логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Поклоничко патување Тетовско- Гостиварската епархија, Жилчанска парохија.

Програма
1.
На ден 04 окт. 2025
(сабота) се организира поклоничко патување со присуство на Света Божествена Литургија во црквата св.Атанас село Ратае. Богослужбата ќе ја води ревносниот отец Александар .

2.
Посета на Лешочки манастир- поклонение на моштите на Свети Кирил Лешочки , иконата на Пресвета Богородица Лешочка кои се чуваат во манастирската црква Св Атанасиј .
Поклонение на Светата Плаштаница на Пресветата Богородица која се чува во старата манастирска црква посветена на Успението на Пресвета Богородица.

Мал одмор во кругот на манастирот и ресторанот.

3.
Посета на манастирскиот комплекс Свети Ѓорѓи Победоносец во Мала Речица каде што ќе се поклониме на икони дарувани од Русија, од наши македонски поклоници осветени на чудотворни мошти :
Свети Серафим Саровски, Богородична икона УМИЛЕНИЕ,
Света Ксенија Петроградска,
Света Марија Гатчинска ,
и копија од Оригиналната икона на ПРЕСВЕТА ТРОИЦА.
Сите икони се осветени на моштите од самите светители.
Срдечен и топол прием од домаќините на манастирот, со радост од нашата сестра во Христа, Елизабета .

🕖🚌
Поаѓање од Скопје во 6:45 ч пред црквата Рождество на Пресвета Богородица спроти МАНУ.

Враќање во Скопје во попладневните часови по договор.

Цена 500 ден.

Контакт Жана :
078 464 844

*Се молат верниците да бидат пристојно облечени,жените со себе да понесат здолниште и марами,мажите во пантолони ,блузи или кошули со долги ракави.

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

01/10/2025 - среда

Св. Евмениј, епископ Гортински на Крит; Св. маченичка Аријадна; Св. маченик Бидзин, кнез Грузиски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт  2 октомври/19 септември 2025

Тропар на св. Христови мч-ци Саватиј, Трофим и Доримедонт 2 октомври/19 септември 2025

Во Троица славениот Бог,тројцата маченици ги прослави,Трофим, и Саватија и Доримедонт:

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 1 октомври/ 18 септември  2025

Тропар на светиот Христов епископ преподобен Евмениј Гортински 1 октомври/ 18 септември 2025

Милостив Евмение, пастиру Христов,со помош Божја себе најпрво се излечи,соблекувајќи го стариот човек телото го умртви,

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 30 септември/17 септември   2025

Тропар на св.Христови мч-чки Вера Надеж и Љубов и нивната мајка Софија 30 септември/17 септември 2025

Блажени сте вие о маченици Христови, Вера, Надеж, и Љубов,ќерќи на Софија која е напоена од Мудроста,ве приведе не само...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная