логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Иако не добиле конкретно ветување од МПЦ дека ќе ги вклучи во своите образовни институции, сепак, велат дека ако црквата има потреба од нив, тие се подготвени да помогнат на кое било поле од нејзината дејност

 Антонио Лазески и  Виктор Недески со дипломите од Државниот богословски факултет во Солун

Црквата доби двајца дипломирани теолози од Солунскиот факултет

Антонио Лазески и Виктор Недески се првите студенти од нашата земја што учеле на Државниот богословски факултет во Солун. Пред само неколку дена присуствуваа на свеченото доделување на дипломите од овој факултет, кој е дел од Аристотеловиот универзитет, со што сега се официјално дипломирани теолози. Факултетот го избрале по препорака на отецот Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, а поддршка им дале нивните надлежни владици, г. Тимотеј и г. Агатангел, како и Синодот на МПЦ.

Антонио има 24 години и потекнува од Кичево, а неговиот другар и колега Виктор Недески е само неколку месеци помал, има 23 години, и е роден во Охрид. Во 2009 година се запишале во училиштето за новогрчки јазик при Филолошкиот факултет во Солун, за да студираат во Грција. Веќе од 2010 година се запишале на Теолошкиот факултет, на одделот за пастирска и општествена теологија.

- Должност ми е да кажам дека во текот на овие четири изминати години сме имале само пријатни искуства со сите професори. Професионалните познанства веќе преминаа во пријателски другарувања. Сите наставници таму се сериозни научници, пред сѐ тоа се вистински православни христијани, кои, покрај ревноста за вистината и мудроста, успеаја да ни ја предадат и својата љубов. За повеќето од нив МПЦ претставува една сериозна канонска црква, која е соочена со противниците на нејзиното признавање. Многумина од нив имаат искрена желба да му се стави крај на проблемот и волја да помогнат, секако во границите на нивната можност - вели Антонио.

Истото тоа го смета и Виктор, кој нагласува дека нивното присуство во солунскиот теолошки факултет отворило можност професорите да се запознаат и со „нашата страна“, па така, според теологот, сега таму преовладува ставот дека проблемот на МПЦ има чисто политички, а не црковен карактер.
Познато е дека МПЦ-ОА не е признаена црква во православието, а една од црквите што не го признаваат нејзиното канонско постоење е и Грчката православна црква, на која најмногу ѝ пречи токму префиксот македонска.

Подготвени на работа во МПЦ

Инаку, двајцата македонски теолози добиле сериозни понуди од повеќемина професори за продолжување на студиите и во други земји, како на пример Франција, Кипар и други.
- Меѓутоа, по сериозно разгледување на ова прашање, одлучивме да продолжиме со постдипломски студии на Теолошкиот факултет во Солун, јас во областа патрологија (црковна книжевност и учење на светите отци), додека Антонио во областа на византиската музика - раскажува Виктор.

Иако не добиле конкретно ветување од МПЦ дека ќе ги вклучи во своите образовни институции, сепак, велат дека ако црквата има потреба од нив, тие се подготвени да помогнат на кое било поле од нејзината дејност.

- Во секој случај, доброто познавање на грчкиот јазик ни дава директен пристап кон древните црковни извори и светоотечки списи, што на некој начин е можност нашата црква непосредно да се сретне со светоотечкото предание од прва рака и во своите образовни институции - вели Виктор.

Свештеничката служба ја сметаат за вистински сериозен и висок позив, кој е повеќе поврзан со севкупниот идентитет и пред сѐ духовните особини на кандидатот, отколку со образованието.
- Јас го засакав свештеничкото служење уште пред вистински да ја запознаам и засакам теологијата како наука, така што би бил многу среќен и вистински исполнет доколку бог ме удостои со својот благослов да му служам со таков висок призив - истакнува Антонио.
На свештеничкиот позив Виктор гледа како на нешто возвишено, па ако биде повикан во овој возвишен чин, вели дека достојно ќе го извршува.

Студенти и „амбасадори“ во Грчката црква

Студентите во странство на некој начин се контакт на МПЦ со помесни те цркви. Придобивките на нас како поединци од знаењето на туѓиот јазик, менталитет и методологија во секое поле на дејствување се од неизмерно значење за нас како црква. Вака Антонио објаснува што нашата црква добива од тоа што нејзиниот кадар се школува во странство.

- Досега МПЦ се покажала како многу внимателна и грижлива мајка кон своите студенти надвор од татковината и ги примала по нивното враќање, давајќи му секому место што му одговара и прилега - нагласува Антонио.

Досега не се соочиле со критики за тоа дека студираат во Грција.
- На некои луѓе не им е јасно од каде таков избор кога веќе постои Теолошки факултет во Скопје, но кога ќе им се објасни, нема веќе никаков проблем. Во Македонија ги има сите можни факултети, но сепак стотици студенти одат во странство на студии, нешто што е многу природно во денешното време на комуникација и глобализација. Затоа не гледам причина зошто Македонците не би оделе да студираат во Грција или обратно, туку, напротив, сметам дека една таква комуникација и размена на умови се неопходни за запознавање и надминување на проблемите - додава Антонио.

И за Виктор е голема предност што на Солунскиот факултет имале можност да се стекнат со солидно познавање на грчкиот јазик, кој за Православната црква е тоа што е англискиот јазик за светот.
- Овој „клуч“ понатаму отвора многу врати. Познанството со студентите од целата православна екумена за нас беше уште едно искуство и запознавање одблиску со другите помесни цркви, а и можност да бидеме еден вид „амбасадори“ на МПЦ-ОА во Солун, и да покажеме дека таа заслужува да биде дел од семејството на православните цркви - нагласува Виктор.

Враќање на византиското црковно пеење
 

Според Виктор, византиската музичка традиција е онаа што е автентична и најмногу својствена за нашите простори.
- Затоа треба да се стави посебен акцент на нејзиното негување, како во парохиските храмови и манастирите (преку формирање византиски хорови), така и во образовните институции на црквата, но и во етнолошките и музичките установи во Македонија, зашто тоа несомнено е значаен дел од нашата севкупна култура -додава Виктор.
Неговиот колега Антонио смета дека нивна работа е враќањето и воскреснувањето на црковното пеење, кое некогаш било неправедно изгонето, да го поддржат со силна и стручна подготовка, за тој природен тек да биде ставен во правилни рамки.
Според Антонио, сето тоа е можно да се постигне пред сѐ со враќањето на пеењето најпрвин во образовните институции на МПЦ, а потоа и преку формирање организирани хорови со сериозна музичка програма, снимање музика и слично.
- Во една пригода, еден пријател од Бугарија, кој исто така се занимава со црковна музика и фолклор, ми рече: „Блазе си ви вам во Македонија, зашто многу лесно ќе го вратите византиското пеење, кое чука во срцето на Македонците и е многу лесно прифатливо за нив“. Сведоци сме како тоа веќе се случува само од себе. Еве, како повеќе од дваесет години христијаните во Македонија многу природно и самостојно се враќаат кон она што им лежи на срце, и тоа без некаков особен метод, програма или учител - објаснува Антонио.


Автор: Радмила Заревска / radmila.z@novamakedonija.com.mk

Извор:  http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7241495363&id=9&prilog=0&setIzdanie=23233



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2036
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2056
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 501
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

08/05/2026 - петок

+Светиот апостол и евангелист Марко; Свети Анијан епископ Александриски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная