логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

На Страшниот суд (10.02.2018 10:16)

Na.Strashniot.Sud

Деца, забележувате ли дека прашањата на кои ќе треба да одговориме на Страшниот суд воопшто не се однесуваат на верата и Црквата на кои припаѓаме, ниту на државата, нацијата и партијата, ниту на нашите лични гревови, туку на конкретните лични дела на милосрдие: дали кога Господ Христос беше гладен Му дадовме да јаде; дали кога Господ беше жеден Му дадовме да пие; дали кога Господ беше странец Го примивме; дали кога Господ беше необлечен Го облековме; дали кога Господ беше болен Го посетивме; дали кога Господ беше во затвор дојдовме при Него? (види: Матеј 25, 31–46).

            Ова е минимумот што секој христијанин кој живее во светот треба да го исполни со надеж за спасение. Зошто велам минимум? Според Светите Отци, од две причини. Прва – затоа што, на пример, Господ не бара од христијаните да ги исцелат болните или да ги ослободат заробените, туку да ги посетат и утешат. Што полесно од тоа? И втора – затоа што не го става Господ како критериум за спасение нечинењето на злото, туку чинењето на доброто. Што полесно и од ова?

            Од аскетско-исихастички аспект, местото каде што ние Го бараме Богочовекот Христос е нашето срце, заробено и извалкано од страстите. А бидејќи нашиот ум не може да влезе во затвореното срце и да допре до Синот Човечки, Христос престојува таму осамен, гладен, жеден, странец, необлечен, во затвор... Затоа, за да допреме до Христос и да Му послужиме, најнапред треба да го очистиме своето срце од страстите, да го осознаеме местото на срцето, да го откриеме влезот на Царството Небесно внатре во себе, и со својот ум смирено да застанеме пред Царот на славата, Кој страда заради нас и наше спасение.

            Интересно е и полезно да знаете што значат зборовите „Господи, кога Те видовме...“ на оние што Страшниот суд ги затекнува на секој од степените на духовниот развој, поодделно:

            Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на чистење на срцето од страстите, ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот да ги исполнат Христовите заповеди во пракса, живеејќи во грижите на светот, не Го видоа Господ во своето срце преку дарот на умно-срдечната молитва.

            Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на просветлување на умот, ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот на умно-срдечната молитва и на љубовта кон непријателите, најчесто поради пастирски обврски во светот, не Го видоа Господ во своето срце и надвор околу себе преку дарот на гледање на несоздадената светлина.

            Оние што Страшниот суд ги затекна на степенот на обожение, ги велат гореспоменатите зборови затоа што и покрај подвигот на непрестајната молитва и на плачот за целиот свет, поради злоупотребата на слободата од страна на оние што самите себе се ставија на левата страна, не Го видоа Господ и во нив. Господи, помилуј!

            Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно („одете од Мене, проклети“), не е ништо друго освен давање на уште една можност за покајание. И наместо да признаат дека ја заслужиле казната и да побараат прошка и милост од Семилостивиот Христос и да се спасат во последен момент, тие се самооправдуваат и Го обвинуваат Господ и на самиот Страшен суд: „Господи, кога Те видовме...“

Со еден збор, сите оние што во текот на целиот свој живот се самооправдуваа и ги обвинуваа другите, што друго знаат освен и пред Христос на Страшниот суд истото тоа да го повторат.

            Пресвета Богородице, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…
Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2497
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1675
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2159
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (17.07.2021)

Божји збор, Литургиски збор, збор во сила, соодветно, има веќе и оној што го просветлува својот ум преку дарот на умно-срдечната молитва; оној чиј ум невидливо богослужи пред олтарот на...

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Митрополит Струмички Наум: АПОСТОЛСКО ПРЕЕМСТВО, ИЛИ СТАРОЗАВЕТНО?

Светите Апостоли не служеле во велелепни храмови, туку во обични домови. Ние, денес, се натпреваруваме кој поголем храм ќе изгради, и покрај тоа што многу луѓе живеат во сиромаштија.Светите Апостоли...

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Ретроспектива (2005-2020) - Митрополит Европски Пимен: „Беа двајца сосем различни луѓе“

Беа двајца сосем различни луѓе. Едниот прост рибар, а другиот еден од најучените во своето време. Еден крупен како карпа, друг многу ситен. Едниот со пламен карактер, а другиот кроток....

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

Александар Несторовски: Трета недела по педесетница 11/07/2021

А ако ние сме од Бога и ако целиот матријален свет е од Бога, тогаш значи дека и се што доаѓа е од Бог. Затоа, да го напуштиме лицемерното верување...

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

МИТРОПОЛИТ СТРУМИЧКИ НАУМ: ЛОВЦИ НА ЛУЃЕ (03.07.2021)

И затоа, како што обичниот ловец треба да биде искусен за да го фати својот плен така и ловецот на луѓе, односно духовниот отец треба да биде опитен за да...

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

о.Јане Илиев: ПРВА НЕДЕЛА ПО ПЕДЕСЕТНИЦА

Човекољубието на Господа Исуса Христа нема крај. За да го стекнеме вечниот живот, кој е во Него, и за да живееме со Него, од нас не се бара ни ученост,...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на сите Светии (26.06.2021)

Егоцентричноста, т.е. самољубието не се способни да се потслонат на верата и довербата во Богочовекот Христос, и затоа несвесно го принудуваат човекот да бара сигурност само во материјалното, како и...

Митрополит Струмички Наум: ПЕДЕСЕТНИЦА (19.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: ПЕДЕСЕТНИЦА (19.06.2021)

И после сѐ, како вообичаено, настана расправија за Него, и меѓу народот, и меѓу началниците и фарисеите. Меѓу оние со отворено и оние со закоравено срце. А секогаш, при која...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »