логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

презвитер Горан Стојчевски


Неблагодарам, не, туку Благодарам



    Слушајќи го денешното Светото Евангелие, се запознавме со подвигот и на богатиот човек и на сиромашниот Лазар. За некого може ќе биде ова уште една приказна, за некого само утеха и надеж со голема доза на неверување, за некого исправање на некоја социјална човечка неправда овде во светов која почнува во вечноста со замена на улогите на споменатите од оваа Господова парабола, а всушност ова евангелско собитие само ни ја отвора темата не за богатството и сиромаштијата, туку за сиромаштвото како христијански завет, како завет од нашето Крштевање дека без оглед на дарот Божји, беда или имот, сме се обврзале дека нема да им робуваме на ниту на гордоста од богатствто, ниту на очајот од бедата.


Споменавме, дар Божји, секако богатиот човек кој се облекувал во порфир и свила и кој живеел раскошно и се веселел, сето тоа го имал добиено како дар Божји, но наместо да благодари на даровите од Бога, тој се приврзува за нив, тој ги присвојува за себе сметајќи дека со полно право му припаѓаат нему, припадноста е само граница која  неблагодарно ја преминуваме во робување на нешто и што не е наше, оти сè е дар. Ние, знаеме дека и нашиот живот е дар, чудо од Бога, во кој ако ја злоупотребиме слободната волја движејќи се во онаа Апостолска рамка, сè ми е позволено, но не ми е сè полезно, и не благодариме, а го присвоиме како наша сопственост тогаш ќе му робуваме, т.е. робуваме на сите страсти кои произлегуваат од неблагодарење за дарот на животот, иако надвор од Христос, само слободно избираме на што ќе робуваме, а ако тие страсти не успееме да ги реализираме тогаш ете, тука е почетокот на нашата беда и фрустрација, сакаме да имаме или како што вели свети апостолот Јаков, просиме, а не добиваме оти сакаме да го трошиме на нашите похоти, а тоа предизвикува нервоза, растројство и демнопседнатост, иако овие состојби можеме да ги добиеме облечени и во порфир и свила, а не само во посакувањето и нереализацијата на истото. Ако нема покајние ќе има неблагоданост, ако нема очистување на срцето ќе има бесчуствителност, ако нема насоченост на животот кон обожување ќе има свесно или несвесно определување за злото, иако ќе има радост и веселие, но на сметка на мачениците кои ги произведуваме од нашето нехристијанско однесување.

    Сиромашниот Лазар пак е блажен како беден по дух и затоа негово е Царството небесно, но не заради сиромаштијата, туку заради неговииот евхаристиски живот оти Му благодарел на Бога за сето она што го имал, а имал беда, сиромаштија, но сепак неговата благодарност ја согледуваме во тоа дека сакал да се храни од трошките што паѓаа од трпезата на богатиот, во тоа сакање се крие неговото слободно прифаќање и благодарење што е состојба на внатрешниот човек за  неговта надворешната состојба, па и ангелите го носат во лоното на Авраам, во прегратките на Бога. Благодатта Божја во Лазар се открива и на сета твар, па ете, дури и кучињата ја согледале, та раните негови ги лижеле. Благодатта Божја го преминува Лазар во Бога Утешителот, бидејќи неговото благодарам се воздигнувало како  непрестајна молитва кон Бога, сиромаштвото кое го живеел во Бога го преобразува во ангелско служење кое го вознесува во царството небесно. А, богатиот умре, и го погребаа, едноставно неблагодарноста е спротивна на вознесувањето, и таа влече надолу, во пеколот, не оти тежело богатството кое рековме е дар, туку тежи непокајнието, тежат страстите, оти несмонено е дека нашиот живот во вечноста ќе не одвлече онаму каде што ние овде во овој свет сме го влечеле, или кон царството Божјо или кон пеколот. Богатиот во пеколот има маки, но тоа е само измачување со љубовта, како што вели  свети Исак Сирин, љубов која не ја покажал кон Лазар, како негов ближен, кој струполен лежел покрај вратата негова, и ете, тој веќе не споменува ниту порфир, ниту свила, ниту раскош, ниту веселба, туку го бара наквасениот прст на Лазар да го разлади, бара љубов, ништо друго.

    Гледаме дека во Бога нема неправда, Бог подеднаково ги љуби и двајцата како и сите нас, но нашата состојба или живот во Бога зависи од тоа дали ќе ја возвратиме љубовта, дали ќе благодариме или не. На, крај, богатиот бара со чудо Бог да ги опомене своите браќа по тело, да не го потрошат животот во непокајние како и тој, всушност како што и самите ние неретко бараме сведоштво т.е. чудо од Бога па да поверуваме во Него, а тоа барање е само уште една наша неблагодарност. Но, што вели, Авраам, што вели Христос, не барај чудо, туку љуби го Бога и исполнувајги Неговите заповеди, како што сведочи во Евангелието, Кој Ме љуби, тој ги пази Моите заповеди. Значи, доволен ни е Христос, потребна ни е Неговата милост и љубов, Неговото Евангелие, доволен ни е Богочовекот Кој е исполнување на Законот и Пророците, за да го слушаме, да исполнуваме, да сведочиме т.е. да постапуваме по Неговите зборови дела, Неговото Име постојано да ни биде на нашите усни, нашиот ум вознесен кон Него, за Он да слезе во нашето срце, а Христос вели, каде ви е богатството ваше, таму ќе биде и вашето срце, а ние знаеме дека Христос е нашето богатство во Кого се крстивме и облековме, во Кого имаме сè изобилно и во Кого се веселиме, радувајќи се во неоседувањето и љубовта кон ближниот, но и Христос со Кого се храниме евхаристиски исповедајќи го ангелското служење во доброволно сиромаштво кое е благодарам за тоа дека Го имаме,  и дека ништо свое немаме освен гревот, сè друго освен гревот, е дар за Кого Му служиме во нашиот живот благодарам на Бога, Кој го чисти и гревот и ги исцелува нашите рани од последиците на гревот.

    Бог нека ни дарува постојано покајание, непрестајна молитва и благодарење за небесното Царство откриено во Црквата, во Христос нашиот Бог Кому е слава со Отецот и Светиот Дух. Амин!

Скопје, 1-ви ноември, лето Господово 2015



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1948
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »