"Сѐ додека обичниот човек страда во војни, болести, сиромаштија, глад и секој вид негрижа, очигледно дека никој од нас не ја живее својата вера на вистински начин.

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат. Колку повеќе страдање гледаме околу нас, толку помалку вистински верници постојат. Затоа и Христос вели:

„Но Синот Човечки, кога ќе дојде, ќе најде ли вера на земјата?“ (Лука 18,8).....“


Дедо Наум

 

13.08.2026