логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Охрид, 17 јуни (МИА) - Во Охрид од денеска до 23 јуни ќе се одржи работилница „Синема денс“ на која ќе учествуваат 50 студенти од завршните години на филмските академии од шест балкански држави, како и идни филмски работници од Чешката академија за филм ФАМУ.

Идните дипломци од седмата уметност од Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Албанија и Црна Гора, распределени во групи во улога на продуценти, сценаристи, режисери и кинематографи ќе изработат два кратки филма што ќе бидат прикажани на крајот на работилницата.

Оваa работилница е прв проект од овој вид што угледната филмска академија ФАМУ ја организира во регионот на Балканот. Проектот кој е поддржан од филмскиот фонд на Република Македонија, има за цел унапредување на соработката на идните филмски работници и творци на регионално ниво, како и промовирање на креативност и мултикултурна разбирање. аб/са/15:43



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie