логоFacebookTwitterYouTubeeMail

IvicaTodorov

 

 

 

 

 

 

 

Одговара: Презвитер Ивица Тодоров

ПРАШАЊЕ: Би сакал да знам кое е толкувањето на црквата за делот од Новиот завет каде што е дадена параболата за работниците: Едни работеле цел ден, едни помалку, а едни само неколку саати . . . а на крај добле иста награда.

ОДГОВОР: Делот од Новиот завет, за кој се интересира братот Гоце, е позната Христова парабола за работниците во лозјето. Се наоѓа во евангелието според Матеј, 20 глава, од 1 до 16 стих. Во оваа парабола нашиот Господ ни открива многу нешта, но најбитни за нашето спасение се следните:

1. Божјата мерка најчесто е сосем различна од човечката. Затоа Христос вели: Зар немам право да чинам со своето, што сакам? Или ти е окото завидливо (завист - најголем грев, причина за гордоста, кога завидуваме ние нељубовно се споредуваме со другите и секогаш си угодуваме на нашето его - лажно, опрелестено доживување на тоа што сме) оти сум добар? (Матеј. 20, 15)

2. Божјата воља е “сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината (1. Тим. 2, 4), па затоа не е воопшто битно кој во кој период од животот ќе тргне по патот на спасението, дали помлад или повозрасен, Господ на сите им ветува иста награда - спасене и живот вечен во Царството. Само гордиот, завидлив, суетлив егоиста не се радува на доброто и спасението на ближниот, а всушност, односот кон ближните ќе биде показателот за тоа дали ние сме навистина наследници на Царството и спасението или на проклетството . И затоа Христос вели: Така ќе бидат последните први, а првите - последни; зашто мнозина се повикани, а малцина израни. (Матеј. 20, 16) “

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 15, 2021
19042009

Промоција на романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска е храбро соочување на индивидуата

Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани како голема и мала премиса како што пишува за…
Септември 10, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Режисерката Дина Дума за нејзиниот наградуван филм-првенче „Сестри“

Нашата млада режисерка Дина Дума го потврди огромниот подем што го доживува македонската филмска сцена во изминативе неколку години. Дума за својот дебитантски долгометражен филм „Сестри“ неодамна се закити со Специјалната награда на жирито во програмата…

Музејско-ретроспективната изложба на Димче Коцо

Авг 27, 2021 Ликовна уметност 84
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Како основоположник на македонското музеолошко наследство, втемелувач на модерната…

Почна 12-тото издание на МакеДокс

Авг 21, 2021 Филм, Театар 118
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
. Во Музејот на современата уметност ќе се одвива програмата за деца и младинци. Во…

Ликовна колонија во Галичник од 15 до 22 август 2021

Авг 15, 2021 Ликовна уметност 127
Ликовна колонија во Галичник од 15 до 22 август
На годинешната креативна дружба, која одново ќе има хибриден пристап, заради сеуште…