логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 7 август (МИА) - Четириесет и вториот Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура оваа година ќе се одржи од 10 до 27 август во Охрид, во Конгресниот центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, под покровителство на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски на денешната прес-конференција посочи дека на семинарот ќе учествуваат 90 слушатели, странски слависти, македонисти, балканисти, историчари, етнолози, универзитетски професори, научни работници, преведувачи и студенти по македонистика, славистика и по балканистика од 27 земји.

- Првпат државата го финансира семинарот со повеќе средства, отколку што беше минатите години. Оваа година од Министерството за образование и наука има 2,6 милиони денари и 400.000 денари од Министерството за култура, а семинарот чини околу 5 милиони денари, рече Стојковски.

Ректорот Стојковски изрази надеж дека финасирањето на семинарот ќе продолжи и дека ќе се најдат можности и за финасирање на лекторатите во странство зашто тие се од интерес на Република Македонија.

Директорката на семинарот проф. д-р Емилија Црвенковска рече дека на собирот во Охрид главен акцент ќе биде изучувањето на македонскиот јазик и оти затоа тој се одржува, да се воведат сите учесници од странство во тајните на нашиот јазик.

Таа додаде дека учесници на семинарот се главно студенти кои го изучуваат македонскиот јазик во лекторатите низ светот, но оти ќе има и бројни научни работници, како истакнатите македонисти академиците Ала Шешкен од Русија и Иван Доровски од Чешка,  професорите Кшиштоф Вроцлавски и Јан Соколовски од Полска, Волф Ошлис од Германија, Стивен Френкс од САД и други.

- Наставата ќе се одржува со задолжителни  секојдневни лекторски вежби, курсеви по избор од македонскиот јазик, македонска литература, старословенски јазик, археологија, како и курс по народни ора. И оваа година продолжува со работа преведувачката работилница, а ќе се работи превод од и на руски, англиски и полски јазик наспрема македонскиот. За слушателите се предвидени и по едно до две предавања дневно од областа на македонскиот јазик, литература, култура и историја што ќе ги одржуваат еминентни специјалисти од земјава, рече Црвенковска.

Таа посочи дека новина во  програмата е драматуршката работилница што ќе ја води истакнатиот драмски автор Горан Стефановски и оти по првпат се организира и  претставување на млади научни кадри кои покажуваат резултати во областа на македонскиот јазик и култура.

Во рамки на семинарот, на 24 и 25 август ќе се одржи и 36-та научна конференција, која работи во две секции - лингвистичка и литературна. Темите на лингвистичката секција се „Лексичката синонимија во македонскиот јазик“ и „Структурата на простата реченица во дијалектите на македонскиот јазик“. Темите на литературната секција се „Научното и критичкото дело на Димитар Митрев“ и  „Македонската литература во европски контекст“. На конференцијата ќе учествуваат околу 70 научни работници од земјава и од странство.

На семинарот ќе бидат претставени повеќе изданија, како собраните дела на Милан Ѓурчинов, Антологијата на македонскиот расказ во превод на руски од Олга Пањкина.

Семинарот и оваа година има сопствена издавачка дејност, покрај редовните изданија од минатогодишните предавања и од Научната конференција, издаден е и учебник по македонски јазик за странци, како и збирка со народни песни. 


Во културната програма на Меѓународниот семинар ќе се претстават истакнати уметници од Македонија, поетите Гане Тодоровски и Матеја Матевски, а ќе биде претставено и творештвото на скулпторот Томе Серафимовски. Ќе бидат прикажани и неколку македонски филмови.

За слушателите на семинарот ќе се организира посета на значајни археолошки локалитети, музејски збирки и претставување на најновата македонистичка издавачка продукција. За учесниците на Меѓународниот семинар се организираат и екскурзии за запознавање со природното и културното богатство на Македонија. мд/са/11:48



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная