логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

СЕСТРА ВАСА: ЖИВОТО ПРЕДАНИЕ И СПАСЕНИЕТО ВО ГРАДОТ



Би сакала да поговорам за ова, бидејќи под „град“ јас го подразбирам светот, т.е. местото каде што во денешно време живеат мирјаните и каде што многумина живееле во древниот свет.


 
Би сакала да се ослободиме од премногу распространетата идеја дека живата црковна традиција во градот е нешто многу комплицирано или не „традиционално“, бидејќи, ако си спомнеме за основните факти од историјата на Црквата, Христијанството се распространило и процветало, пред сè, во градовите.
Во древната Црква, Христијанството не се распространувало во селските населби. Освен тоа, токму селските жители најдолго останале пагани. Етимологијата на зборот „pagan“ – незнабожец – е погрешна, тука е важно самото восприемање на зборот, зборот „paganus“ означува „жител на селско место“. Т.е. во историјата на Црквата, незнабошците се поистоветуваат со жителите на селско место. Тоа е првиот факт што сакав да го споделам и да ви напоменам, дека во оние ретки моменти кога Христос говори за Црквата, Он Самиот ја употребува метафората што нè потсеќа на древен град.
 Во 16 глава од Евангелието според Матеј, Он ја произнесува фразата што многумина од нас ги збунува: „Ќе ја изградам Црквата Своја и вратите на пеколот нема да ја надвладеат“.
Не знам дали сте се замислувале над ова, но знаете дека луѓето во војна не користат врата како оружје. Што има Он предвид? Христос овде зборува за високиот орган на политичка власт во Стариот завет. Градските врати биле местото каде што се собирале старешините и ги решавале сложените прашања. Ова подолго време било орган на висока власт за избраниот народ и во посебни денови, наречени моед, тие при вратите ги разрешувале важните прашања. Ова го има во книгата Рут и во Изреките Соломонови.
Односно, Христос ги спротивставува политичкиот орган – ад – и политичкиот орган, така да се изразиме – Божјиот град, којшто е Црквата. За него тоа било толку вообичаено, едноставно градски поим, што Он говори за изградување на Својата Црква во контекст вообичаен за Древната Црква, имено во контекстот на древниот град.
Би требало да напоменам дека во литургиската наука, кога ја изучуваме Литургијата, ние обично систематизираме некакви нешта, и макар што тоа е некакво упростување, сепак ги делиме традициите на христијанската Литургија на катедрален чин и манастирски чин. Денес понекогаш се зборува и за трет: за чин на градско монаштво. Но, она што е важно е дека најстар меѓу овие чинови несомнено е катедралниот чин. Со други зборови, чинот во градовите, чинот на на градските катедрални цркви. Така што службата во градски цркви, всушност е и најтрадиционалната варијанта на христијанско богослужение, затоа што монаштвото, организираното монаштво, се појавува единствено во 4 век.
Што сакам да кажам со сево ова? Сакам да кажам дека мирјаните, луѓето што не живеат во манастири, не треба да поаѓаат од претпоставката дека вистинскиот духовен или христијански живот е достижен само во манастир или некаде во пустина. И не треба да живеете во некое тивко очајание (оние што се мирјани меѓу вас), сметајќи дека ако сопругот или сопругата не починат во блиска иднина, вие никогаш нема да можете да доживеете вистински духовен живот.
Во современото Православие денес, понекогаш може да се сретне сокриена мисла дека на мирјаните не им е достапен вистински духовен живот. И тие, или се стремат да наликуваат на монаси во саботите и неделите, или се надеваат во некаков момент да примат постриг. Но, во суштина, градскиот соборен живот е совршено автентичен и традиционален христијански живот. Всушност, тој и претставува првична оригинална форма на христијански живот.
Сега би сакала да го обратам вашето внимание на тоа, дека зборот „традиција“ потекнува од латинскиот „tradere“ – предава, доставува. Традицијата е социјална: за да може таа да постои, за да може таа да се предава, потребни се луѓе. Традицијата најефективно се предава онаму каде што има многу луѓе. Традицијата најефективно се предавала и се предава во големите и мали градови, какви што сега има и какви што имало во древниот свет. Затоа ние што живееме во градови не треба да очајуваме.

3.angeli.so.truba
 
Најдревните форми на светост исто така се социјални. Самото наше постоење во Црквата претпоставува постоење на други луѓе. Спомнете си за таква древна форма на светост, каква што е мачеништвото: μάρτυς значи „сведок“. За ништо не можеш да сведочиш, ако ги нема оние пред коишто сведочиш. Или исповедник – Ὁμολογητής коешто значи кога ние говориме Ὁμο и λεγειν, т.е. го говориме истото, но постои и друг човек со којшто заеднички го говориме истото. Така што сите овие појави се социјални и сите ние во тој организам, кој го нарекуваме Црква, заеднички се спасуваме.

(продолжува)

Превод You Tube: Јереј Георгиј Глигоров

За Преминпортал подготви: Дејан Блажески

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1121
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1241
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1120
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…