логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Натаниел Кучевишки  


Натаниел Кучевишки, познат уште како Охридски-Пловдивски или Натаниел Зографски, со световното име Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев (26. Х. 1820 – 18. IX. 1906) е еден од најшколуваните црковно-литературни и револуционерно-национални дејци во XIX век. Учествувал во црковната борба против грчката Цариградска патријаршија и се залагал за обновување на Охридската архиепископија. Натанаил станал егзархиски митрополит, кој активно го помагал македонското револуционерно ослободително движење.

Натаниел Кучевишки е роден на 26 октомври 1820 година во скопското село Кучевиште, како Неделко (Нешо) Стојанов Бојкиќев. Се школува во родното село (Кучевишкиот манастир), а потоа во Скопје, Самоков и Прилеп. По замонашувањето во Зографскиот манастир на Света Гора во 1837 година, учи во Духовната семенарија во Кишинев од 1838 до 1844 година и во Одеса од 1845 до 1847 година. Потоа како кандидат на бословските науки, од 1847 до 1851 година учи на Духовната академија во Киев.

Во текот на своето школување тој учествува во преводи на црковни дела. Додека се образовал во Прилеп, заедно со учителот Георги Самуркашев преведува антисемитски трактат (Служение еврейско и все злотворение нихно), кој се печати во 1838 година во печатницата на Теодосиј Синаитски во Солун. Потоа во Русија, заедно со Захарие Књажевски го преведува делото „Огледало христијанско“ кое се печати во Москва во 1847 година.

Во текот на своите богословски студии, Натанаил Кучевишки се вклучува во црковната борба против грчката пропаганда предводена од Цариградска патријаршија и се залага за обновување на Охридската архиепископија. Тој одржува писмена врска со Македонија, а неговите писма јавно се читаат во Скопје, Велес, Прилеп и други места. Натанаил дипломирал во 1851 година со монографски труд за Охридската архиепископија, во кој истакнува дека во античките времиња таа не зависела ни од Римскиот, ни од Константинополскиот патријарх.

Ракоположен за јеромонах во Киев, Натанаил станал личен пријател со Константин Д. Петкович (руски дипломат роден во Башино село, Велешко), Георги Раковски и други видни македонски, бугарски и руски општествени и духовни дејци. Со Константин Д. Петкович и Партениј Зографски иницираат проект за создавање на посебно литературно друштво.

Во 1852 и 1853 година, Натанаил Кучевишки патува по Русија, Полска, Чехија, Унгарија, Австрија, Србија, Романија и Отоманската империја. За време на патувањето се запознал со истакнати дејци од Европа, а во 1853 година во Прага издава книга на црковнославјански јазик во која ја опишува црковната славјанско-грчка расправија.

Натаниел бил кратко време учител во Зографскиот манастир во 1853 година. За време на Кримската војна (1853–1856), тој подготвувал востание во Отоманската империја, а потоа од Зографскиот манастир бил назначен за игумен на молдавскиот Добровецки манастир, каде останува од 1854 до 1869 година. Во 1863 година тој присуствувал на прославата во Моравија по повод 1.000 години од делото на браќата Свети Кирил и Методиј. Додека престојува во Добровецкиот манастир, Натанаил издава неколку црковно-морални и учебни публикации од кои дел ги посветува на училиштата во родното место Кучевиште и Скопје.

По неуспехот да се обнови Охридската архиепископија, а по формирањето на Бугарската егзархија во 1870 година, Натанаил бил избран за владика и назначен за прв охридски митрополит (24 септември 1872 г.). Бегајќи од Цариградската патријаршија, Охриѓани ја прифаќаат Бугарската егзархија и во чест на доаѓањето на Натанаил, учителот Григор Прличев напишал песна.

Во 1873 година, додека претстојува во Цариград, Натанаил ја издава публикацијата „За Јустинијановите права на Охридската архиепископија или за црковната независност и самостојност на Охридското свештенодејствување“. Во овој период, тој ја поддржува и сепаратистичката македонска струја во унијатското раздвижување во Македонија.

Додека Натаниел престојувал во Охрид од 1874 до 1877 година, тој доаѓа до судир со Григор Прличев, по што учителот ја изгубил својата работа. Документ за злоупотребата на турските власти, подготвен од Натанаил и неговиот секретар, а потпишан од претставниците на Охридската каза, бил испратен до Цариградската конференција (1876 - 1877).

По избувнувањето на Руско-турската војна (1877-1878), поради сомнеж во неговата лојалност, турските власти го протеруваат Натанаил во Цариград. Потоа тој тајно се префрла во Пловдив, кој бил ослободен од руската војска. Оттаму заминал преку Софија за Ќустендил каде се вклучува во подготовките за кревање на востание во Македонија.

По Берлинскиот договор во летото 1878 година, македонскиот народ бил разочаран, но и бил подготвен со оружје да ја извојува својата слобода. Целата работа за организирањето на востание му била доверена на охридскиот митрополит Натанаил. Тој бил еден од најангажираните во подготовките на Кресненското македонско востание, а под негова команда се нашле голем број бивши доброволци од Македонија. Натанаил го свикал состанокот во Рилскиот манастир на 8 септември 1878 година каде со раководителите дедо Иљо Малешевски и Димитар Поп Георгиев – Беровски бил договорен почетокот на востанието.

Иако во решавачките моменти на востанието, ги застапувал бугарските интереси преку софискиот комитет „Единство“, Натаниел се заложил за Димитар Поп Георгиев – Беровски, кого го спасил од ликвидација и го ослободува од затворот во Ќустендил.

По неуспехот на востанието, Натанаил не можел да се врати во Охрид. Извесен период раководи со Охридката епархија од Софија преку митрополитскиот протосингел архимандритот Дионисиј. Во 1879 година бил ослободен од Охридската архиепископија, а во 1880 бил назначен за митрополит на Ловечката епархија во Бугарија. Тука останува до 1891 година, а потоа до смртта е митрополитот во Пловдив.

Под влијание на Македонското востание во Кресна и негово лично влијание, во периодот од 1880 до 1881 година во Охридско дејствува група чија цел било кревање на востание во Западна Македонија. Заговорот бил откриен во 1881 година, а меѓу уапсените и осудените се наоѓа и братот на Натанаил, Златан Бојкиќев.

Натанаил Кучевишки умира на 18 септември 1906 година во Пловдив. Во текот на својот живот напишал повеќе црковно-морални, учебни, културно-историски публикации, како и публикации со автобиографски карактер како што е на пример „Жизнеописание митрополита охирдско-пловдискаго Натанаила-автобиографични бележки“.

 

  Извор: http://www.mn.mk/makedonski-legendi/8145-Nataniel-Kuceviski

28-миавгуст летоГосподово 2013



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1115
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1216
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1108
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како одат работите... (22.11.2020)

Носењето на негативен заклучок многу лесно се надоврзува на трите посебно опасни илузии што ги имаат прифатено „христијаните“, во текот на својата историја, кои ги одделуваат од Вистината Христос, од...

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Митрополит Струмички Наум: Ангелите се светлина (пример) за монасите; монасите се светлина (пример) за луѓето...“

Кога говориме за фанатизмот, отсекогаш ме воодушевувал примерот на светиот архангел Михаил. Некогаш, во кризниот момент на општото отпаѓање на ангелите, излажани од дотогаш најсветлиот и најбли- скиот ангел до...

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

БEСEДА за вoздигнувањe на чoвeкoт прeку вoскрeснатиoт Христoс

Eвe ја висината дo кoја Бoг гo вoзвишил чoвeчкoтo битиe! Бидeјќи oвдe нe станува збoр за бoжeствeната прирoда Христoва, туку за чoвeчката, нe сe збoрува за вeчнoтo Слoвo Бoжјo, туку...

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Што е разликата помеѓу опсесија, илузија, прелест и помисла?(15.11.2020)

За разлика од демонските, мислите што ни доаѓаат од Божјата страна се суптилни, смирени, срамежливи, не сакаат да ја нарушат нашата слобода, а ни носат, главно, смиреност, покајание и плач....

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

Митрополит Струмички Наум: Со кого може да се разговара и за што (08.11.2020)

 Тоа што е очигледно, за секој нормален, е дека, во овој период, против Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се води специјална војна чија цел е растурање на нејзиното единство....

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

БEСEДА за срцeтo пoдгoтвeнo за Бoга

Пoдгoтвeнo e срцeтo мoe, Бoжe, спрeмнo e срцeтo мoe (Пс. 56:7). Блазe му на oнoј, браќа, кoјштo мoжe така да Му рeчe на свoјoт Гoспoд! Блазe му на oнoј чиe...

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: За оние што се мислат безгрешни, пречисти и сигурно спасени, па сега ќе ја спасуваат и Црквата (30.10.2020)

Пак ќе те прашам, уште ли се гледаш како чист!? Уште ли се гледаш како безгрешен!? Уште ли се гледаш како правоверен!? Уште ли се гледаш како спасен!? Гледаш, сега,...

Митрополит Струмички Наум:  Секташки дух (25.10.2020)

Митрополит Струмички Наум: Секташки дух (25.10.2020)

Секташкиот дух не го познава и признава покајанието. Тој дух во луѓето бара зло, вистинско или привидно, и на тоа се задржува. Се фаќа за еден збор, наместо за илјадници...

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Беседа во спомен на Преподобен Теофил Струмички и Св. мч-ци Евлампиј и Евлампија

Нема ништо поблажено, возљубени, од тоа постојано да се предаваме на волјата Божја, постојано да живееме испитувајќи што навистина е според волјата Божја. Но тоа предавање и тоа испитување не...

« »