логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

 Во Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (INALCO/ ИНАЛКО) e промовирана книгата Имагинарни музеи (Les musées Imaginaires) од Владимир Мартиновски


На 12 јуни 2014 година во Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации (INALCO/ ИНАЛКО) e промовирана книгата Имагинарни музеи (Les musées Imaginaires) од Владимир Мартиновски. Книгата е во издание на реномираната издавачка куќа Ларматан, а е објавена во 2009 година, на француски јазик.
Станува збор за компаративна студија во која се проследува дијалогот меѓу поезијата и сликарството, преку анализа на поетски дела од шест поети од три различни литературни традиции: француската (Шарл Бодлер и Ив Бонфоа), американската (Вилијам Карлос Вилијамс и Џон Ешбери) и македонската (Славко Јаневски и Влада Урошевиќ).
Според проф. д-р Микеала Симингтон, „во шест поглавја, Владимир Мартиновски го истражува проседето кое овозможува да се промислува односот пишување-сликање во целата негова комплексност. Третраниот корпус е мошне богат и компаратистички: анализираните текстови се од американската, француската и македонската книжевност. Авторот ја покажува целисходноста на неговата тема преку анализата на „ликовниот Пантеон“ на поетите, анализа која резултира со преиспитување на прашањето за поимот на мимезисот. Кохерентноста на трудот и оправданоста на корпусот се овозможени преку прецизното реферирање на поимот екфразис“.       
    Според проф. д-р Еди Бурауи, „Владимир Мартиновски не само што овде ни нуди сиптилна анализа на шест мултикултурни поети туку и една продлабочена и нијансирана студија на значењето на поимот екфразис и на неговите безброј комплексноти и импликации во уметноста воопшто“.   „Имагинарни музеи е суштествена книга за подобро да се разберат интеракцијата и проникнувањето на поезијата и на ликовните уметности“ – вели проф. Бурауи.
    Промоцијата е во организација на Центарот за балкански студии во рамките на ИНАЛКО, а по иницијатива на професорката Фроса Пејовска-Бушро.

Kликер Книги



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

Жарко Ѓоргиевски: ЕВАНГЕЛИЕ ЗА ЗЕМНИТЕ ГРИЖИ

  Господ Исус Христос донел со Себе и претставил пред луѓето безбројни и незамисливи богатства небесни и ги поканил сите да земаат без мерка, јавно и слободно, но само под...

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кој се допре до Мене? (04.12.2021)

  На првиот степен од духовниот раст вистинско допирање до Христос е очистувањето на срцето од страстите преку исполнувањето на Неговите заповеди, во рамките на целосрдечното послушание. На вториот степен...

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората...

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свињарски идентитет (27.11.2021)

Зошто не Го примаме Богочовекот Христос? Поради задоволувањето на нашите страсти, кои ни станале поважни од Него. Примерот со луѓето од земјата Гадаринска ни покажува дека ним им беа многу...

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

« »