логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Свети Теофан Затворник

crkva.grdba1.jpgВтора страна на човечкиот живот: душевен живот, и неговите три главни функции. Прва функција: мисловна страна со сите нејзини облици. Знаење и наука. Нормалните функции на разумот и празно талкање на мислите.

Влегувавте внатре во себе; да влеземе повторно. Погледнете само какво мноштво на различни влијанија и движења постои таму. Час едно, час друго, час влегува, час излегува, час се прима, час се отфрла, настанува и се преобликува. Оти душата непрестајно се движи и не е во состојба да стои на едно место. Ако ја погледнеме душата во целина, ништо нема да разбереме – нејзините дејства првин треба да се одделат по видови, па дури тогаш секој вид на дејство ќе го разгледуваме одделно. Уште одамна ги разгледавме сите дејства на душата и ги разграничивме трите вида на дејства – мисли, желби и сетила, нарекувајќи го секој одделна страна на душата – умствена, волева и сетилна. Да ја земеме сега таа поделба и да започнеме со разгледувањето на секоја страна.

Умствена страна. Ако во нас е забележлива пометеност, таа најмногу простор има во мислите, додека желбите и сетилата веќе се вознемируваат под дејство на мислите. Но во одделот на мислите не се движи се во неред, и тука постои низ на сериозни работи. Тие всушност и го чинат вистинскиот душевен живот кога се во прашање мислите. Еве ги тие работи:
 
Штом со помошта на своите сетила сте забележале нешто однадвор, или сте ја чуле приказната на другите за тоа – дека тие го забележале со нивните сетила – истиот час сето тоа мечтата го замислува а помнењето помни. И во душата ништо не може да влезе без мечтаење и помнење. И следната умствена активност се наслонува на мечтаењето и помнењето. Она што помнењето не го сочувало, тоа не можеш ни да го замислиш, па за тоа нема ни да размислуваш. Се случува мислите да се раѓаат директно од душата, но и тие во истиот час се облекуваат во слика. Така што умствената страна на душата е сета сликовита.

Но мечтата и помнењето само го набавуваат и чуваат материјалот за мислите. Самите пак движења на мислите исходат од душата и се владеат по нејзините закони. Присетете се како Вашиот помлад брат, кога ќе види некое ново нешто, веднаш Ви се обраќа Вам или на другите со прашање: „А што е тоа? А кој го направил тоа? А од што е тоа?“ – и нема да се смири додека не му се одговори на сите тие прашања и додека не биде задоволен. Мисловноста на душата започнува токму со појавата на вакви прашања. Таа донесува мисли како одговор на нив, или прима готови мисли за тоа од другите. Мечтата и помнењето не мислат. Тие се работна сила, подјармени. Способноста на душата од која потекнуваат такви прашања и која бара и донесува мисли како одговор на нив, се нарекува разум, и неговата работа е да расудува, промислува, и пронаоѓа барани решенија. Следете се малку себеси и ќе најдете дека ништо не правите без промислување и разбирање. Секоја ситница треба да се разгледа. Секоја. Како и да се случува тоа во моментот, секаде се појавува расудување и се движи по претходно означените прашања.

Кога размислувате, тука уште нема одредени мисли. Одредената мисла настанува кога ќе го најдете решението на некое прашање. Вашиот разум кружи барајќи што претставува некоја работа, од каде е таа, заради што е и друго. Кога самите ќе најдете такво решение или кога ќе го чуете па се согласувате со него, обично велите: „Сега сфаќам, нема веќе што да се објаснува, работата е решена“. Тоа решение им носи мир на Вашите мисли во однос на предметот кој Ве интересирал. Тогаш Вашиот разум се свртува кон другите предмети, а мислата до која сте дошле се сохранува во душевниот архив – помнењето, од каде по потреба се зема како помош во решавањето на другите прашања, или како средство за слагање на други мисли. Вкупноста на сите сфаќања кои така настануваат претставува начин на Ваше размислување, кој во секоја прилика го покажувате преку своите зборови. Тоа е областа на Вашето знаење, кое сте го стекнале со мисловен напор. Што повеќе прашања сте решиле, толку повеќе имате заокружени мисли или поими за работите; што повеќе такви поими, толку е и поширок кругот на Вашето знаење. На тој начин, како што гледате, над Вашето помнење и мечтата стои разумот, кој со својот мисловен напор добива за Вас одредени поими или знаења за работите.

Не ни поаѓа од рака да добиеме одговор на секое наше прашање. Поголемиот дел од нив останува нерешен. Мислат, мислат, и не смислуваат ништо одредено. Оти велат: може вака, а може и онака. Тоа дава мислења и претпоставки, кои, земајќи ги во целост, кај нас ги има повеќе отколку одредени знаења.

Кога некој, расудувајќи за одреден вид на предмет, сам или со помош на другите, ќе дојде до голем број на заокружени мисли и поими за нив, а она што е нерешено успева да го дополни со задоволителни мненија или претпоставки, тогаш, за тој круг на предмети го смета за доволно познати и објаснети, се до што дошол доведува во ред, логички доследно излага и ни дава наука за тие предмети. Науката е – круна на мисловната работа на разумот.

Сето ова Ви го кажувам за да Ви биде појасно во што би требало да се состои природната, законита дејност на нашата мисловна сила. Таа би требало трудољубиво да промислува за она што уште и е непознато како би го спознала и тоа. На малубројни им е дадено да бидат научници, не можат сите ни да се занимаваат со наука, но да расудуваме за работите кои не окружуваат како би добиле одреден поим за нив, тоа секому му е можно и тоа сите треба да го прават. Со тоа всушност на сите би требало да им бидат зафатени мисловните сили. Колку – тоа зависи од сопствената сила, но таа треба секогаш да биде зафатена со сериозни дела на промислување и просудување на стварноста. Но, што гледаме кога нашата мисловна дејност е во прашање? Непрекинато движење на слики и претстави без никаква одредена цел и ред. Мисла оди по мисла, час во низ, час една против друга, час одат напред, час се враќаат назад, час бегаат на страна и не се запираат на ништо. Тоа не е расудување туку талкање и расеаност на мислите; станува збор значи за состојба сосема спротивна од онаа каква би требало да биде кога е во прашање нашата мисловна сила – таа болна состојба толку е одомаќена и заедничка на сите, што нема да најдете ни еден човек кој постојано би можел да се занимава со сериозна мисловна дејност, не подлегнувајќи им на расеаноста и талкањето на мислите кои го одвлекуваат од суштината на нештата и го повлекуваат на разни страни. Ние често се замислуваме. Каква е таа состојба? Еве каква: мислата слегува во архивот на помнењето и со помош на мечтата пребира таму по сите соберени старудии, преминувајќи од настан до настан, според познатите закони на спојување на поимите, преплетувајќи го она што било со она што не било, а често и со она што е невозможно, додека не си дојде при себеси и не се врати во стварноста која ја опкружува. Велат: се замислил, се вдлабочил. Се вдлабочил, но во испразност, а не во сериозно просудување на нештата. Тоа е исто како и мечтење во сон. Следете се себеси па ќе увидите дека поголемиот дел од времето Ви поминува токму во такво талкање на мислите. Понекогаш цел ден (зар не е тоа правило) ниту една сериозна мисла не ни паѓа на памет. Ве молам на тоа да обрнете внимание и да се позанимавате со решавање на прашањето: дали е во ред разумно суштество да постапува на таков начин? А јас, меѓутоа, ќе се свртам кон другите облици на душевната дејност.

(Продолжува)

Подготви: Б.Ѓ.

Посети: {moshits}

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2970
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2805
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »