логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Мој е синот, и не го давам никому!
In Младост, брак, семејство, Православие, Современи искушенија on Октомври 2, 2012 at 9:03 am

– раскажување на Ана Нагорна

 

Мојата другарка Јула, беше девојка образована и начитана. Го читаше Лорка на руски и во оригинал, со часови можеше да го цитира Блок и Цветаева, до солзи го сакаше Бетовен, со занес ка слушаше рок грушата „Машина на времето“ и неповторливо добро правеше полнета патка. Беше душа на секое друштво и без неа секогаш беше досадно и некако непријатно.

И кај неа сè беше добро и многу момчиња ја симпатизираа. Но таа никому не му даваше предност. Мечтаеше: целиот свој живот ќе го посвети на саканото новинарство  и секогаш ќе им служи на луѓето.

Но еднаш отиде на гости во една куќа и се запозна со младо момче кое беше неколку години помладо од неа. Момчето се занесе од слушањето стихови, ѕвонливото смеење на младата девојка, кое ѕвонеше како ѕвончиња, и меѓу нив се случи љубов, која дојде како бојазлива гостинка.

Сето тоа би било сосема обично доколку одеднаш во хоризонтот не се појавеше мајката на момчето – Валентина Василевна, која живееше со свој живот во друг стан, на другиот крај од градот, и доаѓаше еднаш неделно на своето синче да му остави пари за компири и колбаси. Здогледувајќи ја Јула покрај својот син, мајката насетила несреќа. Синчето, нејзиниот Мишенка, е во опасност. Повод за поблиско запознавање наскоро се појавил. Се собрале на роденден. Мајката била разведена и затоа дошла со својот невенчаб маж, се собрале тетките, и стриковците, сестри и браќа. Ја поканиле и Јула.

- „Таа студира, па според тоа нека го подготвува Миша да се запише на факултет“ – рекла Валентина Василевна.

- „Да, да, да – се согласиле членовите на семејството.

- „За неа не е задолжително да студира, а Миша мора да се запише“ – додала мајката.

Членовите на семејството почнаа бурно да расправаат за идното запишување на Мишенка на факултет, често спомнувајќи ја заменката „таа“, без ниту еднаш да ì се обратат на девојката која седела покрај нив, дури и не именувајќи ја по име. Јула тоа го прифатила како нешто што мора да биде и тивко земаше од чиниите руска салата. „Таков веројатно е обичајот во ова семејство. Секое семејство живее на свој начин. Треба на сè да се навикнеш и сè да прифатиш со мир…“

Следниот пат Миша ја повикал Јула да ја запознае со својата мајка во тесен круг: ќе бидат тој, мама и Јула.

- „Ти малку поседи овде, разгледај ги списанијата, додека јас ручам со Миша, па потоа ќе разговараме“ – ì рекла Валентина Василевна на девојката.

Јула ги прочитала сите списанија додека мајката и синот повеќе од два часа разговарале во кујната.

„Но? Можеби имаат сериозен разговор?“

До пријателски разговор не ни дошло.

Времето минувало. Јула доаѓала кај пријателот, пишувала со него состави и диктати, му готвела ручеци и му помагала во куќата. Неделата била посветена на театар и одење во музеи. Мајката се чувствувала спокојно: Миша е под надзор и нега, се подготвува за на факултет, Јула не претендира на ништо.

Но еднаш Миша ì предложил на Јула да одат кај матичар и да се венчаат. На радоста ì немало крај. Но тука се замешала Валентина Василевна.

- „Мишо! Па ти си полудел! Тебе ти е рано да се жениш! Освен тоа, јас би сакала да се ожениш со Ира, од шестиот кат“.

- „Мамо, јас ја сакам Јула и сакам да се оженам само со неа!“

- „Ти никогаш нема да се ожениш со неа! Тоа ти го ветувам! Дај ми ја веднаш личната карта!“

Личната карта му била насилно одземена и Миша го ставиле во домашен притвор. Попусто Јула го чекала неколку часа на договореното место кај матичното. Миша не дошол.

Понатаму нема смисла детално да се пишува за овој случај. Предметот завршиш со тоа што по два дена Миша ì се заканил на мајка си дека ќе излезе на улица преку терасата (а живееја на осмиот спрат) и Миша едвај го пуштиле да излезе од домашниот притвор.

Наскоро Миша и Јула се венчале, а по извесно време Јула му соопштила на сопругот дека очекува дете.

Валентина Василевна исто така дознала за тоа и толку ја замразила снаа си што не сакала ни да ја види, ни да ја чуе. Миша и Јула изнајмиле стан, обајцата работеле. Тогаш Миша го повикале во војска. Јула останува сама, работи, од работа право ја однеле во породилното одделение. Многу претрпела Јула, но го сакала своето синче со сета сила на мајчинската љубов, работела, го негувала синот, со еден збор, го растела. Речиси секојдневно добивала писма од Миша. Еднаш Миша ì испратил писмо, а во него имало уште едно писмо, напишано со друг ракопис. Миша не го прокоментирал и на Јула ì преостанало само да погодува зошто ì го испратил. Најверојатно од простодушност. Тоа било писмо од Валентина Василевна до својот син во војска. „Сине мил! Се радуваме што добро служиш. Но мене и баба ти страшно нè погоди ужасната вест и не ни дава да живееме. Пишуваш дека ти се родил син. Кога го дознав тоа, веднаш се разболев, ми се качи притисокот, па и сега лежам во болница. Многу лошо се чувствувам. Баба ти е болна дома, секој ден доаѓа лекар и ì пушта инјекции. Сине, што правиш со нас? Помисли на мене и на баба ти. Што ќе ти е таа со својот син? Ти можеш прекрасно да го устроиш својот живот. Освести се! Јас те хранев, те воспитував, ти ги давав своите сили, а ти толку неблагодарно постапи. Мишенка, ние те сакаме. Јас и баба те молиме: разведи се и врати му се на своето семејство. Врати ни се. Се надеваме дека нема да нè оставиш. Твојата мама“.

Јула била потресена. Но таа верувала во подобро, наскоро ќе дојде Миша и сè брзо ќе се врати на свое место. Еднаш кога малиот имал веќе една година и осум месеци, дошла свекрвата. Во пресрет ì скокнал малиот сиот во светли кадрави прамени, почнал да се смее, да ги пружа рацете и нешто да ì зборува на непознатата баба.

- „Ох, Сашенка! Колку голем си пораснал!“ – му вели таа на внукот.

- „А вас сè по мртовечниците ве барав, цел град го обиколив… – тоа ì го вели на снаата.

- „А зошто по мртовечници? Ние добро живееме, Бог нè чува. Навистина, Сашенка понекогаш се разболува, но добрите луѓе ни помагаат“ – одговорила Јула…

По некое време дошол денот кога Миша се вратил од војска. Ја наговорил Јула да се преселат кај мајка му затоа што тој многу ја сакал мајка си и не сакал да ја лути. Мајката многу сакала нејзиниот син да живее во покрај неа… Како ќе живее тој без нејзината грижа? Таа во тоа време веќе се вратила во својот стан и почнала да сите начини да се грижи за својот син.

Јула била воспитана во послушност и почит кон постарите. Знаела дека мора да ја сака и почитува својата свекрва. Ноќе ги перела алиштата на семејството и на свекрвата, печела колачи и се надевала дека ќе го растопи мразот на непријателство со својата кротост и дека ќе ја заслужи љубовта на својата свекрва. Се вработила на две работни места за да може на синчето да му купува овошје и деликатеси. Се враќала дома доцна и на прагот ги сретнувала суровите очи на свекрвата и многу навредливите зборови: „Се изнаскита ли?!“ Понатаму следела пцуечка лексика. Јула одела во купатилото, пуштала вода и горко плачела. А на вратата ì тропала Валентина Василевна и речиси ì пеела: „Хистеричарко, хистеричарко, хистеричарко!!!“

Валентина Василевна била потполно здрав човек. Човек многу мирен и дружељубив пред луѓето. Убава на лик и во најдобрите години. Кога Јула барем пред некого би раскажала што се случува во куќата, едноставно не би ì поверувале. Но најлошо било тоа што Миша толку се плашел од својата мајка што не можел да ì каже ниту збор. Не можел да ја заштити својата Јула затоа што не сакал да ја навреди мајка си. А мама е светиња. Што мислел Миша никогаш нема да дознаеме.

Во ваков хаос пролетал девет години од семејниот живот. Но најинтересно е тоа што омразата на свекрвата и нејзината мајка со години не се смирувала, таа од некаде се потхранувала и цветала. Освен лошите зборови врз главата на Јула летаа чинии, па тури и тавчиња. Едноставно не ì се одело дома. Не можела да чита стихови, не можела да го слуша Бетовен. Во сабота и недела Јула го земала своето синче, на брзина му правела снедвичи и одела со него во природа. Миша тоа време го поминувал со своите пријатели и другарки – во нивното друштво не било вообичаено да се среќаваат семејно.

На крајот од краиштата, семејството се распаднало.

Што чувствувала во тој момент свекрвата, не знаеме. Можеме да претпоставиме – олеснување, затоа што, сретнувајќи ја Јула со растроени нерви и многу ослабена, поранешната свекрва ниту еднаш не ì изразила сочувство, ниту ì изразила поддршка. Јула останала сама со многу проблеми, со малиот син, без средства за живот.

Миша веднаш довел дома нова снаа, Ала. Можеби оваа ќе ì се допадне на мајката? Втората снаа не била ни најмалку бојазлива. Немала душевна потреба да и се допадне на свекрвата. Таа е овде газдарица и точка. Но не ги трпела долго љубомората и хировите на својата свекрва. По извесно време одлучно и  ја покажала на свекрвата вратата, пропратувајќи ги своите желби со псовка, па Валентина Василевна заминала во својот нов стан без да се поздрави.

Наскоро Јула отпатувала во друга земја, не се премажила. Другарките ì пренесуваат дека Валентина Василевна сега се сеќава со голема топлина, дури ì испраќа поздрави. А зошто? Можеби затоа што таа повеќе не претставува за неа никаква закана? Па ì го вратила на мајката синчето. Иако по голема цена. Втората е жена е втора сопарничка. Сега нејзе ì е подарено сето внимание. Иако таа веќе ги нема истите години, ни силите не ì се исти. Но сепак: нема и нема да има достојна жена за нејзиниот син. Тие сè уште како и порано ги дочекуваат своите семејни празници – роденденот на мама и роденденот на синот, Новата година, во тесен семеен круг: мајка и син. А кој друг и им треба?

Извадок од книгата „Аномалии на родителската љубов“. (наскоро ќе ја види светлината на денот)

Превод: Ѓакон Јани Мулев.

http://crkvaveles.wordpress.com/



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2684
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1849
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021 )

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Беседа на Рождеството на Пресвета Богородица - Митрополитот Европски г. Пимен

Колкава е потребата на човека од храм, од место каде ќе се среќава со Бога, од место каде ќе може молитвено да Му се обрати на Господа, па колку и...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Митрополит Струмички Наум:   Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Сето тоа... не сум го запазил од младини (11.09.2021)

Страстите се тие што го држат срцето заробено и затворено за умно-срдечната молитва, а умот непросветлен. Страстите и демоните, кои секогаш се поврзани со нив, се тие што ги држат...

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Што не е јасно? (04.09.2021)

Никогаш не треба да губиме предвид колкави должници сме Му на Бог; и поради сите дарови што постојано ги добиваме од Него и поради сите гревови со кои Му возвраќаме...

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно- Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »