логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 06/01/2020 (Обновено)

Беседа изговорена на трпеза во манастирот, на Божик - 1985 година



KAPSANIS.BOZIK1



Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште сме ограничени во времето, бидејќи сме телесни луѓе и уште не сме одврзани од врските на овој привремен живот. Меѓутоа, по благодат, уште од сегашниот живот имаме учество и претвкус на идниот век, на бесконечното Царство Божјо. Ако тоа се случува на секоја Литургија и на секое црковно богослужбено собирање, тогаш многу повеќе ова чувство го имаме кога празнуваме големи настани поврзани со спасението, како што е божественото Господово раѓање, кое денес го празнуваме.

Вечерва имавме чувство дека Рождеството не е нешто што се случило само во минатото како историски настан, туку на некој начин, надминувајќи го времето, имавме чувство дека и ние сме таму каде што се родил Господ и учествувавме во радоста на несоздадениот благослов. Го гледавме Богомладенецот, ја гледавме Неговата Света мајка, го гледавме праведниот Јосиф, ги гледавме пастирите како се поклонуваат и ги принесуваат даровите, ги гледавме светите ангели како славословат.

Она што го почувствуваме во таа атмосфера, беше чувството дека за време на целиот настан владееше мир. А потоа, слушајќи ја ангелската песна „слава на Бога во висините и на земјата мир, а меѓу луѓето благоволение“, веќе сфаќавме дека тој мир не е идеолошки или психолошки, туку е дар на воплотениот Бог и на благодатта на Пресветиот Дух за човекот.

Колку ли само има потреба човекот од тој длабок мир! И тој длабок мир го почувствувавме во оваа света ноќ во светата пештера и во светите витлеемски јасли. Колку убав е тој Божји мир! Колку голем благослов е за човекот кога тој благодатен Божји мир живее во неговата душа!

За првпат во човештвото, во оваа света ноќ, човекот го чувствува тој Божји мир, што го имал загубено од моменот на непослушноста. Кога изразил непослушност кон Бога, човекот го загубил мирот. Сега повторно го наоѓа. Затоа ангелите се радуваат и Го славословат Бога во висините, бидејќи Самиот Тој, принесувајќи Го Синот за да се вочовечи, им ја дава на луѓето можноста повторно да се помират со Него, зашто претходно се одделени и се непријатели во однос кон Бога. Бог им ја дава можноста повторно да станат Негови деца, Негов народ, Негови блиски и сонаследници на Неговиот Син и наследници на Неговото Царство. Затоа сега човекот може да има вистински мир.

Браќа мои, и ние, денешните христијани, копнееме по тој мир. Современиот човек има потреба од тој мир. Тој мир го примаме во нашата Света Црква. Секогаш кога ќе се исповедаме, секогаш кога ќе се покаеме и ќе заплачеме за некој грев, секогаш кога ќе се помолиме, секогаш кога ќе изразиме смирение, секогаш кога ќе изразиме љубов, секогаш кога ќе простиме, секогаш кога ќе се причестиме, секогаш кога ќе Му принесеме служба на нашиот Бог, секогаш кога со срдечен копнеж ќе ја кажеме молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот“, ние чувствуваме нешто од Божјиот мир. И колку што напредуваме во духовниот живот и со животот во Христа, толку е и подлабоко чувството на тој надумен Божји мир, и толку повеќе славословењето на Бога му го пренесува на човекот тој голем дар на мирот.

Браќа мои, да Му заблагодариме, бидејќи зборовите „слава на Бога во висините, и на земјата мир, а меѓу луѓето благоволение“ се реалност за оние кои веруваат во Господ и Го прифаќаат како Миротворец, како Началник на мирот, како Цар на мирот и на животот.

