логоFacebookTwitterYouTubeeMail


      o.Pajsij.Svetogorec.jpgЛуѓето со светско настроение говорат: „ Блазе им на оние кои живеат по вили и ги уживаат сите удобности“. Но навистина блажени се само оние кои успеале да го поедностават својот живот, да се ослободат од јамките на тој светски напредок – многу олеснувања кои во суштина не се ништо друго туку тескоби, и така да се избават од таа морничава напнатост на нашето време . Ако човекот не го поедностави својот живот, ќе се мачи; а ако го поедностави, нема веќе да ја чувствува таа напнатост.
    Некој Германец еднаш на Синај му рекол на едно многу бистро бедуинче:
 -Ти си паметно момче, и можеш да се описмениш.
 -А потоа ?- запрашал овој?
 -Потоа можеш да станеш инжиниер.
 -А потоа?
 -Потоа можеш да отвориш автомеханичарска работилница.
 -А потоа?
 -Па, ќе ја развиеш работата и…
 -А потоа?
 -Ќе вработиш работници, и ќе имаш многу луѓе околу себе.
 -Односно-му вели момчето,- да имам една главоболка, па да и придодадам уште една, а потоа и уште една? Не разбирам; што ми фали сега кога ми е мирна главата?

         Повеќето од главоболки се од таквото размислување: да правиме ова, да правиме она. Кога сите овие мисли би биле насочени кон тоа духовното, човекот би чувствувал духовна утеха, а не главоболка.
        Сега и на мирјаните секогаш им нагласувам – едноставност. Бидејќи многу од тоа што го прават – не е неопходно, па заради тоа ги нагризува напнатоста. Им говорам за едноставноста и подвижништвото. Непрестано опоменувам:„ Ако сакате да се ослободите од напнатоста – поедноставете го животот.“ И многу од разводите на браковите  всушност така и почнува. Работа има многу, луѓето имаат толку обврски, што од сето тоа им се врти во глава. Работат двајцата, и таткото и мајката, а децата дома остануваат сами. Умор, нервоза, - мали проблеми, големи кавги, а потоа автоматски настапува развод; ете, дотаму сме дојдени. Но кога би го поедноставиле својот живот, би биле и одморени и радосни. Оваа напнатост навистина е убиствена!
        Еднаш се најдов во една  раскошна куќа, и додека разговаравме, ми рекоа:
- Живееме како во Рајот, додека другите луѓе оскудеваат.
- Ма, вие живеете во пеколот! – им реков. –Безумниче оваа ноќ…, му рече Бог на богаташот. Кога би ме прашал Христос:„ Каде сакаш да те сместам? Во затвор или во една куќа како оваа“, јас би му одговорил: „ Во еден мрачен затвор.“ Бидејќи затворот би ми помогнал. Би ме подсетувал на Христос, на светите маченици, би ме подсетувал на подвижниците кои живееле по пештерите, би ме подсетувал на монашкиот живот. Затвотот помалку би наликувал на мојата ќелија, и тоа би ме радувало. А ова вашево, на што би ме подсетувало и во што би ми помогнало? Затоа затворот повеќе ме исполнува, не само од еден светски салон, туку и од една убава монашка ќелија. Илјада пати порадо би бил во затвор, отколку во една таква куќа.
        Кога бев во Атина на гости кај еден свој пријател, ме замоли да примам еден човек пред да се зазори, бидејки во друго време не можел да дојде. Дојде радосен и непрестано го прославуваше Бога. Беше многу смирен и едноставен, и бараше од мене да се молам за неговото семејство. Овој брат беше на возраст околу триесет и осум години, и имаше седум деца. Брачен пар, неговите родители, седум деца – вкупно единаесет души. Сите живееја во една соба. Ми рече , со својствената за него едноставност: „ Кога стоиме , се може некако, кога ќе легнеме не не собира во собата; малку е тесно. Слава му на Бога, сега  изградивме една шупа како кујна, и веќе е подобро. Оче мој, ние имаме кров над глава, а има луѓе кои живеат под ведро небо.“    
      Неговата работа беше пеглање. Живееше во Атина. Од дома излегуваше уште пред да зазори, како навреме би стасал во Пиреј, каде што работеше. Од стоење и многу прекувремена рабоа, на нозете имаше проширени вени што му сметаше, но неговата голема љубов кон семејството правеше да заборави на болките  и на своите здравствени проблеми. Освен тоа, непрестано се прекоруваше самиот себеси, говорејќи како тој нема во себе љубов, бидејќи како христијанин не прави никакви добри дела. Ја фалеше својата жена како онаа  која покрај децата и своите родители за кои се грижеше, одела и кај старите луѓе од соседството, ги земала нивните алишта, ги перела, им ги средувала куќите и им готвела супи. На лицето на овој добар семеен човек беше изобразена благодатта Божја. Во себе го имаше Христос и изобилство од радост, а неговата соба беше исполнета со рајско ликување. Луѓето кои во себе го немаат Христос, полни се со напнатост; и само две такви личности не можат да се сместат ни во единаесет соби. А оние единаесет луѓе со Христос во себе, се сместија во една собичка…
  ( Продолжува)

Извадок од: „Поедноставете го својот живот за да отстапи напнатоста“
Подготви: Сузана Стефановска

Друго:

 Старец Паисиј Светогорец- Да се живее со вратоломна брзина е прав пекол

Старец Паисиј Светогорец - Светската среќа раѓа светска напнатост

 

Посети:{moshits}

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 220
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 206
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 248
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…