логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

(о.Џон Пек, свештеник при Грчката Православна Црква Св.Ѓорги во Прескот, Аризона)

Секоја година за време на Божикните пости, на своите духовни чеда и парохијани им предложувам еден подвиг за совладување на Светото Писмо, кого јас го нарекувам „Ново-Заветен Предизвик!“.

Впрочем, тоа и не е којзнае каков предизвик, но за некој што никогаш во целост не го прочитал Новиот Завет, ова е погодно време за еден таков обид.

Доколку се започне со читање на 28 Ноември[1] , тогаш треба да се следи 40 дневниот распоред; доколку, пак, се започне со читање на 14 Декември[2] , тогаш треба да се следи 25 дневниот распоред. Независно кој распоред ќе се користи, читањето треба да заврши на Божик. Оваа практика помага целите Божикни пости да се претворат во период на вистински аскетски напор и духовен раст. И сосема е соодветна (по мое мислење), посебно бидејќи терминот „адвент“[3] во основа се однесува на подготвувањето за Второто Христово доаѓање и неговото очекување, а токму на Божик се комплетира читањето на Откровението! Сега некој ќе рече: „Кој ли ќе ја чита половина (или цела) книга на Откровение на Божик? Е, токму за тоа се тука 12-те денови на Божик![4]

Му препорачувам на сиот црковен клир да им ја предложи оваа практика на парохијаните за време на Божикните Пости. Сега е совршено време да се стори тоа!

Па, еве, ви го приложувам „Ново-Заветниот Предизвик“, како едно дело на кое парохијаните можат заедно да работаат и на тој начин да ги одбројуваат деновите на Божикниот Пост, како еден вид на „духовна вежба“ која би ја вршеле со одговорност, или, како еден вид подвиг што би одел паралелно со нивните трудови.


[1] Во оригиналниот текст стои 15 Ноември, но тоа е според новиот календар

[2] Оригинален текст 1 Декември (нов календар)

[3] Терминот „адвент“ има и значење на доаѓање на Спасителот, т.е. раѓање (Христово)

[4] 12 денови на Божиќ (7 Јануари – 19 Јануари) е празничниот период помеѓу прв ден Божиќ и Богојавление. Во текот на овој период, всушност, едно прославување води кон друго, или, се поставува еден мост кој поврзува два прекрасни Господови Празници: Божиќ и Богојавление.

 

(Распоредот е прилагоден според III Македонско издание на Светото Писмо)

Добро е да се проба оваа практика, посебно што имам забележано дека честопати, токму преку неа, луѓе кои со години се обидувале да го прочитаат Новиот Завет за првпат се добро насочени кон остварувањето на таа замисла. Од друга страна, ова придонесува и за градење на пријателства, кога група луѓе читаат заедно, како што е случај за време на нашиот т.н. Час на Другарување кој се одржува секоја недела. При тоа, оние кои се зафатиле со ваквиот подвиг знаат дека не се сами, и имаат повеќе поттик да го запазат временскиот рок одреден на распоредот. Сепак, за мене не е важно дали ќе завршат, иако, се разбира, тоа е целта. За мене е најважно ДА ПОЧНАТ. Или, како што вели една стара Ирска поговорка: „Добро започнатото е половина завршено“.

Превод од Англиски: С.Л

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1238
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1562
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Православен календар

 

18/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Светите маченици Агатопод и Теодул; Преподобен Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная