувајќи го вдахновено неговото воодушевување од делото на духовникот, отец Софрониј вели дека е тоа „и страшно и чудесно: боли, но вдахновува”. Тоа е позив и дар со неспоредлива вредност, кој има највозвишена творечка цел: духовниот отец станува „соработник на Бога во создавањето бесмртни богови“, кои можат да влезат во „вечноста во несоздадената Светлина“.

Духовниот отец го очистува своето срце преку покајание и постојано стоење пред Бога. Едновремено, неговиот ум патува по должината, длабочината и висината Господова. „Слово со неизглаголива сила му се открива на човековиот дух што се моли. Молитвата ги открива и мрачните длабочини на пеколот и светлите небесни предели“. Познанието на овој пат му донесува постојаност и длабок мир. Меѓутоа, за да биде во состојба „ да го почувствува ритамот на внатрешниот живот на секој човек што доаѓа кај него“, полезно е за духовниот отец постојано, со скрушено срце, да наоѓа прибежише во Бога, гораздо молејќи се да му биде откриена волјата Божја и да му биде дадено соодветено слово што ќе го каже заради полза и вдахновение на браќата. Дури и кога разговара со луѓето, „слухот“ на неговиот ум будно внимава во срцето за да ја распознае „Божјата мисла“, првата мисла што се раѓа таму.

Многу тешкотии поднесува духовниот отец, кој – исполнувајќи ја Божјата волја преку покајна молитва – сака да го сподели пророчкото слово со браќата. Словото што доаѓа преку молитва се дава одгоре. Тоа „ни ги открива вечните предели на предвечниот Дух“, кои се, всушност, неискажливи.

Таквото слово натежнува од благодатта на Светиот Дух, а, сепак, треба да им се упати на „душевни“ битија, кои го отфрлаат „она што е од Божјиот Дух“ и го сметаат за „безумство“ (1 Кор 2,14). Ако некој сака да биде преобразен, а не да биде „здробен“ (Мт 21, 44) од словото Божјо, тогаш мора да биде подготвен да прави жртви. Ова слово е дар на Божјата љубов и повик да се стекне таа љубов. Но, оваа љубов раѓа во човекот „цела една низа духовни маки“. Духовното мачеништво е метафизичко и се проширува во вечноста. Поради ова, кога духовниот отец гледа дека чедото дејствува на душевно рамниште и дека не поседува решеност за себеодрекување и за подвиг, тој не се моли за непосредно Божјо слово, туку се смилостивува и му зборува на чедото врз основа на своето човечко искуство. Така, од жал за чедото, тој избегнува да го води кон страшниот грев на богоборство.

(Продолжува…)

 

https://bigorski.org.mk/slova/pouchni/duhovnoto-rakovodstvo-kako-sluzhba-na-pomiruvanje-megju-chovekot-i-bog-i-del/

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1602
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2054
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1809
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…