логоFacebookTwitterYouTubeeMail

МАКЕДОНСКАТА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ
ФИЛОЗОФСКОТО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА, 
И
АМБАСАДАТА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
– СКОПЈЕ
имаат чест да Ве поканат на
ПРЕДАВАЊЕТО
на
Стефан Прист
БРИТАНСКИTE ЕМПИРИСТИ III:
ЕЈЕР И ЛОГИЧКИОТ ПОЗИТИВИЗАМ
Stephen Priest
THE BRITISH EMPIRICISTS III:
AYER AND LOGICAL POSITIVISM
МАНУ, 5 февруари 2015 година (четврток),
12.00 часот

Обраќања на:
- академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите
- проф. д-р Иван Џепароски, раководител на Институтот за филозофија, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје
- г-дин Љупчо Митковски, претседател на Филозофското друштво на Македонија
- Неговата екселенција г-дин Чарлс Гарет, амбасадор на Велика Британија во Република Македонија

Стефан Прист е професор по филозофија на Блекфраерс Хол (Blackfriars Hall),  еден од најстарите колеџи на Оксфордскиот универзитет. Член е и на Колеџот Волфсон (College Wolfson), Оксфорд и на Хјуџиз Хол (Hughes Hall), Кембриџ.
Автор е на повеќе дела, меѓу кои позначајни се: Британските емпиристи (The British Empiricists, Penguin, 1990), Теории за умот (Theories of the Mind, Penguin Books and Houghton Mifflin, 1991), Мерло-Понти (Merleau-Ponty, Routledge, 1998), Субјектот доведен во прашање (The Subject in Question, Routledge, 2000),
Ниче и Зен (Nietzsche and Zen, University of Oxford, 2007), Кантовиот напад на картезијанскиот дуализам (Kant’s Attack on Cartesian Dualism, University of Oxford, 2007).
Бил и уредник на: Хегеловата критика на Кант (Hegel′s Critique of Kant, Oxford University Press, 1987) и Жан-Пол Сартр: Основни списи (Jean-Paul Sartre: Basic Writings, Routledge, 2001), Филозофски речник (A Dictionary of Philosophy, Macmillan, 2002 – соуредник со Антони Флу / Antony Flew).
Предавал на универзитети во САД и Европа. Неговите дела се преведувани на холандски, шпански, руски, јапонски и корејски јазик. Во 2007 година во МАНУ е промовирана неговата книга Теории за умот, во превод на д-р Ристо Солунчев (Аз-Буки, Скопје).



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie