логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Rozdestvo2012b2.jpg

ИСТОРИЈА НА ПРАЗНУВАЊЕТО НА РОЖДЕСТВОТО ХРИСТОВО

Натпреварувајќи се со Пасха во својата торжественост, празникот на Христовото Раѓање принуден е да причека, иако тој се појавил во самите први времиња на христијанството, уште во апостолскиот век. Дури е тешко и да си замислиме дека христијаните не можеле да не го празнуваат денот на раѓањето на Својот Спасител, да не се „сеќаваат“ и да не го „светат“ тој ден. Всушност, тоа ни од далеку не било така, и тоа од многу едноставна причина.

Не е случајност што христијаните уште одамна, според обичајот, не го празнуваат денот на своето раѓање, туку својот именден, денот на своето крштевање, и тоа многу пофално и трогателно. Со тоа христијаните докажувале дека не била голема радост за светот, па дури ни за нив самите, дека на земјата се родил уште еден грешник, ако во свое време не се преродел во праведник (праведник, според крајната мерка на возможност), преку Тајната на Крштението. Доколку би го немало духовното раѓање, за својот роденден христијанинот би можел да кажи заедно со многустрадалниот Јов: „Нека е проклет денот, во кој се родив, и ноќта во која рекоа – се роди дете!“ (Јов 3: 3). Овој презрителен и потценувачки поглед на денот на телесното раѓање, отсекогаш бил близок во христијанството, особено во раните векови, отколку во подоцнежните и современите. Не е лесно да се сфати ова, но навистина, древните христијани денот на раѓањето на човекот го нарекувале „ден на смртта“, и тоа звучело мошне сериозно. А за денот на смртта на мачениците најприфатлив термин бил „natalitia“ – роденден.
При еден таков поглед на роденденот, воопшто, зарем на христијаните би можело да им дојде на ум да го празнуваат и денот на раѓањето на Спасителот? Навистина, Неговото раѓање било толку многу необично, било толку среќно за светот, така што и не може да се споредува со било кое човечко раѓање на земјава. Но, тогашните христијани можеле искрено и убедително да повторуваат со апостол Павле: „Затоа ние отсега никого не познаваме по тело; иако Христа Го познаваме по телото, но сега веќе не Го познаваме“ (2, Кор. 5: 16). Христос за нив бил небесен човек, втор Адам, Господ од небесата, така што нивната мисла не можела доволно љубовно да запре на Неговото плотско раѓање. Доволно продуховени биле тогашните христијани, така што малку ги интересирала плотта. Оној, кој вниамтелно ги читал посланијата на апостол Павле, тој навистина е поразен од неговото кристално-духовно „мудрување“ за Христа, од неговиот поглед за Него, па така ќе сфатиме дека, при еден таков поглед, од точка на разбирање на Христа од таа страна, многу повеќе се сакало да се празнува Неговото Воскресение, Вознесението на небо, испраќањето на Светиот Дух, отколку Неговото раѓање „по плот“...
Без преувеличување, слободно може да се кажи дека древната Црква била принудена од надворешните влијанија да востанови празник во чест на тој настан, но лесно можеме да заклучиме дека многу порано, пред да се празнува празникот на раѓањето, Црквата почнала да го празнува денот на Неговото крштевање. Но, и овој ден таа почнала да го слави не целосно по своја волја. Во раната Црква, овој празник почнале торжествено да го слават еретиците – гностици, а бил воведен затоа што тие му придавале многу големо значење во животот на Спасителот на Неговто крштение. Климент Александриски (III век), со тон на некакво неодобрување говори: „Следбениците на Василид го празнуваат и денот на Неговото (Христовото) крштение, поминувајќи ја целата претходна ноќ во читања“ (Стромати). Од друго место, од истиот писател, го дознаваме погледот и ставот на василидијаните за настанот на Христовото крштение: „Бог Го испратил својот Ум, првиот извор на Божеството, и тој како гулаб слегол во Јордан на исуса, Кој дотогаш бил прост човек, подложен на гревот“. И, треба да се кажи дека, во ереста, особено во гностицизмот, христијаните биле привлечени не од нивното богослужење или мудрување, туку од изобилството на хармонични и убави песни и пеења. Затоа било потребно на гностичкиот празник да му се стави противтежа, свој празник, дотолку повеќе што основата на таквиот празник се базирала не на нешто друго, туку на самото Евангелие, па тогашната Православна Црква  востановила и кај себе торжествен празник во чест на Христовото крштение и го нарекла Богојавление, нагласувајќи ја мислата и догмата дека во тој ден Христос не постанал Бог, туку се јавил како Бог, се покажал како Бог, како Еден од Троица. Но, се мислело дека ова е недоволно, па за да се поткопа уште повеќе лажното умување на гностиците, тогашната Православна Црква кон споменот на крштението го присоединила и споменот на Христовото раѓање, така што името на денот – Богојавление, добил уште повеќе во своето вистинско значење. На таков начин, и крштението и раѓањето, се празнувале во еден ден под заедничко име – Богојавление, и тоа на 6 јануари. Најверојатно, така било во IV, V, па дури и во еден период од VI век во Палестина, Египет и други места на Исток, според сведоштвата на современите писатели (Касијан, Козма Индикоплевс и др.). Ерменската Црква, која се одделила од католичанската (соборната) во таа епоха, ја сочувала таа пракса досега. Таа го празнува денот на Христовото раѓање на 6 јануари и нема одделен празник, посветен на Неговото крштение.
Најпрво празникот на Христовото раѓање бил одделен од крштението во Римската Црква, во првата половина од IV век, според преданието, во времето на папата Јулиј. Во еден римски календар, кој е составен не подоцна од 354 година, под 25 декември е напишано: „Ден на Христовото раѓање во Витлеем“. Можеме да претпоставуваме од што било предизвикано тоа одделување и зошто се случило тоа токму во Рим. Јазичничкиот римски култ, со особена торжественост го чествувал зимскиот солстициј (зимската краткоденица), но не во оној ден, кога тоа се случувало (8-9 декември), туку го празнувал во оние дни, кога за сите станувал видлив – при крајот на декември. Празникот во чест на овој настан, најверојатно, се нарекувал ден на „Непобедливиот“, односно, ден на непобедливото сонце, кое не можела да го победи ни зимата и кое од тој ден оди кон пролетта. Во еден римски календар од IV век, токму на 25 декември, забележан е овој празник. Овој празник временски е подесен токму на овој ден, можеби токму затоа што периодот од 18-23 декември, во римскиот култ бил посветен на чествување на богот Сатурн, кој ги јадел своите деца, а чие чествување во себе носело мрачен карактер. По овој тажен празник на „богот на времето“, следувал светлиот празник на „богот на сонцето“, како што и кај нас постот му претходи на големите празници, и по победата на јазичништвото над христијанството, овој празник особено велелепно се празнувал во Рим. Особено овој празник свечено бил одбележуван во времето на императорот Јулијан Отстапник (според неговото сопствено сведоштво). За да се оттргнат христијаните од тој јазичнички празник, најверојатно, во Рим го преместиле празнувањето на Христовото раѓање од 6 јануари на 25 декември, како ден на раѓање на духовното незалезно Сонце (оттука, следователно, и именувањето на Христос како „Сонце“ во тропарот на празникот, една од најдревните духовни песни).
Во тој однос, традицијата на Рим, малку по малку, почнале да ја следат и останатите источни Цркви. Притоа, забележително е тоа што, во источните Цркви, за овој празник најпрво почнале да произнесуваат проповеди тројцата велики светители: Василиј Велики во Кесарија, Григориј Богослов во Константинопол и Јован Златоуст во Антиохија. Што се однесува до светиот Златоуст, од неговите беседи дознаваме дека тој не само што го вовел празнувањето на овој ден во Антиохија, туку, според примерот од Запад, христијаните од Исток со голема внимателност и постепеност се однесувале кон оваа новотарија. Во беседата произнесена на 20 декември 386 или 387 година, Златоустиот говорел дека на 25 декември, за прв пат тука ке се слави Христовото раѓање, кое одамна било познато на Запад, а во Антиохија гласовите за тој празник се појавиле уште десетина години пред тоа. Светиот отец дури и признава дека тој одамна посакувал да го воведе во Антиохија тој празник и тајно се молел за тоа. Во беседата на самиот празник, проповедникот изразува пријатно задоволство што собрал толку многу народ, и покрај тоа што за празнувањето на овој ден дотогаш премногу се спорело. Едни го сметале тоа за новотарија, а други приговарале и замерувале дека на Запад, уште одамна, овој ден се празнувал од Тракија до Кадикс. И покрај преданието, што се однесува за праксата во Рим, како и појавата на историјата на пренесувањето на овој празник од Запад на Исток, со ова е поврзана и следната историја: Кирил или Јувеналиј, епископ Ерусалимски, се жалел со писмото до папата Јулиј за нелогичноста во празнувањето на Христовото раѓање и крштението во ист ден: „Невозможно е да се оди и во Витлеем и на Јордан истовремено“, па молел да се испита и да се определи посебен ден за празнување на Христовото раѓање. Папата, како возвратен одговор, му ја препорачал праксата на Римската Црква – Христовото раѓање да се празнува на 25 декември. Василиј Велики му препорачал на Григориј Богослов, на Константинополскиот Собор да го востанови и озакони тоа празнување. Златоуст на ваквиот предлог дал согласност. Од Кипар бил повикан Епифаниј, кој во својство на Евреин по тело, врз основа на Писмото, требало да ја потврди правилноста на ваквата одлука.
Зарем не е ли понижено донекаде значењето на празникот, имајќи ја предвид историјата на неговото востановување и фактот дека тој се појавил како противтежа на еден јазичнички празник, и тоа најнапред во западната Црква? Но, не треба да заборавиме и на фактот дека 25 декември не е избран како ден за празнување, зашто на тој ден се родил Христос, туку тоа е направено по туѓ, локален и месен обичај. Но, таквиот заклучок би бил предвремен. Навистина, во древната Црква не бил познат не само точниот ден, туку ни месецот на Христовото раѓање. Според зборовите на Климент Александриски (III век), едни претпоставувале дека тоа се случило во мај, а други во јануари, а пак по други сведоштва од III и IV век, денот на Христовото раѓање се претпоставувало дека бил на 25 или 28 март.
Но, веќе во IV век Црквата дошла до еднодушно решение по тоа прашање, конечно одредувајќи го датумот на празнување – 25 декември. За донесувањето на една ваква одлука, Црквата ги имала предвид следниве соображенија: Месецот и денот на Христовата смрт точно ни се познати од Евангелието, а во Црквата одамна било раширено убедувањето дека Христос бил должен да живее на земјава совршен и полн број на години. Но, во јудејската традиција, возраста на човекот се смета не од моментот на раѓањето, туку од моментот на зачнувањето. Затоа, доколку Христос бил зачнат во истиот ден, во кој и пострадал, односно, во еврејската пасха (која во таа година се случило да биде на 25 март), тогаш, сметајќи оттогаш девет месеци, се добил 25 декември како датум на Христовото раѓање. Овој датум го прифатил уште свети Иполит во III век, а него го штителе и свети Златоуст и блажениот Августин.
На таков начин, веројатноста дека настанот на Христовото раѓање точно се совпаѓа со вистинскиот термин на раѓањето, кога и се празнува, е многу голема. Доколку треба да се направи усогласеност меѓу текот на природниот живот во светот и благодатниот живот, зашто пролетта како да не била погодно време за истовремено празнување на Христовото зачнување и воскресение. Според тоа, најпогоден термин за прославување на Неговото раѓање бил друг период од годината, кој бил најубав веднаш по пролетта. Не е ништо чудно, зашто и јазичниците, со целата почит што ја имале кон природата, ги прилагодувале кон таквите годишни доба и своите големи празници. Така и духовноста во православната вера, не сакала да биде во расчекор со природата, иако за своја појдовна и движечка сила имала други основи во тој поглед.
Славата на празнувањето на Христовото раѓање не претрпела понижување со тоа што обичајот на празнувањето не почнал толку рано, како другите празници, и што не почнало да се слави одеднаш во сите цркви, туку само на Запад. Потребно било да прекине гонењето на христијаните, за да можат христијаните да се научат да го вреднуваат и земниот живот и да го сметаат неговиот почеток (според крајна мерка, во Христа), исто како и крајот – смртта. Од друга страна, потребно било влијанието на потрезвениот и жив Запад врз созерцателниот Исток, за да биде вброен во кругот на христијанските празници и „еже по плоти“ Рождеството Христово.
Понатамошната историја на празникот, како и богослужбите до тоа време, преку кои до нас дошле и Типиконите и другите записи од богослужебните истражувања, можеме да ги востановиме само врз основа на општата историја на богослужението. Во современата божикна богослужба, едни од најстарите духовни песни се прокименот и стиховите од псалмите, потоа тропарите, како отпустителниот, така и тропарите од пророштвата (на паримиите).
Со воведувањето во богослужебната пракса на стхирното творештво, конечно биле напишани и стихирите, кои му прилегаат на еден таков величествен празник, како што е Рождеството Христово, но која од нив е постара, тоа е тешко да се кажи. Само првата стихира од вечерната богослужба, на „Господи воззвах“, може да биде призната за постара од IV век. Во VI век, за празникот на Рождеството Христово, од преподобниот Роман биле напишани кондакот и 24 икоси, од кои современата богослужба ги сочувала само првите два (кондакот и икосот). Што се однесува до божикната богослужба во целина, текстот, според кој се служи денес, за прв пат се сретнува во Минеите од VII и VIII век.

Михаил Скабаланович
„Рождество Христово“, Киев, 1916

превод од руски јазик:
протоереј Златко Ангелески

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5760
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6577
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6363
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5557
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная