логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Литургијата се нарекува Евхаристија (грч. Благодарење). Благодарноста претставува суштина на нашето постоење како создадени битија. Тоа е начин на живот, на пристап и однос кон Бога, Изворот на нашето постоење. Адам требало да биде свештеник, т.е. во едно благодарно претстоење кон Бога, Нему да Му се принесува самиот, а преку себе и целиот свет. Но, тој не успеал во ова, па затоа Христос ја исправил оваа грешка со Својата мисија, со целото дело на Спасението, кое претставувало Евхаристија на Бога. И ова е таа Евхаристија во која ние учествуваме, Христовата. Во таа смисла, Литургијата претставува едно големо Евхаристо – Благодарам на Бога.

Суштината на Небото е Благодарноста, ние сме на Небото и го вкусуваме тој благодарен начин на постоење. Литургијата можеме да речеме дека е еден вид „автошкола“ за Вечноста. Ние се учиме на тој начин на живот, на благодарност, која претставува срж на постоењето во Царството Небесно. Како што вели Г.К.Честертон, религиозното воспитание на детето не започнува кога таткото му говори за Бога, туку кога мајката ќе го научи да каже благодарам за вкусно зготвеното јадење. Колку е радикална, спротивна, Литургијата на овој паднат свет, чија суштина е неблагодарноста; нашето современие и нашата генерација се одликува со неблагодарност, многу често нашето обраќање кон Бога е во категориите на трговија: кога сме во тешкотија или бараме нешто за себе (успех, здравје) – но ова се најниските мотиви во нашиот однос со Бога. Откривањето на својата несамобитност, доживувањето на својата создаденот и реална зависност од Бога доведуваат до чувството на благодарност, во кое најправилно го градиме нашиот однос со Бога и го осмислуваме нашиот живот, чија цел е соединувањето со Изворот на животот, единството со Бога во љубов. Тоа е Литургијата.



Пеењето на Трисветата песна (Свет, Свет, Свет е Господ Саваот) уште еднаш сведочи за небесниот карактер на службата. Благодарењето сега се претвора во Споменување на Христа и на онаа ноќ, кога се предаде Себеси за живот на светот, на Тајната Вечера кога ја востановил оваа Тајна (но ние не се сеќаваме едноставно на историската Трпеза со апостолите, туку таа е истата во која и ние сега учествуваме). Свештеникот ги произнесува зборовите кои Христос ги кажал: „Примете, јадете, ова е Моето Тело“ и „Пијте од неа сите, ова е Мојата Крв на Новиот завет“. Да напомнеме, свештеникот е икона на Христос, а Христос во суштина е Оној Кој принесува, ја служи Литургијата. Христос е и Принесувачот и она што се принесува – Жртвата.

Тајната Вечера била старозаветна празнична вечера за Пасха, која Евреите ја извршувале во спомен на Мојсеј и излегувањето од египетското ропство. Таа Пасха била укажување на Христовата Пасха која сега се исполнува: Христос станува наша Пасха – Премин од ропството на гревот и смртта, во живот вечен, и ние оваа Вечера веќе ја извршуваме во Негов спомен. Свештеникот кажува: „Спомнувајќи си за сè што стана за нас, Крстот, Гробот, Воскресението… Второто и славно доаѓање (!)“. Уште едно сведоштво дека се наоѓаме вон границите на просторот и времето (како може да се сеќаваме на она што не се случило: Второто доаѓање?). Ова потврдува дека се наоѓаме во Вечноста, кога историското време веќе е исполнето, а и Второто доаѓање се случило.

(продолжува)

Прв дел    Втор дел    Трет дел

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1525
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1912
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1710
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

БEСEДА  за нeизмeрната Христoва љубoв

БEСEДА за нeизмeрната Христoва љубoв

Христoвата љубoв штo гo надминува сeкoe знаeњe! Нe oд Бoжјиoт разум, туку oд чoвeчкиoт разум, пoмрачeн и oзлoбeн oд грeвoт. Бидeјќи Бoжјиoт разму e рамeн на Бoжјата љубoв и ниeднo...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Митрополит Струмички Наум: Недела на светиот Апостол Тома

Желбата на Апостолот Тома да ги допре раните на воскреснатиот Богочовек Исус Христос не е неверие, туку природен и спасоносен копнеж на секој човек да Го познае Бог од опит,...

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Митрополит Струмички Наум: Воскресение Христово (01.05.2021)

Светлината во темнината на гревот и очајот свети, и мракот на отпадништвото и смртта не ја опфати.Имаше еден човек по име Јован, пратен од Бог – немаше од него поголем,...

 Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Цветници (24.04.2021)

Оние што преку доброволни подвизи или мачеништво ќе влезат преку своето очистено срце во Царството Небесно – внатре во себе, преминуваат од смрт во живот – уште сега, и на...

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

БEСEДА за прoрoштвoтo на чудата Христoви

Сo тoа сака да пoкажe дeка и кoга ги изгoвара Свoитe збoрoви, и кoга ги изгoвара прoрoчкитe збoрoви, сeкoгаш гo гoвoри самo Свoeтo. Да пoкажe дeка и тoгаш Oн гoвoрeл...

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на света Марија Египетска (17.04.2021)

Христос нѐ потсетува сите дека нашето Царство не е од овој свет и дека во овој живот нѐ очекуваат и страдања. Со оваа вистина треба да сме начисто и да...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Жарко Ѓоргиевски: Недела на свети Јован Лествичник

Потикнат од голема љубов кон Бога и Христовата наука, уште на 17 годишна возраст Јован го прифатил благиот јарем Христов и се упатил по тесниот пат, по кој одат праведниците...

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

ЗА ПОКАЈАНИЕТО - АРХИМАНДРИТ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС

И колку повеќе некој ја чувствува грешноста си, толку и се кае подобро и повеќе. И затоа го гледаме овој голем знак – тајна може да каже некој – во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Јован Лествичник (10.04.2021)

Срцето на овој степен сè уште е заробено од страстите, така што демонот релативно лесно, преку помислите и сетилата, однатре, го наведува човекот на грев. Колку што човекот слободно му...

« »