логоFacebookTwitterYouTubeeMail



Париз 07. 08. 2009
 
Секој е сам пред вечноста
 
 
Моето убедување е трагично… дека вистината, и сите вредности се релативни. Тоа убедување делува сугестивно токму сегавремено бидејќи е срушен стариот поредок на вредности, избришани се разликите меѓу моралното и неморалното, праведното и неправедното; денес основите на кои почива светот се доведени во прашање и се станува проблематично, необјасниво и произволно, како сиот свет да живее во содржината – “така е! (ако така ви се чини)”.
                                                                                                               
Фикција наместо реалност, реалност наместо фикција, насекаде стојат патници и осаменици, фатени во мрежата, како од своите, така и од туѓите измислености и за нив засекогаш одвоени од објективното познавање.
 
Луѓето како да живеат во убедување дека не постоиме по себеси, дека ние сме само субјективна претстава на другите, илузија која другите за нас ја создаваат, која не оптеретува и од која залудно сакаме да се истресеме. Според тоа, не го живееме својот живот кој навистина е наш - не сме слободни. Лажната слика на другите за нас ја загрозува нашата слобода, ни го напаѓа интегритетот. Ние сме заробеници на оние кои не набљудуваат – ним им припаѓаме. Во таа смисла – другите се наш пекол. А вистината е дека секој е сам пред вечноста.
 
Човекот со другите не може да реагира слободно, не може да ја реализира слободата бидејќи мора своите постапки да ги совпадне со нивните. Денешниот човек сакајќи да ја игнорира кобноста - “другите”, поточно, да ја игнорира објективната позадина на која се развива неговото постоење, живее во тотална осаменост, “позади затворени врати”. Настојувајќи да го одбрани интегритетот на својата личност се затвора во малите рамки на својот дом. Неговиот живот тече меѓу ентериери, со вештачка светлина, во загушлива атмосфера.
 
Напор е да се живее меѓу “другите” бидејќи за да останеме покрај нив принудени сме да бидеме онакви какви што не сакаат, своето вистинско “јас” непрестајно да го сообразуваме со претставите кои тие ги создале за нас, да и  служиме на нивната илузија. Светот ќе ни го остави мирот откако ќе се сместиме во калапите, кога ќе станеме “луѓе во футрола” кога на себеси ќе ја залепеме етикетата која ја испишуваат “другите”, па колку и да не и  соодветствува на нашата суштина… и тогаш стануваме само “голи маски”.
 
И така, човекот никогаш не го покажува вистинското лице пред другите. Тој пред нив излегува со маската која мора да ја сообрази со нивната фикција. “Карактерните” се присилени да се “облекуваат” до смртта.
 
Верувам дека барем пред смртта секој ќе ја побара својата слобода бидејќи тогаш маските се одвишни. Маските им се потребни само на живите кои се обидуваат со нив да ја помогнат приликата на решавањето на трагичната антитеза помеѓу променливоста на животните ситуации и окостувањето на со сила наметнатите “догми”, односно во прилика на решавањето на антитезата меѓу движењето и формата.
 
Смртта на природен начин ја решава таа антитеза бидејќи неа и е својствен мирот. Во мирот на смртта човечкиот лик се скаменува за вечни времиња и во тоа нема ништо неприродно. Но затоа животот, ако навистина е живот, не може да се скамене, оформи, еднаш засекогаш да се дефинира. Животот доаѓа до израз само низ движење, низ менување. Човекот живее само дотогаш додека неговата личност се развива, додека се менува неговата содржина преобразувајќи се. Секој миг во животот претставува нешто ново, нешто непредвидливо, нешто своевидно. Животот со секое вдишување создава нешто, секој издишување е нешто што минатиот миг не беше. Животот е ветер, животот е море, животот е оган, животот не е земја која се зацврстува и лесно се формира. Секое формирање е смрт.
 
Живото битие е подвижно, немирно, нестално, променливо, па затоа и многузначно. Личноста истовремено е една, ниедна и сто илјади. Реалноста на човечкото “јас” е несфатлива, неповторлива, неодредлива. Затоа е свирепа судбината на оној кој се согласува да му одредат место во светот, да го заглават во калап.
 
Кога човекот ќе дозволи да го зароби формата, кога ќе ја прифати својата улога, кога ќе стане “некој”, времето престанува да го менува и тој се претвора во жив мртовец фатен во замката која значи смрт, се одвојува од немирните, незавидните нешта на животот. Таквиот поединец влегува во шема, дефиниран го наоѓа своето место под сонцето, станува личност со која се манипулира, се скаменува за вечни времиња под непроменлива маска.
 
Трагичната и грандиозна спротивност на животот: нескладот помеѓу двата плана на свеста, надворешниот кој значи форма и внатрешниот кој значи содржина и движење. Бегство од светот на конструкциите, во кое е услов – реалност која е непроменлива, ослободување од ропството на наметнатата форма и брзањето за движење.
 
Познавав еден уметник кој очајуваше што не можеше да се промени, што неговата судбина е одлучена, неотповикливо испишана на страниците во свеста на “другите”, што засекогаш ќе остане “некој”. Очајувањето на тој човек е оправдано бидејќи целта на уметноста и нејзиното главно својство е токму тоа да овековечува што значи да умртвува, да го фиксира флуидниот животен момент.
 
Човекот чувствува неодолива потреба да излезе од својот застален лик, да ја тргне маската и да се види себеси како друг човек. Затоа човештвото од ден во ден се дотерува, се украсува, ја бои косата на друг начин. Оваа чудна игра со преобразување на ликот потсетува на играта на глумците затоа што глумецот поседува вештина барем за миг да побегне од себеси и да биде друг. Но, под маската човекот во битот останува непроменет. Бегајќи од себеси, менувајќи се однадвор значи небегање воопшто, подобро кажано – привидно бегање.

Михаила Поповска

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 220
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 206
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 248
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…