логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 




Односот на децата кон родителите, како во огледало го одразува односот на родителите кон Бога. За да се променат децата пред сè е неопходно пред Бога да се променат родителите. Да се бара од другите повеќе отколку од себе е далеку полесно и поедноставно.

Современиот родителски свет е полн со роптање и негодување:

- „Какви непослушни деца, тоа е нешто неверојатно! Му велам: ,Оди во продавница‘ – не сака да оди. ,Намести си го креветот‘ – не сака да го намести. ,Измиј садови‘ – ни со прст да мрдне. Немам веќе сила, во гроб ќе ме отера…“

Драги родители! Сетете се што ви доверил Бог секојдневно да извршувате. Ако сфатите дека вие тоа во соодветна мера не го вршите, гледајќи ì на вистината во очи, ќе откриете едноставна вистина: вашите деца се угледале на вас. Децата се бунтуваат затоа што вие се бунтувате против оние кои Бог ги поставил над вас: против власта, против шефовите на работа, против пастирите на Црквата. Децата ви се непокорни затоа што вие сте непокорни на Бога. Децата станале рамнодушни кон вас, затоа што вие сте станале рамнодушни кон Бога. Децата не гледаат во вас духовен авторитет затоа што Бог престанал да биде ваш Покровител. Децата се огледало на своите родители.

Ако сакате да ги промените децата, морате вие да се промените пред небесниот Отец. Промените во вас неизбежно ќе повлечат со себе и промени во вашите деца. За да ги воспитувате во учењето Господово, неопходно е и самите да пребивате во него, да бидете проникнати од него, да живеете со него. Пази на себе и на науката, истрај во тоа; бидејќи ако го правиш ова, ќе се спасиш себеси и оние кои те слушаат (1. Тим. 4, 16), т.е., жената, децата и сиот дом.

Детската душа е кршлива. Колку лесно може да се уништи никулецот на Човекот со голема буква, колку е лесно со својата грубост да ја згазиме пупката на Божествената избраност и призив сугериран со чувството на помала вредност. Што ќе станат нашите деца? Дали тие ќе останат во ропството на страстите на овој свет или ќе бидат синови на слободата во Христа? Свети Јован Златоуст рекол: „Детската возраст е нежна, детето брзо го усвојува она што другите му го кажуваат; како печат на восок се втиснува во душата на децата она што тие го слушаат. Со самото тоа и нивниот живот почнува да се насочува или кон порок или кон добродетел. Затоа, ако на самиот почеток и, така да кажам, во предвечерието тие се заштитат од пороци и се насочат на подобар пат, во иднина тоа веќе ќе се претвори во навика и како во втора природа, па тие нема толку лесно и со своја волја да се свртуваат кон најлошото, затоа што навиката секогаш ќе ги привлекува со добрите дела“.

Јас и Отецот едно сме (Јован 10, 30) – рекол еднаш воплотениот Син Божји, давајќи ни образец на односите помеѓу Родителот и Синот. Дали денес многу деца можат достоинствено да ги повторат овие зборови во врска со своите односи со своите родители?

Господ ги чека нашите деца. Пуштете ги децата и не бранете им да доаѓаат при Мене (Мат. 19, 14). Еднаш Го запрашале Исуса Христа: Љуби Го својот Господа, со сето срце свое и сета своја душа и сета своја мисла. Ова е прва и најголема заповед. А другата е слична на нае: Љуби го ближниот свој како себеси. На овие две заповеди се крепат сиот закон и пророците (Мат. 22, 36-40).

Двете заповеди се како две шини по кои ита локомотивата на нашиот духовен живот. Кога ќе се тргне едната – катастрофата е неизбежна. Да Го засакаш Господа е прва. Да го засакаш ближниот е втора. Тоа се фундаментални заповеди. Без нив животот се претвора во пустина, во мрачен гроб. Тие се меѓусебно поврзани. Втората проистекува од првата. Не може да има љубов кон ближниот без љубов кон Бога, ни љубовта кон Бога без љубов кон ближниот. Нарушувањето на првата заповед неизбежно повлекува зад себе и отфрлање на втората.

А понатаму следи верижна реакција на разрушување: на семејниот, црковниот, општествениот, економскиот и политичкиот. Ако се руши темелот, се руши цела зграда.

Љубовта кон Бога и љубовта кон ближниот – тоа е оној непоколеблив камен-темелник на Божјото царство. А кој е ваш ближен? За кого се работи? Кој може да биде ближен ако не оној кој се нарекува ваш син, ваша ќерка.

Да Го засакаш Бога и да ги засакаш децата – на тие две заповеди почиваат законот и пророците, семејството и Црквата, земјата и државата, царството земско и Царството Божјо. Великиот педагог Ушински вели: „Љубовта е единственото средство за да се потчини детската душа. Кој го слуша другиот од љубов, тој се потчинува веќе според законот на сопствената душа и од туѓата работа прави своја“.

 Извор: Амвон

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2877
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2688
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…