TviTER929

fb  Anita Gibson

,,Во вашата рака држите дел од Израел“


Јунит 8200, TikTok, VPN и дигиталната окупација на светот
Кога Бенјамин Нетанјаху пред неколку години рече:
„Ако во рака држите мобилен телефон – тогаш држите и дел од Израел“!
Ова повеќето го доживеаја како арогантно фалење. Но денес, со откритијата за Унит 8200 и неговите луѓе распослани во Google, Microsoft, Facebook, TikTok, па дури и во VPN сервисите, станува јасно: тоа не беше фалење. Тоа беше признание.
Телефоните, апликациите и „безбедносните алатки“ што секојдневно ги користиме се претворени во оружје на глобална контрола. И тоа не е теорија на заговор, туку факт документиран од истражувачки новинари и сведоштва од внатрешни извори.

Што е Унит 8200?
Единицата Унит 8200 е најмоќниот сајбер апарат на израелската армија. Нарекуван „Харвард на Израел“, таму се селектираат најдобрите млади математичари и програмери. Обуката е воена, но вештините се дигитални:
• масовно прислушување,
• хакирање комуникации,
• креирање на психолошки профили за уцена,
• управување со бази на компромитирачки податоци.
Како изгледа тоа на терен во Палестина?
• Израелските војници на контролните пунктови ги знаат имињата на луѓето пред да им ги побараат личните карти.
• Секој разговор на WhatsApp е предмет на прислушување.
• Ако некој Палестинец има афера, е болен или е геј – таа информација не останува приватна. Се користи како оружје: „Соработувај со нас, или ова ќе го дознае твојата фамилија.“
Еден од најшокантните примери за тоа колку длабоко може да оди злоупотребата на технологијата за прислушкување
дојде од Блискиот Исток. Израел преку својот
„Unit 8200“ – елитната воено-разузнавачка единица за кибер и дигитална шпионажа – успеа да го претвори мобилниот телефон во оружје.
Во нападите врз Либан, телефоните на целни лица не беа само следени, туку и користени како дигитални тракери: преку нив Израел ги лоцираше објектите и движењата на противниците, по што следуваше артилериски или воздушен удар. Тоа значи дека самиот уред кој луѓето го носат во џеб – симбол на приватноста и комуникацијата – стана сигнал за уништување. Таквите методи ја надминуваат класичната идеја за прислушкување како „слушање разговори“ и влегуваат во нова фаза на воено-контролна технологија:
мобилниот станува и микрофон, и камера, и координата за дрон...

Од окупација на Палестина до окупација на интернетот
Она што прво беше тестирано врз Палестинците, денес е извозено во целиот свет.
• Pegasus spyware – користен за шпионирање на претседатели, новинари и активисти. Дури и Емануел Макрон беше на мета.
• Project Lavender – вештачка интелигенција која автоматски креира „kill lists“ во Газа, давајќи „поени“ на секој жител според тоа колку е веројатно да е дел од Хамас.
Сега истите тие луѓе кои ги развиваат овие алатки седат во канцелариите на Google, Microsoft и Facebook.

Silicon Valley = колонија на Унит 8200
Истражувањата открија стотици поранешни офицери од Унит 8200 вработени во најголемите компании:
• 99 во Google,
• 166 во Microsoft,
• десетици во Amazon, Meta и TikTok.
Овие луѓе не пишуваат само кодови. Тие се дел од тимови за Trust & Safety и Content Moderation – што значи: тие одлучуваат кои содржини ќе ги гледаме, а кои ќе исчезнат.
Примери:
• Еми Палмор – член на Facebook Oversight Board, поранешен директор во израелското Министерство за правда. Таа одлучува што е „прифатливо мислење“ за 3 милијарди корисници.
• Реј Медалион – поранешен командант во Унит 8200, денес главен за „глобални инциденти“ во TikTok. Но се' зависи кои „инциденти", кои Палестински видеа, и кои Антивоени движења...

TikTok и договорот САД–Кина: новата колонизација
САД најавија забрана за TikTok, но наместо тоа, се постигна договор: американска компанија ќе управува со апликацијата во САД. Таа компанија е Oracle.
Oracle не е „само бизнис“. Нејзиниот основач Лери Елисон работел на проекти за ЦИА. Денес е најголем приватен донатор на израелската армија.
Со ова, TikTok – најважната апликација за младите, со над милијарда корисници – ќе биде под контрола на корпорација која е и продолжена рака на ЦИА, и финансиер на израелската војска.
Тоа значи дека генерацијата Z, која формира идни протести и политики, е ставена под двојна цензура – од Вашингтон и Тел Авив.

VPN: скапа стапица
И додека луѓето плаќаат и по 110 фунти годишно за VPN сервиси, верувајќи дека така ја бранат приватноста, вистината е поинаква.
VPN-ите Hola VPN, SaferVPN и Urban VPN – меѓу најкористените во светот – се основани и водени од луѓе со потекло од Унит 8200.
Значи, луѓето кои плаќаат за приватност, всушност плаќаат да бидат следени. Ова е најсовршената стапица: човек мисли дека е заштитен, а всушност токму таму е најранлив.

Алгоритмите како невидливи диктатори
Алгоритмите не се само технички решенија – тие се невидливи уредби.
• Може да ја потиснат видливоста на протест или револуција.
• Може да ја зголемат популарноста на „безопасни“ или манипулативни содржини.
• Може да создадат илузија дека „сите мислат исто“ – иако реалноста е сосем нешто трето.
Затоа денес смевсведоци на луѓе кои инаку се со високо образование и со натпросечна интелигенција, но се заглавени во матрица од лажни вести и пропаганда.
Тоа е резултат на систем кој е програмиран да создава послушници во оваа психолошка војна. Пример, ако филан доктор ,, мисли" дека вакцините се безбедни и ефикасни, кои се другите да го негираат..

Македонија мало но јасно огледало....
Македонија стана мало, но јасно огледало на тоа како глобалните технологии за безбедност се претвораат во оружје за шпионажа и политичка контрола.
Технологијата за прислушкување во земјата не е плод на домашна иновација, туку на увоз од светски центри на дигитален надзор – IMSI catcher-уреди од британската Gamma International,
системи за „lawful interception“ преку словенечката Iskratel, па сè до индикации за израелски траги во моделот на работа налик на „Unit 8200“,
симболот на глобалната кибер-шпионажа.
Сите овие алатки, формално создадени за борба против тероризам и криминал, во Македонија беа злоупотребени за масовно и нелегално прислушкување на илјадници новинари, активисти, дипломати и политичари – трансформирајќи ја државната безбедносна служба во апарат за партиска уцена.
А и денес, во 2025, новите скандали сведочат дека оваа инфраструктура не е целосно демонтирана, туку останува темна сенка врз општеството, дел од истиот глобален тренд каде што технологијата за надзор не го штити граѓанинот, туку го држи под постојан микроскоп на моќта.
Заклучок: дигитална окупација
Нападите со бомби се видливи. Дигиталната окупација е невидлива – и затоа е поопасна.
Денес, не станува збор само за Палестина. Станува збор за сите нас:
• За нашите телефони, кои се претворени во шпионски уреди.
• За нашите апликации, кои се центри за пропаганда.
• За нашите VPN сервиси, кои се стапици.
Нетанјаху беше искрен: во нашите раце држиме „парче Израел“.
Прашањето е – ќе дозволиме ли оваа дигитална окупација да стане трајна реалност?