логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Собирањето на подароците беше организирано од Здружението на луѓе со пречки од селото Горбачевка, во околината на Киев, кое вклучува 1457 луѓе со пречки, 115 деца со пречки, како и 42 деца со родители со пречки. Повеќето од нив не се во состојба да присуствуваат на хуманитарните настани, па затоа членовите на Здружението ги посетуваат дома.

Моќен и слаткоречив беседник за тајната на овој ден, поточно за таинствената личност на денешниот славеник, беше некогашниот светогорски собрат на нашиот Старец, Епископот Климент, кој со зборови натопени од искуство говореше за „чудесниот плод на јудејската пустина“. Притоа, игуменот зрзески го круниса своето вдахновено слово со чудотворството на Свети Јован во Македонија, карактеризирајќи ја Бигорската Обител како негов плод.

Чистото срце е слично на добра обработена плодна земја која донесува разновидни и обилни плодови. Чистото срце раѓа кротост, смиреност и милосрдие. Во бистра вода се огледува и небото и сонцето, и таа ги освежува жедните и ја гасне телесната жед. Човечкото срце е слично на бистрата вода. Го отсликува духовното небо и духовното сонце и во него се огледува Божјата кротост, сјај и величие. Во чисто срце се отсликува светоста Божја. Вистинска светлина која го осветлува секој човек. Чистото срце е слично на оган, па како што огнот го чисти за'рѓаниот метал, така и чистото срце го изгорува гревот во себе.

Sample ImageНа празникот на Свети Наум - чудотворец Охридски, во параклисот посветен на овој светител во Велес, се отслужи Архиерејска Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Присутните верници молитвено му се поклонија на големиот семакедонски светител, а потоа се причестија со Светите Христови дарови.

На 03.07.2019 година, кога Црквата го прославува споменот на преподобен Наум Охридски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

imageНа 03.07.2019 година, на празникот  „Св. Наум Охридски Чудотворец“ во манастирот посветен на денешниот славеник на Попова Шапка, Надлежниот епархиски архиереј  Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф во сослужение со Митрополитот Европски г. Пимен,  богослужеа Света Златоустова литургија.  Литургијата со своето пеење ја збогати хорот „Менада“ од Тетово под раководство на проф. д-р  Ивица Зорич. По литургијата беа благословени кумските лебови. Манастирскиот одбор како и секогаш со многу љубов и внимание за сите присутни приреди трпеза на љубовта.

Неодамна, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, од печат излезе книгата за деца „Светилници на светот: за македонските светители“, втората книга за деца од оваа едиција, во издание на манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
Книгата ја подготви Катерина Божинова, дипл. теолог и професор специјалист по религиско образование, а илустрациите за книгата ги изработија децата од училиштата во Струмица под нејзино менторство.

Овој пламенен дух што сите ние, верници христијани, Го примаме во Света Тајна Крштение, е запечатен со свети печати на Света Тајна Миропомазание, ставени врз главните делови на нашето тело, според одредбите на Црквата, бидејќи од тој момент нашето тело станува дарохранилница на благодатта за вечност... Оваа крштенска благодат е толку голема, овој извор на живот е толку неопходен за човекот,...

Учениците Христови во присуството на Христос се насладуваа со неискажливи блага и за време на општењето со Него беа во голема благосостојба... Заради тоа, Он дозволи за кратко време да бидат лишени од силата која што им содејствуваше, за останувајќи без неа да разберат колку многу добрини им причинуваше Неговото присуство, и откако ќе го почувствуваат значењето на претходните добра, со уште поголема ревност да го примат и дарот на Утешителот.

Светиот Дух се јави во вид на „огнени јазици“, одвоени едни од други кои застанаа врз секого од присутните, врз секој член на Телото Христово... Светиот Дух им се дава на личностите, одбележувајќи го секој член на Црквата со печат на личен и единствен однос со Света Троица, при што Он станува присутен во секоја личност. Како? Тоа останува тајна – тајната на кенозисот на Светиот Дух, Кој доаѓа во светот...

Eдиниoт и Сeвишниoт Бoг, да ја пoкажe Свoјата сила прeку видливата твар. Така, Oн ја пoкажува Свoјата сила и прeку икoнитe. Тoа e Нeгoва свeта вoлја а наша пoлза за спасeниeтo. Акo икoнитe сe малку значајна рабoта или дури и идoлска, зарeм мнoгумина oд најсвeтитe и најдухoвнитe луѓe и жeни, вo истoријата на црквата, би пoстрадалe за икoнитe дo смрт?

 „Акo нeкoј би мoжeл да ги пoгoди ситe чoвeчки мисли и да ги прoрeчe ситe судбини чoвeчки, и да ја oбјави сeкoја тајна штo зeмјата ја криe вo свoитe длабoчини, а нeма страв oд Бoга, нeгoвoтo знаeњe e какo истурeнo млeкo вo нeкoј нeчист сад oд кoј цeлoтo млeкo сe расипува. И на нeгoвиoт смртeн час, нeгoвата мудрoст нeма да свeти ни кoлку дoгoрчe бeз пламeн, туку смртната нoќ ќe му ја направи уштe пoтeмна.“

zadusnica

Спасителу, Кој со Твојата крв ги искупи луѓето, и со Твојата смрт нè избави од горчливата смрт, и со Твоето Воскресение ни даваш живот вечен, упокој ги, Господи, сите кои починале благочестиво, или во пустините, или во градовите, или во море, или на земја, или во секое место: цареви и свештеници, архијереи, монаси, искушеници, отци, браќа и сестри наши, од секоја возраст и род, и удостој ги за Твоето Царство небесно !

На 13 јуни 2019 година, во Македонската православна богословија (МПБ) „Св. Климент Охридски“, во Драчево, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ – ОА, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф беа поделени сведителствата и дипломи на 51-генерација успешно завршени матуранти –богослови.

На 09.06.2019 година, во седмата недела по Пасха (Недела на Светите Отци од првиот Вселенски Собор), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

svvarlaam2019 1„На Охрид си пофалба, на Велес си украс, на мачениците слава и епископска пофалба, Варлааме, богомудар оче наш и на Христа страдалнику, се венец нетлен се овенча и во висините заблеска. Слава Му на Оној Кој ти даде крепост, слава Му на Оној Кој те овенча, слава Му на Оној Кој преку тебе точи исцеленија“ (тропар на св. Варлаам Охридски).

Новост, или вест, за наоѓањето на телото на убиениот Варлаам , архиепископот Охридски, во градот Велес, кој пострада за Вистината и кој беше фрлен во реката Вардар; како беше најден и како беше пренесено до Охрид неговото преблажено тело, и кој сега иако меѓу мртвите, пак е помеѓу живите, прави чудеса, ја проповеда тајната на Воскресението и надежта во идниот век, а светот и владетелот на светот – ѓаволот го изобличува и на крајот го посрамотува.

Не барајте ништо друго од Господ на славата освен да биде милостив спрема вас. Барајќи ја таа милост барајте ја со смирено срце, со умиление, и од утро до вечер повикувајте, а ако е возможно правете го тоа и во текот на целата ноќ: ’Господи Исусе Христе. помилуј ме!’, и присилувајте го вашиот ум да го прави ова сè до часот на вашата смрт.

Од пред неколку месеци, со благослов на Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан,  секој ден од 8 до 9 часот во Соброниот храм, во Скопје, се служи Божествена Литургија, а во неделите Литургијата е од 9 часот.

  Тeлeснoтo здравјe e, нeсoмнeнo, дар Бoжји. Нo тeлeснoтo здравјe никакo нe e најгoлeмo бoгатствo на свeтoт, какo штo мнoгумина гoвoрат и пишуваат. Бидeјќи, билo каквo да e тeлeснoтo здравјe, тoа e минливo, а oна штo e минливo нe мoжe да сe нарeчe најгoлeмo бoгатствo за чoвeкoт. Нeминливитe врeднoсти сe пoдрагoцeни oд минливитe какo штo e вeчнoста пoдрагoцeна oд врeмeтo.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »