логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола ќе ја продолжи аукцијата на слики од годинешната меѓународна ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ поради зголемено интересирање. Средствата што се собираат од продадените слики се наменети за доизградба на манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, чиј ктитор беше Тоше Проески.

„Замислата беше аукцијата да трае три дена, но, сепак, одлучивме да продолжи до Петровден, бидејќи не стивнува интересот за купување слики создадени од децата од сите страни на светот“, изјави раководителот Коста Хаџи-Антоновски, кој објасни дека најмногу се купуваат сликите со портретот на Тоше, мотиви од Крушево, но и мотиви од Битола и од Охрид.

Хуманитарната аукција на слики од „Мал битолски Монмартр“ се одвива во салонот на детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“, во Старата битолска чаршија. (МИА)



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie