логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Светоста на  родителите е најдобро воспитување во Господа
 
На лицата на децата треба да Го видиме Бога и да ја пренесеме љубовта Божја на децата. И децата треба да научат да се молат на Бога. За децата да се молат на Бога, треба да имаат во себе крв на родители кои и самите се молат. Грешат некои кои зборуваат: бидејќи родителите се молат на Бога, побожни се, го изучуваат Светото Писмо и ги подигаат своите деца во „воспитување и науката Господова" (Еф. 6, 4), природна последица е дека и децата ќе им бидат добри. Но, повелете да ги забележите спротивните резултати како последица на притисокот!

Не е доволно родитеите да бидат побожни. Тие не треба да вршат притисок на децата, не треба да се обидуваат со сила да ги натераат да бидат добри. Може да се случи да ги оддалечиме децата од Христа, кога егоистично ќе се држиме до начелата на нашата религија. Децата не трпат притисок. Не ги присилувајте да доаѓаат со вас во црква!
Можете да им кажете:
Кој сака, може сега да дојде со мене или да дојде подоцна. Оставете ги во нивните души да проговори Бог.

Причината заради која децата на одделни побожни родители, кога ќе пораснат, стануваат нескротливи, ја напуштаат и Црквата и сè друго, и трчаат во разни правци духовно да се задоволат, е притисокот кој на нив го вршеле „добрите" родители.
Божем побожните родители, макар колку да се труделе од своите деца да направат „добри" христијани, со својата човечка љубов ги изложиле на притисок и дошло до спротивен исход.

Со други зборови, додека се мали, децата трпат притисок, а кога ќе наполнатшеснаесет, седумнаесет или осумнаесет години, тогаш гледаме спротивен резултат. Тогаш тие, од отпор кон родителите, почнуваат да заоѓаат во лоши друштва и да изговараат лоши зборови.

За разлика од тоа, кога се развиваат во слобода, истовремено посматрајќи го добриот пример на возрасните, ќе се радуваме да ги гледаме какви се.
Во ова е тајната: за да ги вдахнуваш децата, за да зрачиш на нив, мораш да бидеш добар, мораш да бидеш свет. Животот на децата е, изгледа, под влијание на зрачењето од страна на родителите. Родителите инсистираат: ајде да се исповедаш, оди да се причестиш, појди да го сториш ова или она... На тој начин ништо не бидува.

Но, детето те гледа тебе, твојот пример. Она со што живееш, со тоа и зрачиш. Да ли Христос зрачи во тебе?
Ако зрачи, тоа преминува на твоето дете. Тука се крие тајната. Ако така се случува додека детето е  сосема мало, нема да му биде потребно да вложува многу труд кога ќе порасне.
 Во врска со ова, премудриот Соломон користи една многу убава слика, нагласувајќи го значењето на добраата појдовна точка, добриот почеток, добриот темел. Тој вели на едно место:
„Кој кон неа [Премудроста] рано порани, нема да се замори; зашто ќе ја [Премудроста] најде покрај своите двери" (Прем. Сол. 6,14).
Да се порани кон Премудроста значи да се занимаваш со неа од најраната животна возраст. Премудроста е Христос.
Зборовите седи покрај дверите значат дека се наоѓа близу.

Кога родителите се свети и кога тоа својство го пренесат на детето и му пружат воспитување во Господа, тогаш детето, макар колку да се лоши влијанијата  кои доаѓаат од неговата околина, нема да подлегне на тие влијанија, бидејќи пред вратата на неговата душа ќе се наоѓа Премудроста, Христос.
Тоа нема да се напрегнува да ја стекне таа Премудрост. Изгледа како да е многу тешко детето да стане добар човек, но во стварноста тоа е многу лесно, кога од раното детство ќе тргне во животот со добри духовни доживувања. Тогаш не е потребан напор при растењето; доброто го имаш во себе, живееш со него. Не се трудиш, си го доживеал.
Тоа е твој имот, кој го одржуваш, ако внимаваш, низ целиот свој живот.
 
Со молитва и светост можете да им помогнете и на децата во училиштето
 
Она што важи за родителите може да се примени и на учителите. Со молитва и светост можете да им помогнете и на децата во училиштето. Нив може да ги осени благодатта Божја и да бидат добри.
Не се обидувајте лошите прилики да ги поправите со човечки методи. По тој пат не се доаѓа до добар резултат. Само со молитва ќе постигнете резултат. Призивајте ја божествената благодат на сè! Божествената благодат нека влезе во детските души и нека ги измени. Тоа значи да се биде христијанин.

Вие просветарите тајно, незабележливо и за вас самите, им пренесувате на децата немир и лошо влијаете на нив. Каде што има вера, оттаму бега немирот. Како велиме?
„... И сиот живот свој на Христа Бога му го предаваме.“

Со расудување возвратете им на децата на нивната љубов. На тој начин, ако децата ве засакаат, вие ќе можете да ги приведете кон Христа. Ќе бидете средство во тоа. Вашата љубов нека биде вистинска љубов!

Немојте да ги сакате децата на човечки начин, така како што обично тоа го прават родителите. Со тоа не им помагате. Љубовта во молитва, љубовта во Христа – тоа е она што навистина помага. Молете Му се на Бога за секое дете што го гледате пред себе, па Бог ќе ја распостеле Својата благодат и ќе го соедини со Себе.

Пред да влезете во класот, а особено пред да влезете во тешките одделенија, молете се во себе со молитвата:
 „Господе Исусе Христе, помилуј ме." Кога ќе влезете, пак, прегрнете ги со погледот сите деца; молете се во себе, па дури после тоа почнете да предавате, во тоа вложувајќи се целиот себе.
Принесувајќи се така себеси во Христа, ќе се радувате. Така ќе одите кон светоста и вие и децата. Ќе живеете во љубовта Христова и во Црквата, затоа што ќе бидете добри во својата работа.

Ако некој ученик создаде било каков проблем, најнапред на сите деца упатете им една воопштена забелешка, велејќи им вака:
- Деца, овде сме на час. Дојдени сме заради сериозна работа. Јас сум со вас да ви помогнам. Вие се заморувате за да успеете во животот, а јас, што многу ве сакам, исто така се трудам. Затоа, ве молам, бидете мирни, за со успех да ја постигнеме нашата заедничка цел.
Притоа не гледајте во правец на оној кој се однел неприлично. Ако продолжи, обратете му се непосредно нему, но не луто, туку сериозно и стабилно. Внимавајте да бидете авторитет во  класот, за да можете да влијаете и на душите на учениците. Не се виновни децата што се тешки. За тоа се виновни и возрасните.

Не им зборувајте многу на децата за Христос, за Бог, туку молете Му се на Бога за децата. Зборовите одѕвонуваат во ушите, а молитвата продира во срцето.

Чујте една тајна! Влегувајќи првиот ден во класот, немојте да држите предавање. Убаво разговарајте со децата. Изговарајте го разбирливо секој збор, еден по еден. Кон децата однесувајте се со љубов.
Во почетокот, немојте воопшто да зборувате ниту за Бог, ниту за душата. За тоа ќе им зборувате во друга прилика, подоцна. Оној ден, меѓутоа, кога ќе им зборувате за Бога, претходно добро ќе се подготвите, па ќе им кажете:
Постои една тема во врска со која многумина имаат сомнеж. Таа тема е Бог. Какво е вашето мислење, деца?
Потоа нека настапи дискусија. Вториот ден преминете на темата за душата. Прашајте ги:
-        Постои ли душа?
Потоа, зборувајте им за злото од филозофско становиште.
Кажете им дека во секој од нас постојат две `јас`: едно добро и едно лошо `јас`. Ние треба да го негуваме она доброто. Тоа сака напредок, добрина, љубов. Тоа треба да го разбудиме во себе, за да можеме да станеме исправни луѓе во општеството. Сетете се на зборовите:
 „Душо моја, душо моја, стани; зошто спиеш?“ Меѓутоа, немојте сето тоа да им го кажете на овој начин, туку со други зборови.
Отприлика вака:
- Деца, бидете остроумни по прашањето на образованието, доброто, љубовта. Само љубовта прави сè да биде убаво, нашиот живот да биде исполнет и да има смисла. Лошото `јас` во нас тежнее кон ленствување и рамнодушност. Но, тоа животот го прави безвкусен, прави тој да нема ниту смисла, ниту убавина.
Но, за сето ова потребна е подготовка. Љубовта изискува жртва, а често бара да се жртвува и многу време. Најголемо внимание подарувајте му на своето сопствено образование и созревање, за да бидете подготвени на децата да им пружите вистинско знаење.
Бидете подготвени и сè што им зборувате, зборувајте го со љубов, а пред сè, со радост. Покажувајте им ја сета своја љубов, при што, треба да знаете што сакате и што зборувате. Покрај тоа, потребна е и вештина на однесување кон децата. Во врска со тоа, во свое време, имам чуено нешто интересно и духовито. Значи, внимавајте!

Некој учител, инаку задоволен со своите ученици, страдал заради палавоста на еден ученик и сакал да го исфрли од училиштето. Во меѓувреме, стигнал новиот учител и го презел класот.
За конкретниот немирен ученик навремено добил соодветни објаснувања. Новиот учител, дознавајќи, меѓу другото, дека тој ученик страсно го сака возењето велосипед, штом утредента влегол во класот, рекол:
- Деца, имам една мака: живеам далеку, а кога одам долго, ме болат нозете. Би сакал да користам велосипед, но, не умеам да го возам. Има ли некој меѓу вас што може да ме научи?
Веднаш скокна палавиот ученик.
- Јас ќе те научам!
-  Знаеш?
- Да, знам.
 Оттогаш станале многу добри пријатели. Дури, стариот учител се разжалостил гледајќи го тоа. Почувствувал дека самиот не бил способен да му се наметне на ученикот како авторитет.
Често во училиштето, меѓу учениците, среќаваме сираци. Тежок е животот на сиракот. Кој е лишен од родителите, и тоа во раното детство, несреќен е во животот. Но, ако ги стекне Христа и Пресвета Богородица како свои духовни родители, ќе стане свет. Кон сираците треба да се однесувате со љубов и разбирање, а првенствено треба да ги поврзувате со Христа и Црквата.

Научете ги децата да бараат помош Божја
 
Лек и голема тајна на детскиот напредок е смерноста. Довербата во Бога дава потполна сигурност. Бог е сè. Никој од луѓето не може да каже за себе: ја сум сè. Тоа само го зацврстува егоизмот. Бог сака од нас децата да ги водиме по патот на смирението. Ниту ние ниту децата ништа нема да сториме без смирение. Треба да бидете многу внимателни кога ги поттикнувате децата на нешто. На детето не треба да му кажувате:
Ќе успееш ти во тоа. Ти си способен, ти си млад, ти си храбар, ти си совршен.
Со тоа не му пружате корист на детето. Но, можете да му кажете да се моли на Бога. Кажете му:
Дете мое, Бог ти ги дал даровите кои ги имаш. Помоли Му се Нему да ти даде сила тие дарови да ги негуваш и да постигнеш успеси. Нека Бог ти ја даде благодатта Своја.
Ова е совршен метод. Во сите работи децата треба да се научат да ја бараат помошта Божја.

Пофалбите им нанесуваат зло на децата. Што ни кажува зборот Божји?
„Народе мој! Твоите водачи те доведуваат до заблуда и го растуриле патот, по кој одиш" (Ис. 3, 12).
Оној што нè фали, нè обманува и ни ги расипува патиштата на нашиот живот. Колку се премудри зборовите Божји!
 Пофалбата не ги подготвува децата за било каква тешкотија воживотот, па тие, кога ќе пораснат, ќе бидат неприлагодени, се губат и најпосле трпат неуспех.
Дeнес светот се расипал. На малото дете му кажуваат само пофални зборови. Советуваат – да не го караме детето, да не му се противиме, да не вршиме притисок на него.
Но, дали тоа така учи нешто за животот и дали може правилно да реагира макар и на најмала тешкотија? Штом некој ќе му се спротивстави, тоа е веќе скршено, нема во него одважност.

Први родителите се одговорни за неуспехот на децата во животот, а веднаш по нив учителите и професорите, зашто непрестајно ги фалат, им ги полнат главите со егоистични зборови. Не ги приведуваат кон Духот Божји. Ги отуѓуваат од Црквата.

Кога децата малку ќе пораснат, па ќе тргнат на училиште со таков егоизам во себе, се оддалечуваат од религијата и ја презираат. Ја губат богопочитта, како и почитта кон родителите и кон сите други.
 Стануваат нескротливи, сурови и немилосрдни. Не ја почитуваат ниту религијата ниту Бога. Во живот сме пратиле егоисти, а не христијани.

 

Продолжува...


Превод:  Мирјана Даниловска Мина

25-ти јуни. лето Господово 2015

 

Друго:



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1114
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1212
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1108
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »