логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Почитувани,
 

            Ве информираме дека на 21 јуни 2014 година, со почеток во 20.30 часот, во организација на НУ Национална галерија на Македонија, на локација на ул. Јордан Мијалков (поранешна ул. Железничка) бр. 28, ќе биде презентиран проектот МО(НУ)МЕНТ на реномираниот македонски уметник Гоце Наневски. Проектот е составен од комплексен објект со димензии 5500 х 3295 х 2250 мм и видео проекции.
          

            Гоце Наневски е роден во 1974 година во Скопје, Република Македонија. Во 1996 година дипломирал на УКИМ, Факултет за ликовни уметности - Скопје, во класата на  проф. Васил Василев. Во 2002 година магистрира вајарство на ФЛУ Скопје. Од 2004 работи на ФЛУ, предава вајање, вајарски техники и цртање, во моментот е актуелен продекан за настава.  Досега има реализирано над 15 самостојни изложби во Скопје, Велес (Македонија), Бања Лука, Сараево (Босна и Херцеговина), Њујорк (САД), Никшиќ (Црна Гора), а учествувал на голем број групни претставувања во Виена (Австрија), Њујорк, Лос Анџелес (САД), Неапол, Трст (Италија), Скопје, Битола, Велес (Македонија), Каиро (Египет), Брисел (Белгија). Горњи Милановац (Србија), Сараево (Босна и Херцеговина), Калдас да Раиња (Португалија), Варна (Бугарија). Во 2009 година е официјален претставник на Република Македонија на 53то Венециско биенале во Венеција (Италија).

 
            (Во прилог Ви испраќаме комплетна биографија на авторот, текст од каталогот и фотографии)

 
            Проектот „МО(НУ)МЕНТ“ е дел од програмските активности на НУ Национална галерија на Македонија за 2014 година и е финансиран од Министерството за култура на Република Македонија. Партнер на овој проект, кој се презентира во рамките на Манифестацијата „Скопско лето“ е Дирекцијата за култура и уметност - Скопје. Спонзори на продукциската изведба на мега-проектот „МО(НУ)МЕНТ“ се МЗТ-Пумпи и Сектор филм, а во реализацијата на истиот се вклучени голем број соработници.

            Одговорен кустос на проектот е Маја Чанкуловска-Михајловска.

            Проектот ќе биде достапен за јавноста до 30 јуни 2014 година. Заради специфичните техничките потреби, локацијата на која е поставен објектот ќе биде отворена за посетители секој ден (освен недела), во период од 20.30 - 22.00 часот.
 

            Со почит,

            Национална галерија на Македонија


Inline image 1


--
Nacionalna galerija na Makedonija
Odnosi so javnost i marketing
tel. +389 2 3126 856
fax. +389 2 3109 566
http://www.nationalgallery.mk
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная