логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи за 2020 година, при што наградата Книжевен круг за проза припадна на ракописот „Фауст го трча плебејскиот круг“ од писателот Стефан Марковски.

За збирката раскази на Марковски во освртот кон книгата, претседателката на Битолскиот книжевен круг, Елизабета Јончиќ подвлекува:

Ова дело е карактеристично по структурната поставеност во нарацијата. Содржи шест елементи од коишто е составена целината. Иако шесте приказни се одделуваат сами за себе како посебни целини, имаат заедничка матрица во планот на изразот. Структуирани се како раскази но се чувствуваат драмски елементи, динамички покренувачи на дејство и статички мотиви коишто ги опишуваат одредените ситуации. Авторот многу вешто прави комбинација на лирски и драмски компоненти во текстот.

На планот на содржината впечатливи се ликовите на протагонистите од расказите. Секој од нив е носител на одреден морален и социјален концепт, реален или имагинарен. Спрема начелото на разновидност во единството гледната точка започнува од мотивациските ставови во насловот, тогаш имаме: „Фауст“, еден од вечните ликови во литературата поставен како протагонист потоа „брзото одење“, типична ситуација исполнета со динамика, и „плебејскиот круг“ синтагма – знак што претходно ја најавува нераскинливата врска на обесправената и осиромашена лична слобода на „нискиот“ човек, со симболот на единството и севкупноста – кругот.

Промоцијата на наградената книга на Марковски ќе се оддржи во рамки на манифестацијата Битолски книжевни паметења на 31.10.2020 (сабота) во 12.00 во библиотеката „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат промовирани и останатите наградени ракописи на конкурсите за поезија и книжевна критика, стихозбирката „Манастир од мисли“ од Кире Неделковски и книгата осврти „Профили“ од Весна Мундишевска Велјановска.

 

Извор:

https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/kultura/%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%84%D0%B0%D0%BD-%D0%BC%D0%B0%D1%80%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D0%BE-%D0%B7%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D1%80%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%B7%D0%B8/?fbclid=IwAR3tsqN6gHoVp_tMqV-a-hEwXo7xplfMRgRTgxkeofFqGopgNeZrG1chLPM



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная