Прашање од Елизабета:

Каде да најдам акатист за здравје на нечија душа?

Bogorodica.st.jpg

Одговор:

Акатистот е најпрво поздрав, радост и пофалба на Пресвета Богородица. Тој прв акатист кој се вика Благовештенски, е состав на непознат химник, настанал некаде кон крајот на шестиот или во почетокот на седмиот век. Прв пат неговата употреба е забележана за време на византискиот цар Ираклиј и патријархот Сергиј, кога Цариград бил под опсада на Авар и персискиот цар Херзеј, и со чудо Божјо по молитвите на Богородица е спасен од опсадата. И тогаш (8 август 626 г), сиот народ и пеел химна на /мајката Божја и Логосот, цела ноќ.

Од тогаш се именува и Акатист (неседален), и за време на неговото читање се стои. Со својата убавина и складност, акатистот на Пресвета Богородица послужил да се напишат и многу други акатисти посветени на другите Божји угодници, па така ние денеска имаме акатист речиси на секој светител.

Како одговор на вашето прашање кој акатист да се чита за здравје, би ви ги препорачале акатистите на светите бесребреници Козма и Дамјан, Пантелејмонј, св. Харалампиј,  св. ап. Лука,  кои и за време на својот живот со својата служба и Божја помош мнозина ги лекувале, и на св. Харалампиј и св. Наум Охридски кои се особено познати по лекуванјето на немоќните и душевно и телесно. Се разбира и секојдневниот акатист на Пресвета Богородица (Благовештенски) според кој се направени сите други. Фала Му на Бога, сега Акатистите ги има и со македонски превод во издание на манастирот посветен на св. Атанасиј Велики во Журче, а може да се набави од повеќе манастири и црковни продавници во Македонија. Господи помилуј!

 п.п/з.д.

Друго:



Од издавштвото на манастирот на св. Атанасиј Велики, с. Журче