Како просветлен Првојерарх на Великата Христова Црква, Вие храбро и трпеливо го понесовте крстот да бидете, според зборовите на Господ Исус Христос, „прв во служење на другите“ (Сп. Мк. 9, 35) и достојно одговоривте на својот историски призив. На тој начин се уподобивте на своите славни претходници, големите патријарси на Константинополскиот престол.
После повеќе од 200 години од смртта на великиот македонски книжевник Јоаким Крчовски, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прибројување на Крчовски во диптихот на светиите.
На 22 овој месец во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ ќе биде извршена свечена канонизација на Јоаким Крчовски.
Светиот и Свештен Синод, кој заседаваше денес, понеделник, 9 мај 2022 година, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, исцрпно дискутираше за црковниот проблем во Скопје и, оценувајќи го во конечна фаза апелациското прибегнување (еклитон) на тамошната Црква до Мајката Црква, како и повторените повици од државата на Северна Македонија, го одлучи следново:
На 6.5.2022 година, ден кога Црквата гo прославува светиот вмч. Георгиј Победоносец – Ѓурѓовден, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан отслужи Света Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир.
На Литургијата во протојерејски чин беше ракопроизведен јерејот Аљоша Куруноски.
Претседателот на националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети – ИКОНОМОС, Кристина Бицева, на денешната презентација на проектот што се одржа во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези, истакна дека државава е исклучително богата со културно наследство, но како што рече, најпрепознатливо, највредно и најбројно е токму .
Имено, иако борците за слобода со своите идеи им припаѓаат на сите слободољубиви луѓе и народи, иако светителите се почитувани и славени од сите богољупци, сепак, тие по својата национална припадност му припаѓаат само на еден народ. Затоа, и свети Климент и Гоце, поради нивните богоугодни и човекољубиви дела, можат да бидат почитувани и од други, но не можат да се делат со други!
Од денес, 3.5.2022 до 9.5.2022 година, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија.
Во вториот дел, продолжение на месец Декември, се содржани светителите кои се празнуваат од 10 до 20ти ден во месецот, нивно пролошко житие, икона на светителот, тропар на македонски, со превод на црковнословеснки и англиски јазик, приложени на западни нотни и источни неумски партитури.
На 21.04.2022 година во навечерието на Велики петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Утрена богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.
На 21.04.2022 г., во предвечерието на Велики Петок,
ги спомнуваме спасителните страдања
на Спасителот наш Господ Исус Христос