логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Рамнодушноста не им е дозволена дури ни на мирјаните, а не пак на свештенството. Искрениот, духовен човек, не треба да работи ништо незаинтересирано.

„Нека е проклет секој,кој немарно го извршува делото на Господа“, вели пророкот Јеремија (Јер. 48, 10)... Сега е војна, духовна војна. Јас треба да бидам напред. Колку марксисти, колку масони, колку сатанисти и секакви други! Колку бесомачни, анархисти, опрелестени... Јас гледам што нè очекува и тоа ме боли. Во грлото ми е горко од човечката болка... Владее дух на млакост, воопшто нема јунаштво! Сосема се расипавме! Како Бог сè уште нè трпи? Денешното поколение – тоа е поколение на рамнодушност.

Не на војна. Повеќето се само за парада. На безбожници и на хулители им даваат да настапуваат на телевизија. И Црквата молчи и не ги одлачува тие богохулници. А треба да се одлачат таквите од Црквата. Жал ли им е да ги одлачат, што ли е проблемот? Ајде да не чекаме некој друг да ја извади змијата од дупката, за ние да бидеме спокојни.

Молчат поради рамнодушност. Лошо е тоа, што дури и луѓето кои имаа нешто во себе, почнаа да се оладуваат и да велат: „Зарем јас можам да ја изменам ситуацијата?“ Ние сме должни храбро да ја исповедаме нашата вера, бидејќи ако молчиме, ќе преземеме голема одговорност. Во овие тешки години, секој од нас треба да го прави она што го може. А, она што не може, треба да се остави на Божјата волја. Така совеста ќе ни биде мирна. Ако не се спротивставуваме ние, ќе станат од гробовите нашите предци. Тие толку страдале за татковината, а што правиме ние за неа?

Ако христијаните не станат исповедници, ако не му се
спротивстават на злото, рушителите ќе бидат уште побесрамни. Но, денешните христијани не се борци. Ако Црквата молчи за да не се скара со државата, ако молчат митрополитите, ако молчат монасите, па кој ќе зборува?

Благодарете Му на Бога за сè. Потрудете се да бидете храбри Подигнете се малку. Знаете ли што поднесуваат христијаните во другите земји?...
А кај нас многумина се толку рамнодушни... недостасува добро расположение, подвигот.

Но, ако не почнеме ние да војуваме против злото, ако не почнеме да ги разобличуваме оние што ги соблазнуваат верните, злото ќе стане уште поголемо. Ако не се исплашиме, малку ќе ги ободриме верните. И на оние што војуваат против Црквата ќе им биде многу потешко. Во минатото нашиот народ живееше духовно, затоа Бог го благословуваше, и светиите на чудесен начин ни помагаа. И ние ги победувавме непријателите, кои секогаш нè надминуваат според бројноста. Ние сега велиме дека сме православни, иако, за жал, често само го носиме името православни, но не живееме православен живот.

Мрзливото свештенство го заспива народот, го остава да биде таков каков што е, за да не се вознемирува.
„Гледај, велат тие, во никој случај не им зборувај дека ќе има војна или за Второто Христово Доаѓање, и дека поради тоа треба да се подготват за смртта. За во никој случај да не се вознемират луѓето!“ А други, од лажно сфатената добрина, велат: „Не ги разобличувајте еретиците дека се во прелест, за да им ја покажеме нашата љубов кон нив“. Денес нашиот народ е замесен „на вода“.
Квасецот не е ист. Ако јас го избегнувам вознемирувањето, за да не го нарушам своето телесно спокојство, тогаш јас сум рамнодушен кон светињата! Духовната кротост е едно, а мекоста поради рамнодушност – сосема друго.

Некои велат: „Јас сум христијанин и поради тоа треба да бидам радосен и спокоен“. Но, тоа не се христијани. Тоа е рамнодушност, тоа е световна радост. Оној, во кого постојат овие световни начела – не е духовен човек.
Духовниот човек целиот е – болка. Т.е. него го боли она што се случува, го боли поради луѓето. И поради тие болки, му се дава духовна утеха.


Старец Пајсиј Светогорец

Избор од ФБ страната на:

Ана Јанева

 

20- ти јули лето Господово 2017

 

Друго:



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3113
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2951
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »