логоFacebookTwitterYouTubeeMail

    
 


Г

ледате дека во секој човек Господ почива тајно, без оглед на тоа дали човекот Го почитува или не. Но тој е тука, во центарот на животот. Он го o.tadej5.jpg движи животот. Он е животодавец. И се додека тоа внимание е првенствено тука, во срцето,  се дотогаш се чува тој внатрешен мир и радост Боженствена, која на  почетниците им се дава бесплатно. А потоа, штом вниманието ќе ни се сврти од Господ и ќе се запечати на некои овоземни предмети, било тоа да се мртви предмети, било тоа да е живо создание, веднаш го губиме внатрешниот мир бидејки не може (човек) на две страни. Оној предмет на кого сме му посветиле внимание, веднаш влегува внатре, го завзема престолот Господов, го завзема срцето. А тоа може да биде и славата, честта, богатството, убавината. Штом нешто (овоземно) ќе ни се искачи на тронот, тогаш тоа и ќе заживее во нас. Во зависност од тоа кому посветуваме внимание, такво чувство во нас живее.
   
Зошто постојано бараме земни потпори, кога знаеме дека не се постојани? 

Затоа што сме слаби. Ние сме деца. А штом сме деца на Небесниот Отец, тогаш треба да бараме потпора од Родителот. Да! Ние сме родени телесно од земните родители, па бараме од телесните родители потпора. Но тие имаат грижи, тие не се имуни на грижи. И тие се спопаднати од невољи и тешкотии, така да ние гледаме во нив, но тие не гледаат во нас. Велат: “Имаш глава, па размисли. Сега си зрел”. А Отецот небесен тоа никогаш не го избегнува. Он секогаш не гледа, секогаш не води, ако срцето ни е соединето со Него. Но ако ние бараме потпора во овој свет... Детето бара, но, овде во светот, тешко да ја најде. Многу е тешко да најдеш едномисленик во животот. Светите Отци велат: Ако си нашол едномисленик во животот, си нашол спасение. Но многу е тешко да се најде. 

                                                       
Јас во животот сум наишол на две личности кои својот живот во брак го поминале најидеално и најдобро. Пред неколку години, наидов на уште една (личност). Ви зборував на вас за И. Се упокои. Интересно е како Господ ги соедини него и жена му. Преку триесет години беа во брак. И тој вели: “Јас и мојата М. сеуште ниту еднаш не сме имале лош збор меѓу себе. Што сакам јас, тоа сака и мојата М. Што мојата М. сака, тоа сакам и јас”. А беше со жестока природа (нарав) и имаше тешко послушание овде на земјата, беше полицаец. Доаѓаше во допир со разни лоши карактери и особини на луѓето, и таму (на работа) ќе си го расипе расположението, ќе дојде нерасположен дома, а Мира секогаш умееше да го чека, така да тој веднаш се опушташе. Нивното катче беше рај.          

                                                     
Да се сетиме како Св.Симеон говореше за себе: “Јас не сум имал долготрајни постови, ниту пак ги поминував ноќите без сон, не сум спиел на гола земја, ниту пак извршував други напори. Туку гледав само на своите немоќи, себеси се унижував,  и Господ ме спаси.
 


Значи сето тоа не е неопходно?                                                                           
        

Св.Симеон вели: “Во  великиот Ден, нема да се бара од душата дали таа се молела, дали постела, дали извршувала некакви добри дела во животот. Но затоа секоја душа грижливо ќе биде испитана дали има нешто заедничко со Христос Спасителот”. Дали таа ја има карактерната особина на Христос Спасителот.


Ние сме повикани да бидеме молитвеници, трудбеници, да чиниме добро, но ако не се трудиме да ја изградиме својата карактерна особина, тогаш се е залудно.            

                                                                         
Творецот не е една природа со тварта. Умствениот оган е многу подобро сокриен во умот, отколку чувствениот (оган) во чувствата. На друго место се вели: “За телесниот живот потребни се будни чувства на телесните сетила. За духовниот живот, потребна е будност на срцето. А духовниот живот е активност без учество на телесните сетила”. 
                                                                                                         
Само дејствување на умот,  без чувства?
                                                                         
Духовниот живот е живот на умот, издигнат над сите чувства од овој свет и над сите желби.                                                                            
Монаштвото - тоа е одрекување од светот  и од се што е од светот. Одрекување од својата воља и од своите желби.        
Душата која се соединила со Бога станува кротка и смирена. И кога се моли и кога мисли (секогаш) стои пред Лицето Божјо,  не си дозволува себеси да блуди ваму и таму.

                                                                                    
Што е тоа смирение

Смирението е Боженствена особина, таа е совршенство на христијанскиот живот, кое се стекнува по пат на послушност. Оној кој не е послушен тој не може ни да стекне смирение. Многу се малку (луѓе) послушни на земјата. Спрема степенот на послушноста јакне и нашето смирение.

Што е тоа кротост
 
Кротоста значи - срце мирно и смирено. Децата се кротки, па затоа Господ вели: “Ако не бидете кротки како деца нема да влезете во царството небесно”. На гордиот ништо не му е по волја, се му смета и сам (за се) расудува по свое. Мораме да го слушаме Господ за да постигнеме кротост и смиреност, додека сме тука на земјата, додека уште имаме време. Срцето кое е полно со љубов, тоа е жртва, тоа не мисли на себе, туку се моли не само за живите созданија, туку и за се што постои.
 
Кроток по раѓање и кроток по смирение

 
Светите отци велат дека оној кој е роден како мирен, кроток и смирен веќе е награден, но затоа тој не прима таква награда како оној кој е (по природа) жесток па потоа ќе се смири. Таквиот добива голема награда.
 
Што е тоа славољубие

Славољубието е степен на гордост. Еднаш некој грчки филозоф видел еден човек кој имал убаво облекло. Тој му пришол и му рекол дека такво облекло пред него носел тој и тој. Па му набројал кој се носел, и на тој начин го смирил, бидејки овој се гордеел заради убавото облекло, мислејки дека само тој го има. Славољубие е кога ти е мило кога сите за тебе убаво мислат.

Покајание – обнова на животот

Покајание значи обнова на животот. Се исповедаме и се ослободуваме од мислените замки кои не мачат, и низ покајанието се свртуваме кон апсолутното Добро. Тогаш во нас се јавуваат мирни, тивки, племенити мисли, полни со љубов и со добрина. Тие мисли ни даваат мир и тишина, и тогаш тој  внатрешен мир зрачи од нас и во нашето опкружување; тогаш и душата се обновува.Со животот многу повеќе се говори отколку со зборови.

 Подготви: С. Стефановска

Посети:{moshits}



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1111
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1200
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1104
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »