логоFacebookTwitterYouTubeeMail

o.tadej.jpgКога како искушеник дојдов во манастирот Миљково, ми дадоа бројаница и ме научија како да се молам. И како што ми покажаа, јас така правев. Потполно се предадов на Исусовата молитва. Си мислев: "Имам уште само пет години живот, ајде да не ги потрошам залудно, ајде да го најдам својот пат до Бога. И за кратко време баш поради мојата предаденост на вољата Божја и искрениот копнеж по Бога, ме облеа Боженствената благодат, која во мојата душа создаде некој необјаснет мир и радост. Го слушам срцето и внатре слушам: Господи Исусе Христе Сине Божји помилуј ме грешниот. Се обидувам да се сетам на некои работи и случки од минатото, но не можам; сите мисли почиваат во некој необјаснет мир, а во целото мое битие владее некоја необјаснета радост и копнеж за Бога. Тоа е состојба на Ангели и Светии, состојба на потполна благодат. Само тие кои ја добиле таа бесплатна благодат можат да ја разберат состојбата на Ангелите и на Светите, кои се раководени од Светиот Дух.

Мислев дека сите монаси, свештеници и епископи имаат бесплатна благодат. Кога тоа, човеку, толку години до сега сум поминал со калуѓери и со свештеници, а сум сретнал само еден калуѓер врз кого се забележуваше бесплатната благодат. Само еден калуѓер!   

Кај мирските луѓе кои живеат со семејства сретнав многу повеќе поединци на кои почива бесплатната благодат. Доаѓаше овде кај мене еден Босанец од  Бањалука кој живее во светот и ја практикува Исусовата молитва. Тој има еден свој школски другар кој е семеен човек, има деца, вработен е. Тој негов пријател и не беше нешто посебно побожен, но беше добрица, добра душа. Еден ден тие така си разговараат и овој му предлага:" Зошто ти не би се бавел со Исусовата молитва?". Пријателот зачудено го погледнал и одговорил:"Би сакал, но незнам како". "Јас ќе те научам... " И овој го поучил и му дал бројаници. За кратко време тој негов другар се здоби со бесплатната благодат и ја преобрази својата личност и своето семејство. А овој (другиот) толку време ја практикуваше Исусовата молитва, па ништо....

После извесно време тој човек дојде кај мене и ми зборува: " Не знам, оче, некоја радост ме облеа и некој неискажан мир. Постојано слушам во срцето: " Господе Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот. Знам каков бев, што се мислев, сега веќе нема ништо од тоа во мојата глава. Имав грешни мисли кон женскиот свет, знаев да се налутам и за најмала ситница, а сега, не знам, не можам да се налутам. Не можам да помислам на нешто што не е добро, и кога сакам, не можам. Не знам што се случило со мене. Само се радувам, во целото мое битие владее необјаснет мир, и радост ". Си добил бесплатна благодат, му велам, и ќе ја имаш се дотогаш додека не ја врзеш мислата за некоја овдесветска грижа. А ако го сториш тоа, најпрво веќе нема да ја слушаш молитвата во срцето, а потоа постепено ќе го изгубиш мирот и радоста во душата. Тогаш повторно ќе те мачат мислите од овој свет со кои владеат демонските сили. Ако сакаш да ја зачуваш бесплатната благодат, треба постојано да го молиш Бога со молитвата да ги одбиеш тешките туморни мисли од својот ум и така д го зачуваш тој мир и таа радост кои сега ги чувствуваш....

o.tadej3.jpg

 

„Мир и Радост во Светиот Дух“ -
 Старец Тадеј  Витовнички

Подготви : Сузана Стефановска

Посети:{moshits} 

 

  
Монашкиот пат на Старец Тадеј

Мислениот хаос кај нас и во нашата држава доаѓа од нашите мисли

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 220
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 206
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 248
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…