логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

ПАСХА
РАДОСТ
ЕВХАРИСТИЈА
МОЛИТВА
ИСХОД
НЕБЕСА

Да не се плаши срцето ваше; верувајте во Бога и во Мене ве¬рувајте.
Во домот на Мојот Отец има многу места за живеење. А да немаше, зарем Јас ќе ви кажев: ’Одам да ви приготвам место?‘ И кога ќе отидам да ви приготвам место,
пак ќе дојдам, и ќе ве земам вас кај Себе за да бидете и вие каде што сум Јас.
А каде одам Јас знаете, и патот го знаете...
(Јован 14, 1–4)

Православната Црква, како здрава и терапевтска средина,
не може да поддржува и да негува никаква патологија во себе.
– Митрополит Струмички Наум

Култот на гробниците и спомениците не е христијански култ, зашто во христијанството
не се говори за растворување во природата на дел од материјата, што била нечие тело, туку за воскресение на животот во целата негова полнота и целосност, остварени со љубовта.
– отец Александар Шмеман

Во Црквата со зборот премин се објаснува тајната на Воскресението. Премин од смрт во живот, што пак, е превод на еврејскиот збор пасха. Пасха во Стариот Завет беше збор со кој се означуваше преминот на избраниот народ Божји од египетското ропство во слобода, но патот до слободата на Израилот сè уште не беше реализирана Пасха. Христос, пак, нашата Пасха, Кој со Својата Крв го скина списокот на нашите гревови, како што стои во разрешителната молитва пред да се даде благослов за Причест, го реализираше преминот од противприроден начин на живот во природен, од крсна смрт до Воскресение. Навистина, поради приврзаноста кон страстите, на кои им робуваме, преку човекот и сиот свет талка низ животот како и богоизбраниот народ низ пустината, предводен од Мојсеј. Но, Христос не нè води по заобиколен пат, туку Он е патот, вистината и животот (Јн. 14, 6). Сега, ние, како крстени и од Бога избрани во благодат, нема потреба да талкаме за да стапнеме на ветената земја, туку ветената земја, како и патот, ни се дарувани во Литургијата, предвкусот на Небесното Царство, кое исповедаме дека го очекуваме. Во Христос не можеме да зборуваме за идни времиња како во Стариот Завет и за очекување на Месијата, туку за веќе реализирана и остварена цел на единство, која се исполнува во литургискиот миг со сета полнота на вечноста. Да, исповедаме дека го очекуваме воскресението на мртвите и животот во идниот век, или, како што ќе рече светиот апостол Павле, и тварите, т.е. светот, го очекуваат прославувањето на синовите Божји (Рим. 8, 19), преку сеопштото воскресение што ќе се случи. Ние, пак, тоа го имаме веќе овде и сега, во Литургијата на Црквата, причестени со Христа веќе во животот на идниот век.
Премин од душевност кон духовност, како што ќе спомне Митрополитот Струмички Наум, т.е. од противприроден во природен начин на живот, премин од очистување на срцето кон просветлување на умот, од просветлување на умот во обожение на духот, душата и телото. Сè тече, сè се менува, како што велел Хераклит во антиката, и сè тече, се преминува низ Пасхата: смртта во живот, распадливото во нераспадливо, временото во безвремена вечност, просторното во беспросторен простор, душевно-телесното во духовно (1 Кор. 15). Тоа, всушност, им го покажал Христос на апостолите на гората Тавор (Мт. 17, 1–10) со Преображението, но тоа можеле да го разберат по Неговото Воскресение, и да го усвојат како реалност на Педесетница. Тоа преминување во несоздадената светлина го означува и она: Неговото Царство не ќе има крај.
И, сега, што е со нас? Ние некаде заглавуваме! Иако крстени со вода, за да ни тече лесно, и со Дух, Кој ги отстранува препреките за да црпиме благодат врз благодат, сакаме да талкаме во пустината на страстите, и покрај вода и Дух (Јн. 3, 5); и покрај Самиот Син Божји како наш пат, вистина и живот, сакаме да талкаме за никогаш да не стигнеме во Небесното Царство, каде што Отецот ни подготвил многу домови за живеење. Ако не беше така, Господ вели: Јас ќе ви кажев (Јн. 14, 1–4). И покрај сето она што е направено за нас – ова секогаш го повторувам – крстот, гробот, тридневното Воскресение, слегувањето во адот, Вознесението, уште и Второто и славно доаѓање, ние повторно сакаме да талкаме. Или сме дрско храбри, или сме глупави. А дека не сме храбри, да се провериме на следното искушение. Без Мене, не можете да направите ништо, сведочи Христос (Јн. 15, 5), а кој од нас може да се спротивстави на зборовите на Живиот Бог (Евр. 10, 31)? Тоа не го прават ни демоните по кои се поведуваме.

1.    Покајание – и тоа е суштествен премин, оти е суштествена промена дека ја отфрламе статичната неактивност на гревовниот живот, а се определуваме за динамичната активност на новиот живот во Христа.
2.    Пост – и тоа е премин, од ненаситност до ситост, од ситост до глад и жед по Бога. Премин од невоздржување кон воздржување, каде главната храна е молитвата, оти не само од леб ќе живее човекот, туку од секој збор што излегува од устата на Бога (Мт. 4, 4), а Исус Христос е тоа живоносно Слово од коешто се храниме, непрестајно, за да благодариме и за тоа со што се храниме.
3.    Причест – небесна мана што нè храни нас, талкачите на страсти во оваа пустина на привременоста. И тоа е премин – преку потребноста на тварите до тоа дека Само Он ни е потребен, дека Неговото Тело е вистинско јадење, а Неговата Крв е вистинско питие, премин од храна за распадливост (леб и вино) во храна за нераспадливост (Тело и Крв), која ги чисти нашите гревови, овде и сега, во Црквата (Јн. 6, 53–57), за да нè облече во свадбена облека на непорочноста, дадена во Крштевањето, украсена со добри дела, за да влеземе во свадбената радост на Отецот (Мт. 22), преку Христа Исуса во Светиот Дух, стапнати на ново небо и нова земја (Откр. 21, 1).

...И, сè ќе премине, а само Неговите зборови ќе останат (Мт. 24, 35); или поточно, само Он ќе остане, а преку Него и во Него сè. А, нашите зборови нека бидат според Преданието, умно-срдечни: Господи Исусе Христе, помилуј нè. По молитвите на Богородица, помилуј нè, по молитвите на светите Климент и Наум Охридски, помилуј нè... за да не биде нашиот премин од шупливо во празно, туку во полнота.

P.S. Благодарност за укажаната чест, и срдечни честитки за јубилејот. Господ да им дарува неизмерно изобилие од сè на сите што се потрудиле за ова списание, а и ова писание да види бело видело.
Не преминувајте сами, земете го и ближниот, тогаш ќе бидеме подобни на Пресвета Троица.

 

Извор:

ПРЕМИН бр.143/144

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1118
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1225
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1110
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…