логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Како христијанинот да не се изгуби среде новогодишната суета


Bozik.pngСе приближува великиот и светол празник Рождество Христово, во пресрет на кој ние постиме, се молиме и на секаков начин се подготвуваме достојно да го пречекаме. Но во денешно време на христијанинот му е сѐ потешко да се подготви себеси за пососредоточено доживување на овој празник. Виновник за тоа е предновогодишната суета, неконтролираното пазарување и грижа во врска со тоа каде и како да се дочека граѓанската Нова Година. Како среде сите тие светликави украси да не ја загубиме ревноста за постот и во сета полнота да ја почувствуваме радоста на Рождеството Христово? 

Крајот на годината за луѓето е исполнет со безброј преживеалици: треба навреме да се завршат сите обврски, да се купат на сите подароци, да се обезбеди храна и пијалок, да се украси елката, да се појде на забава, да се реши каде да се појде на гости, каде да се дочека Новата Година итн, итн, итн.....
И кој, при сето тоа, воопшто да помисли на Рождеството Христово!

Но ако сепак се решиме да ја отфрлиме од себе оваа новогодишна треска и даsviraci.png помислиме само каков тоа празник ние славиме, уште од почеток ни станува јасно, колку неспоредливо побезначаен е овој празник од самите подготовки за него. Ние го празнуваме годишниот круг на Земјата околу Сонцето, заборавајќи на тоа дека Бог, Кој го создаде нашиот свет, дојде кај нас луѓето, за да стане еден од нас, не престанувајќи да биде Бог. Дојде за да ја прими на Себе човечката природа и да ги избави сите луѓе од ропството на гревот.

Не му приличи на патникот кој тргнал на далечно патување, да го гледа само ритчето пред себе и притоа да не обраќа внимание на големата планина зад него. Веројатно ако се настрои да се искачи на ритчето, тој ќе биде во состојба да ја совлада и високата планина. И морепловецот, кој се подготвува за долга пловидба, треба неизоставно да биде така спремен, што да може да го помине не само пристаништето, туку и океанот, што се простира зад пристаништето. Така и ние, припремајќи се за дочекот на Нова Година, треба пред сѐ духовно да се подготвуваме за празнувањето на Рождеството Христово. А Новата година нема да ни побегне. 

Сепак, треба да се каже дека и Црквата ја празнува Новата Година, но casov.pngпоминува сосема поинаку: во пост и благодарност кон Господа. И тоа е радост, ама онаа другата- духовната. За христијанинот Новата Година е семеен празник. Тогаш не приличи да се оди на забави. Уште повеќе што на 1-ви јануари Црквата го слави споменот на светиот маченик Бонифациј, на кого му се упатуваат молитви за избавување од гревот на пијанство. И зошто токму на тој ден нашите млади луѓе ни најмалку не го почитуваат споменот на светиот, кој помага за надминување на страшните пороци на пијанство и разврат?

Божикниот пост нѐ приведува кон подлабоко и поблагодатно  доживување на Рождеството Христово. Постот - тоа е период кога ние повеќе време одвојуваме за духовната страна на својот живот: читаме повеќе книги со духовна содржина, учествуваме на богослужбите, се исповедаме и причестуваме. Што би можеле тогаш да Му принесеме на Бога на дар? Само нашето скрушено срце, воздржание, мир во душата и со ближните. Не е постот само воздржание од храна, туку и од неприлични забави. Сепак во овој период на Божиќниот пост некогаш е многу тешко за верник со роднини и блиски кои се далеку од Црквата. Тие се предаваат на суета, се подготвуваат за новогодишната трпеза, шетаат по продавниците во потрага по подароци и забораваат на она најглавното – душата. Како среде сета таа еуфорија да не се изгуби христијанинот? Како да не ги навредиме роднините и да не го нарушиме постот? На тоа прашање е тешко да се одговори, но сметаме дека за сѐ може да се најде „златна средина“. Не е страшно и да се одбележи Новата Година, знаејќи дека таа никогаш не може да ја замени радоста на Рождеството.

Ако на вашите роднини и пријатели им е драг новогодишниот дочек, најпосле, не приличи да ги вознемирувате. Наместо тоа, би можеле скромно да поседите со нив на трпезата, да си спомнете за сите убави моменти од годината што си заминува и да Му заблагодарите на Господа за онаа што доаѓа. Кога ја славиме Новата Година со своите неоцрковени роднини и блиски, тоа го правиме не од задоволство, туку од љубов кон нив, снисходејќи на нивната слабост. Зашто Господ вели: „Милост сакам, а не жртва.“ Понекогаш ние ги одвраќаме луѓето од Црквата со своето нетактично однесување.

Проблемот не е во тоа дали да се одбележи или не Новата Година, туку во тоа како да се одбележи таа. Тоа не значи дека ќе се наруши постот. Можете убаво да поминете и со посен оброк. Најпосле, добрата, пријателска атмосфера не ја создаваат јадењето и пиењето, туку нашето настроение. Целта е не да се поткрепиме со храна, туку да ја поткрепиме душата на нашите ближни, радувајќи се и дарувајќи им радост.

Она што луѓето ги привлекува кон Црквата не се долгите проповеди и убедувања dete_vo_molitva.pngдека постои Бог и дека неизоставно е задолжително да се оди на богослужби, туку топлиот човечки однос кон нив. Значи, кога луѓето ќе ја почувствуваат христијанската љубов, кога ќе видат дека таа љубов го прави христијанинот поинаков и подобар од останатите. Во семејниот живот, на пример, треба секогаш да има компромис. Ако на својот сопруг, или на својата сопруга ѝ направиш отстапка па поседиш со него/неа на новогодишната трпеза, тогаш и твојот сопружник можеби ќе се реши да дојде со тебе во црква на Рождество.

За православните, побожни луѓе и нивните оцрковени роднини, секако, не е задолжително да ја одбележуваат Новата Година – тоа не е црковен празник. Но не е грев и доколку скромно ја дочекаат со посна трпеза и во кругот на семејството. За современиот човек, кој сѐ помалку и помалку време поминува со своите домашни, тоа би било добар повод да се биде со семејството.

Особено е убаво во деновите после Нова Година. На улиците необчна тишина и спокој, слободно време на претек. За луѓето навикнати на големи бучави, бескрајни редици и гужви во средствата за јавен транспорт, тоа е навистина благодатна можност во тишина и спокојство да се подготват за претстојното големо торжество – празникот на Раѓањето на нашиот Господ Исус Христос.

Извор: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1265
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1475
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1343
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »