логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Која е најдрагоцената работа на светот?
Времето, затоа што се се случува во временски рамки и секоја човечка активност е раководена од времето.
Човекот може да има храна, облека, раскошен дом, слава, мудрост, може да има се што ќе посака, но доколку нема време-нема ништо.
Која е најлошата работа на светот за човекот?
Губењето на време. Затоа што ако го трошиме залудно времето, ништо не можеме да постигнеме, ништо не можеме да имаме; губејќи го времето ние губиме се. Се губиме и самите себеси. уште едно прашање: Што најмалку ценат луѓето? И која е најнеорганизираната работа на светот, она што најчесто залудно се троши?
Времето. Голем дел на луѓето живеат водени од случајот, живеат според утврдени обичаи, поминуваат ден за ден, година за година, без и малку да се грижат за начинот на кој што ги поминале тие денови, тие години, начинот на кој го проживеале животот.
Понекогаш жалиме затоа што сме изгубиле некои дребулии, но воопшто не не погодува, ниту пак се каеме, кога ќе ги изгубиме најдрагоцените минути од нашето време.
Затоа светиот апостол Павле не предупредува на бескорисното губење на времето и ни  нуди правила со чија што помош можеме мудро да ја распоредиме секоја минута од нашиот живот: „Па така, гледајте, колку внимателно треба да постапувате: не како неразумни, туку како мудри; ползувајте го времето, зашто дните се лукави.“ (Ефес. 5:15-16).
Кога апостолот ќе рече: „внимавајте, ползувајте го времето“, тој сака со тие зборови да не убеди дека со тек на времето се постигнува вистинска среќа, како што со помош на парите се купува се што е потребно за живот; според тоа внимателното користење на времето е многу слично со внимателното користење на парите.
Мудриот човек нема ниедна пара да потроши залудно, туку ќе преброи се што има, и потоа секој денар ке го намени за потребната цел. Ние мораме на ист таков начин да постапуваме и на тој начин да го распоредуваме времето; секој час и секоја минута треба да ни бидат целисходни, секој ден мора да биде исполнет со добри дела за добробит на нашите браќа и за нас самите.
Бог не одредил ниеден момент од нашиот живот за безделничење, неработење или за грешни дела.


Епископ Јеремие, Пустиножител

Подготви: проф. Светлана Димовска

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 206
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 195
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 231
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…