Како што знаете, светот го поставува мирот само на политичко и на социјално ниво, и се прават манифестации и корпорации, и се вложуваат напори за мир во светот. Не дека е тоа лошо, туку тоа не е доволно за да му даде суштински мир на човекот. Човекот има потреба од внатрешен мир, од мир на срцето, мир на душата. А кога го нема тој мир, дури и кога светот не е во воена состојба и кога државите се во меѓусебен мир, сепак човекот не може да се успокои. Без Божјиот мир, кој Господ го дава со Неговото свето Рождество, луѓето се без надеж, живеат во стрес, во празнотија, па потоа се обидуваат со наркотици и со други средства да го најдат мирот во себе и да ја заборават внатрешната трагедија.

Голема болка имаме кога знаеме колкава среќа претставува за човекот тој Христов мир, а истовремено гледаме и констатираме дека денес многу луѓе не знаат дека Христос го дава тој мир и дека затоа нивниот живот е драматичен и празен, со безнадежност, недостаток и со чувство на неуспех.

Затоа денес да Го замолиме Началникот на мирот, вочовечениот наш Бог, да нѐ просветли и да ни помогне на сите со покајание и молитва, со љубов и со подвиг да го примиме дарот што денес ни го дава Божествениот Мир, па и ние да живееме со него, но да бидеме повод и на други луѓе да го запознаат и да стекнат мир во близина на Исус Христос. Бог да им помогне и на сите луѓе што денес се измачуваат затоа што не го познаваат Христовиот мир, за да го познаат и да се успокојат.

На вакви големи денови не можеме да мислиме самољубиво само за себе. Мислиме на сите луѓе што страдаат, на сите што болуваат, на сите што не Го познаваат Христос. Затоа, особено денес, нашата молитва нека биде за целиот свет. Да Го помолиме Господ, Богомладенецот, Кој и покрај сѐ е Цар на небото и на земјата, да ја подигне Неговата благословена рака и да го благослови светот на сите четири страни; да ги благослови сите народи на земјата, сите нации во светот; да ја благослови нашата света Православна Црква, која по целата земја е распната и гонета; да ги благослови православните маченици, кои се по затвори и по концентрациони логори заради љубовта кон Распнатиот Господ, кон Богомладенецот; да ги благослови нашите поробени браќа насекаде каде што се; да ја благослови нашата младина, која заедно со сите нас минува низ големата тешкотија на недостаток од ориентација; да ја благослови Света Гора; да го благослови нашиот манастир; да го благослови секого од нас, браќа мои.

Особено повикувам благослов од Богомладенецот за сите вас, возљубени мои браќа, кои дојдовте од светот за да празнуваме заедно, и ви посакувам Тој да ви ги даде Неговата благодат, Неговото просветлување, Неговиот мир, и да го пренесете тој мир во светот каде што живеете, зашто вие подобро од нас знаете колкава потреба денес современиот човек има од Христовиот мир.

Господ на сите нас да ни го даде Неговиот благослов, и да ни помогне да бидеме достојни за големиот дар, што на сите ни го дава Неговото свето рождество и вочовечување.

 

Христос се роди !

 

 KAPSANIS.BOZIK

 Извор:

https://www.manastirslepche.mk/novost/rozdestvo-hristovo-arhimandrit-georgij-kapsanis/

 

Друго:

Друго :

7.Vselenski.sobor

 

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

https://www.manastirslepche.mk/pouka/50-pouki-na-svetiot-teofan-zatvornik-ii-del/

 28ти ноември 2019 лето Господово

Друго:

7.Vselenski.sobor

7.Vselenski.sobor

 Од книгата Тајната на Спасението - Архимандрит Рафаил Карелин

7.Vselenski.sobor

 https://www.manastirslepche.mk/novost/zoshto-ima-s-pomalku-vreme-arhimandrit-rafail-karelin/

“Во почетокот беше Словото,
и Словото беше во Бога
и Бог беше Словото.” – Јован 1,1

Друго:

7.Vselenski.sobor

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1263
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1463
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1335
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »